Lesson 6Откако Медо-Персискиот цар Дариј, го освоил Вавилон, тој ги егзекутирал сите вавилонски владини функционери, освен еден. Тој среќник бил Даниел, слуга на вистинскиот Бог. Седумдесет години порано, тој како заробеник бил однесен од Јуда во Вавилон каде што успеал да дојде до самата царска палата и да служи како советник на вавилонските цареви. Низ целото царство Даниел станал познат како оној кој има „вонреден дух“. Даниел 5:12 6:3.
Царот Дариј не само што му го поштедил животот на Даниел, туку „ мислеше да го постави над целото царство“. Даниел 6:3. Кога медо-персиските функционери дознале дека царот има намера да постави стар Евреин, па уште и заробеник како нивен раководител, кај нив се јавила љубомора и омраза. Така тие подготвиле заговор за да го наговорат Дариј да потпише закон според кој секој кој што во наредните 30 дена би се молел на било каков бог или човек освен на царот да биде фрлен во лавовска јама (Даниел 6:7). Очигледно овие луѓе знаеле дека Даниел бил непоколеблив во својот молитвен живот и цврсто посветен да му биде послушен на законот на својот Бог, кој пак забранува служење на други богови (Излез 20:3).
Како што и очекувале, тие го фатиле Даниел како му се моли на Господа покрај својот отворен прозорец. Кога царот Дариј открил дека бил измамен и дека неговиот стар пријател треба да заврши во лавовската јама, се обидел на секој можен начин да го избави Даниел од глупавиот закон што самиот го потпишал. Но законот не можел да биде сменет. Даниел се нашол во лавовската јама, а Господ ја наградил неговата вера испраќајќи му ангел за да им ги затвори устите на лавовите (Даниел 6:22).
Пророштвото ни кажува дека во последните денови, Божјите луѓе ќе мора да донесат слични одлуки, на кој цар ќе му служат и чиј закон ќе почитуваат.
1. Дали Божјиот морален Закон би можел да се корегира или укине?
_____ Одговор
Забелешка: Божјиот морален Закон не може да се корегира или укине во никаков случај. Тој е вечен исто како и самиот Бог. Три пати во Библијата, земски цареви (Ирод, Асвир и Дариј) поставиле закони кои подоцна сакале да ги променат, но без успех. Ако законите на слабите, колебливи цареви биле непроменливи, како тогаш некој може да помисли дека вечниот Божји Закон - запишан на камен со Негов прст - може да се промени? Погледнете ја следнава споредба помеѓу Бога и Неговиот Закон.
Карактеристики: | Бог е: | Законот е: |
ДОБАР | Лука 18:19 | Римјаните 7:12 |
СВЕТ | Исаија 5:16 | Римјаните 7:12 |
ПРАВЕДЕН | Второзаконие32:4 | Римјаните 7:12 |
СОВРШЕН | Maтеј 5:48 | Псалм 19:7 |
ЉУБОВ | 1 Joваново 4:8 | Римјаните 13:10 |
ПРАВЕДЕН | Излез 9:27 | Псалм 19:9 |
ВИСТИНИТ | Второзаконие 32:4 | Псалм 119:142,151 |
ЧИСТ | 1 Joваново 3:3 | Псалм 19:8 |
ДУХОВЕН | Joван 4:24 | Римјаните 7:14 |
НЕПРОМЕНЛИВ | Maлахија 3:6 | Maтеј 5:18 |
ВЕЧЕН | Битие 21:33 | Псалм 111:7,8 |
Божјиот Закон не може да се менува, бидејќи е препис на Неговиот карактер. Славните зборови во Библијата што го опишуваат Бога исто така го опишуваат и Неговиот Закон. Божјиот Закон е Неговиот карактер - описно претставен. Ништо повеќе не е можно да се промени Божјиот Закон колку што е можно да се промени сам Господ.2. Што е гревот според Библијата?
_____ Одговор
Забелешка: Ѓаволот го мрази Законот затоа што нè осведочува дека ни е потребен Спасител што ќе нè спаси од гревот. Во Римјаните 4:15 стои запишано: „ Каде нема Закон нема ни престапување!“ Законот никого не може да спаси, но ни го покажува Божјото совршенство наспроти нашето несовршенство.3. На кој закон се мисли во 1 Јованово 3:4?
_____ Одговор
Забелешка: Божјиот морален Закон (Десетте заповеди) е тој кој вели: „Не пожелувај!“ Значи кршењето на Божјиот морален Закон, што Господ го напиша со Својот прст (Излез 31:18; 32:16), е грев. Секој грев што ќе биде направен од било кого е осуден барем од една од Десетте заповеди. Затоа Божјиот Закон е „широк“ (Псалм 119:96) и „совршен“ (Псалм 19:7). Опфаќа бувално „сè што е за човекот“ Проповедник 12:13. Кога сме свесни за нашиот грев, тогаш бараме Спасител. Затоа ѓаволот посебно го мрази Законот, бидејќи тој не води кај Исуса Кој може да ни прости и да нè спаси.4. Дали Исус ги држел Десетте заповеди?
_____ Одговор
Забелешка: Исус навистина ги држел Десетте заповеди како пример за нас (1 Петрово 2:21).5. Колкумина погрешиле?
_____ Одговор
6. Што е казната за грев?
_____ Одговор
Забелешка: Доколку Божјиот Закон би можел да се промени, тогаш не би било неопходно Исус да умре на крстот. Фактот дека Исус ја плати казната за гревот и умре е доказ дека Законот е непроменлив.7. Некои велат дека Десетте заповеди не се обврзувачки за христијаните во Новиот завет. Што вели Исус за ова?
_____ Одговор
Забелешка: Новиот завет јасно учи дека Божјиот народ ќе ги пази Неговите заповеди. Секој од нас знае дека светот денес се наоѓа во голема неволја затоа што толку многу луѓе сметаат дека не е повеќе важно да се држи Божјиот Закон. Библијата кога зборува за нашето време вели: „О Господи, време е да дејствуваш: зашто го нарушија Твојот Закон.“ Псалм 119:126.8. Како е можно да се држат заповедите?
_____ Одговор
Забелешка: Кога личноста се раѓа наново, Исус Христос, преку Својот Свети Дух, се вселува во нејзиниот живот и на чуден начин ја оспособува да може да биде послушна.9. Што е Стариот завет и зошто не успеал?
_____ Одговор
Забелешка: Недостатокот на Стариот Завет бил всушност во луѓето, а не кај Бога или во Неговиот Закон.
Псалм 19:7 Господовиот Закон е совршен - ја крепи душата; Господовото сведоштво е верно - му дава мудрост на неукиот.10. Врз кој закон е заснован Новиот завет?
_____ Одговор
Забелешка: Двата завета биле спогодби помеѓу Бога и Неговиот народ. Стариот завет не успеал бидејќи се засновал на слабите и грешни човечки ветувања и дела.
Излез 24:7 Ќе вршиме и ќе послушаме сè што рече Господ.
Новиот завет е успешен затоа што Божјиот Закон се врежува во срцата на луѓето и се заснова на Исусовите ветувања и Неговата чудотворна сила.
Евреите 8:10 Ќе ги вложам Своите закони во нивниот ум, и ќе ги напишам во нивните срца.
Се менува целокупната природа на личноста, така што таа наоѓа задоволство во творењето на Божјата волја. Забележете дека Новиот завет се заснова на истиот закон, само што тој е запишан на друго место (во срцето) и е заснован на подобри ветувања (Божји).11. Дали живеењето под благодатта (милоста), со вера, го прави Божјиот Закон неважен?
_____ Одговор
Забелешка: Оние на кои Исус им простил за кршење на Неговиот Закон имаат двојно поголема одговорност да го почитуваат Законот. Откако ќе ја почувствуваат Неговата блажена прошка, имаат и уште поголема желба од другите радосно да го следат Христа.12. Дали луѓето се спасуваат со држење на Законот?
_____ Одговор
Забелешка: Никој не се спасува со држење на Законот. Сите се спасуваат според чудотворната Божја благодат. Но оние кои се спасени, или обновени, со Христовата милост ќе сакаат да го почитуваат Неговиот Закон како израз на нивната љубов и благодарност кон Него.
Joван 14:15 Ако Ме љубите, држете ги Моите заповеди.13. Што ја мотивира личноста да го држи Божјиот Закон?
_____ Одговор
Забелешка: Љубовта е прекрасна мотивирачка сила. Првите четири заповеди се однесуваат на мојата обврска кон Бога. Ако Го сакам Бога, држењето на тие заповеди е вистинско задоволство. Последните шест заповеди ја опфаќаат мојата обврска кон ближните. Ако вистински ги сакам луѓето, јас нема да сакам да сторам било што, што би ги повредило.14. Можам ли да бидам вистински христијанин без држење на Неговите заповеди?
_____ Одговор
15. Дали некои од старозаветните закони не се повеќе обврзувачки за христијаните?
_____ Одговор
Забелешка: Да, одредбите кои го регулирале свештенството и жртвениот систем биле укинати затоа што биле претслика за Исуса (Колосјаните 2:13-17). Тој ги исполнил како вистинско Јагне Божјо.16. Кого ѓаволот посебно мрази?
_____ Одговор
Забелешка: Сатаната ја мрази и е гневен на Божјата црква на последокот, која ги пази Божјите заповеди и ги учи луѓето дека постои божествена сила која може грешникот да го трансформира во светец.17. Кои се некои од славните награди кои се добиваат како резултат на држење на Законот?
_____ Одговор
Забелешка: Среќа, радост, мир, и преизобилен живот добиваат оние кои го држат Божјиот Закон. Не случајно Давид вели дека Божјите заповеди се попосакувани и од златото (Псалм 19:10).18. Дали сакаш да имаш тесна заедница со Исуса која ќе допринесе и ти да бидеш едно од Неговите радосни и послушни деца?
_____ Одговор