Get the daily devotional to your inbox
Looks good!
Please enter a valid email address.
Looks good!
Please confirm your email address.

Над толпата

Над толпатаLesson 24

Introduction
Петар го сакал Исуса, но го сакал и одобрувањето од толпата. За време на последната вечера кога Исус ги предупредил апостолите дека сите ќе се одречат од Него, Петар скокнал на нозе и дал избрзано ветување дека дури и сите да згрешат, тој никогаш нема да се одрече од Него. Исус на ова му одговорил: „Вистина ти велам, уште ноќеска трипати ќе се одречеш од Мене, пред да пропее петел.” Стих 34.

Петар добро мислел, но не можел да ја препознае гордоста во сопственото срце. Подоцна истата таа вечер кога толпата дошла да го уапси Исуса, пред очите на сите Петар го извлекол мечот во одбрана на Својот Учител. Но само неколку часа подоцна за време на Исусовото судење, додека Петар бил исмеван од Исусовите непријатели, три пати одрекол дека воопшто Го познавал. Секој нареден пат Петар станувал сè поодважен, за да на крајот се одрече од Него заколнувајќи и проколнувајќи се (стих 74).

Потоа запеал петелот. Во истиот миг додека Исус се наоѓал во судскиот хол, и бил постојано удиран од стражарите, Петар забележал како Исус се свртел и го погледнал со љубов и сочувство.Тоа го скршило неговото срце. „... и Петар се сети на Господовите зборови, што му ги рече: Пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене! И Петар штом излезе надвор заплака горко.“ Лука 22:61, 62.

Од тој ден па понатаму, Петар бил поинаков човек. Тој повеќе не живеел за да и угодува на толпата, туку беше одлучен да му удоволи само на Бога. По неговото обратување, кога бил изведен пред еврејскиот Синедрион, откако му се заканиле дека ќе биде тепан доколку продолжи да проповеда за Христа, Петар бестрашно одговорил: „Треба да Го слушаме Бога повеќе, отколку луѓето.“ Дела 5:29. Петар засекогаш ја докажал својата верност и љубов кон Исуса кога избрал подобро да биде распнат од римскиот император Нерон со главата надолу отколку повторно да се откаже од својот Господ.
1. Како одредува Господ дали сме или не сме на Негова страна?

1. Како одредува Господ дали сме или не сме на Негова страна?

_____   Одговор
Забелешка:   Ова е едноставен принцип, нашата верност се одредува според тоа кого слушаме. Ако кажеме дека сме Божји слуги а ги слушаме наредбите на ѓаволот или на светот, тогаш се мамиме себеси.

2. Кога Божјите заповеди се во конфликт со човечките, кого треба да послушаме според Петар?

2. Кога Божјите заповеди се во конфликт со човечките, кого треба да послушаме според Петар?

_____   Одговор
Забелешка:   Откако Петар се обратил и се вљубил во Исуса, тој му кажал на еврејскиот совет дека повеќе ќе го слуша Бога. Ние веќе научивме дека законите на ѕверот и на светот ќе се судрат со Божјите закони. Денес, мораме да одлучиме да ги послушаме Божјите заповеди - без оглед на последиците.

3. Како најдобро ја покажуваме љубовта кон Бога?

3. Како најдобро ја покажуваме љубовта кон Бога?

_____   Одговор
Забелешка:   Најдобра демонстрација на нечија љубов кон Исуса е да се твори Неговата волја, а Божјиот Закон е најсовршениот израз на Неговата волја (Псалм 40:8).

4. Според Исуса, зошто лицемерите изгледале религиозно?

4. Според Исуса, зошто лицемерите изгледале религиозно?

_____   Одговор
Забелешка:   Библијата ни вели дека: „човекот гледа на лице, а Господ гледа што е во срцето.“ 1 Самуил 16:7. Вистинскиот христијанин ќе бидат повеќе загрижен за тоа што Бог мисли за него, а не луѓето.

5. Дали обично е сигурно да се следи мноштвото?

5. Дали обично е сигурно да се следи мноштвото?

_____   Одговор
Забелешка:   Историјата се чини укажува дека мноштвото скоро секогаш донесувало погрешни одлуки. Мноштвото сакало да го каменува Мојсеја и да се врати назад во ропство во Египет (Броеви 14:4-10). Мноштвото извикувало: „Распнете го, распнете го!“ Лука 23:21. И повторно мноштвото ќе го прими жигот на ѕверот во последните денови (Откровение 13:16).

6. Како се чувствува Исус кога човечките преданија ги сметаме за поважни од Божјите заповеди?

6. Како се чувствува Исус кога човечките преданија ги сметаме за поважни од Божјите заповеди?

_____   Одговор
7. Дали вистинското христијанство ќе биде популарно во последните дни?

7. Дали вистинското христијанство ќе биде популарно во последните дни?

_____   Одговор
Забелешка:   Во последните дни, сатаната заедно со своите следбеници ќе поведе сеопфатна војна против Божјите вистински, библиски верници.

8. Дали е можно да му служите и на Бога и на мноштвото?

8. Дали е можно да му служите и на Бога и на мноштвото?

_____   Одговор
Забелешка:   Во оваа битка помеѓу Христа и сатаната, не постои неутрална територија. Не е можно да бидеме само набљудувачи. Ако не соработуваме со Исуса, ние всушност му помагаме на ѓаволот.

9. Дали е сигурно да го сакаш пријателот или членот од семејството повеќе од Исуса?

9. Дали е сигурно да го сакаш пријателот или членот од семејството повеќе од Исуса?

_____   Одговор
Забелешка:   Исус овде укажува на фактот дека најдобриот начин да се допре до нашите мили и тие да се спасат е ако Тој е на прво место во нашите животи. Секогаш се случува трагична грешка кога ги ставаме на прво место нашите природни чувства кон некој од семејството или кон пријател пред нашата прва должност што треба да ја имаме кон нашиот Спасител и Создател.

10. Дали е мудро напредокот во кариерата или земските богатства да се ставаат пред Исуса?

10. Дали е мудро напредокот во кариерата или земските богатства да се ставаат пред Исуса?

_____   Одговор
Забелешка:   Верувањето дека среќата и сигурноста доаѓаат од доброто работно место и убавите нешта е опасна измама. Напротив, Исус вели: „Полесно и е на камилата да помине низ иглени уши, отколку богат да влезе во Божјото Царство!“ Марко 10:25

11. Дали е сигурно да продолжиме да не ја вржиме Божјата волја откако Тој ни ја покажал вистината?

11. Дали е сигурно да продолжиме да не ја вржиме Божјата волја откако Тој ни ја покажал вистината?

_____   Одговор
12. Што ќе се случи со таквите кои упорно ја одбиваат вистината?

12. Што ќе се случи со таквите кои упорно ја одбиваат вистината?

_____   Одговор
Забелешка:   Библијата нè учи дека Исус е вистината (Јован 14:6). Да се прифати или отфрли вистината во било кој начин е да се прифати или отфрли Исус.

13. Дали оние кои ќе го прогонуваат Божјиот народ во последните дни ќе веруваат дека со тоа го прават вистинското нешто?

13. Дали оние кои ќе го прогонуваат Божјиот народ во последните дни ќе веруваат дека со тоа го прават вистинското нешто?

_____   Одговор
14. Како Петар ги опишува таквите кои ја запознале вистината но одбиваат да ја следат?

14. Како Петар ги опишува таквите кои ја запознале вистината но одбиваат да ја следат?

_____   Одговор
15. Дали да се следи Исус подразбира извесна борба и самооткажување?

15. Дали да се следи Исус подразбира извесна борба и самооткажување?

_____   Одговор
16. Дали е безбедно да се одолговлекува или одложува со одлуката да се следи Исус?

16. Дали е безбедно да се одолговлекува или одложува со одлуката да се следи Исус?

_____   Одговор
Забелешка:   Најдобро време да се послуша Божјиот глас е тогаш кога го слушате, и најдобро време да се твори Божјата волја е тогаш кога Тој ви ја покажува Својата волја. Популарната стапица на сатаната е да ги мами луѓето со помислата дека има доволно време за да се донесе одлука. Ѓаволот знае дека осведочувачкиот глас на Божјиот Дух ќе стивне доколку се занемари. Многу милиони ќе бидат изгубени кои искрено планирале да тргнат по Исуса некој ден во иднина, но „тој ден“ никогаш не дошол.

17. Кои придобивки се добиваат доколку одлучите да ја прифатите и следите вистината?

17. Кои придобивки се добиваат доколку одлучите да ја прифатите и следите вистината?

_____   Одговор
Забелешка:   Голем мир, сигурност и слобода има во срцата и животите на оние кои ја примаат и и се послушни на вистината.

18. Кое прашање му го поставил Исус на Петра трипати?

18. Кое прашање му го поставил Исус на Петра трипати?

_____   Одговор
Забелешка:   Ова е најважното од сите прашања кога се работи за целосната преданост на Божјата волја. Дали Го сакате?

19. Вистината никогаш нема да биде популарна на овој грешен свет, и толпата скоро секогаш ќе го следи полесниот пат. Но Исус ја покажал Својата неверојатна љубов кон вас со тоа што го дал Својот живот

19. Вистината никогаш нема да биде популарна на овој грешен свет, и толпата скоро секогаш ќе го следи полесниот пат. Но Исус ја покажал Својата неверојатна љубов кон вас со тоа што го дал Својот живот за да ја плати цената за сите ваши гревови. Господ има голем план за вашиот живот. Токму затоа Тој ви ја открива Својата вистина. Дали ќе сакате да му ја возвратите љубовта со тоа што ќе му го предадете целото срце, одлучувајќи да го прифатите како ваш Господ, и следејќи Го каде што Тој ќе ве води?

_____   Одговор