Get the daily devotional to your inbox
Looks good!
Please enter a valid email address.
Looks good!
Please confirm your email address.

Приказна за двете жени

Приказна за двете жениLesson 17

Introduction
Завладеала тишина во царевата судска сала, и сите погледи биле вперени во цар Соломон. Неговите слуги се прашувале као младиот цар ќе го реши овој замрсен случај.

Две самохрани мајки живееле во иста соба, и двете скоро во исто време родиле машко дете. Во текот на ноќта една од нив случајно го налегнала своето дете и тоа се загушило. Кога се разбудила изутрината и забележала дека детето и е студено и неподвижно, збунетата жена го зела бебето на другата мајка а и го оставила своето мртво бебе. Подоцна кога другата жена се разбудила и го видела мртвото бебе, почнала да плаче и жали. Но откако добро го погледнала бебето, набргу сватила дека не е нејзиното. Своето бебе го видела од спротивната страна на собата во прегратките на својата цимерка.

Сега и двете жени се нашле пред царот, борејќи се за тоа кој ќе го има бебето. „Бебето е мое!“, викала едната.

„Не, мртвото бебе беше твое!“, и се спротивставила другата.

Како ќе утврди царот која е вистинската мајка? Соломон ја прекинал нивната расправија и му наредил на стражарот да земе меч и да го подели бебето на две. На почетокот војникот мислел дека царот се шегува, но Соломон со исчекување погледнал кон неодлучниот стражар. Стражарот полека го извадил својот остар, блескав меч и тргнал кон жената што го држела бебето во своите прегратки. Одеднаш вистинската мајка се фрлила пред нозете на царот и почнала да го моли! „Дајте и го детето, но ве молам немојте да го убиете!“ А другата жена рекла: „Поделете го, да не биде ниту мое ниту нејзино.“ На Соломон му било повеќе од јасно која е вистинската мајка.

Во пророштвата, жената е симбол за црквата (Еремија 6:2). Помеѓу толку многу цркви во овие последни денови, како можеме да препознаеме која е вистинската црква на последокот која го има живиот Син, наспроти многуте лажни? Како и Соломон, мораме да го употребиме мечот на Божјата реч (Евреите 4:12)!
1. Како Откровението ја опишува вистинската Божја црква?

1. Како Откровението ја опишува вистинската Божја црква?

_____   Одговор
Забелешка:   Во библиските пророштва Божјата црква е претставена како чиста жена (Еремија 6:2). Во Откровение 12-та глава, оваа жена е облечена со сонце, месечина и ѕвезди - природните светила што ги создал Бог. Исус и рекол на црквата: „Вие сте светлината на светот.“ Матеј 5:14. Сонцето ја претставува Исусовата светлина (Псалм 84:11; Малахија 4:2). Месечината под нејзините нозе ги претставува сенките на старозаветниот жртвен систем. Како што месечината ја рефлектира сончевата светлина, така и жртвениот систем беше корисен затоа што ја рефлектираше светлината на идниот Месија (Колосјаните 2:16, 17; Евреите 10:1). Дванаесетте ѕвезди над нејзината глава го симболизираат водството на црквата - 12 племиња во Стариот завет и 12 апостоли во Новиот завет. Оној Кој што ќе владее над сите народи со железно жезло е Исус (Псалм 2:7-9); Откровение 19:13-16).

2. Кој е “големиот змев“, и што се обидува да стори?

2. Кој е “големиот змев“, и што се обидува да стори?

_____   Одговор
Забелешка:   Змевот е сатаната, кој во времето кога се родил Исус делувал преку паганската Римска империја. Сатаната дејствувал преку Ирод, тогашниот владетел, во обидот да го убие детето Исус погубувајќи ги сите бебиња во Витлеем (Матеј 2:16).

3. Што се случува откако на сатаната му пропаѓа планот да го уништи Исуса?

3. Што се случува откако на сатаната му пропаѓа планот да го уништи Исуса?

_____   Одговор
Забелешка:   По Неговото воскресение, Исус се вознел на небото кај Божјиот престол (Дела 1:9-11), каде што бил далеку од дофатот на сатаната.

4. Што и правел сатаната на црквата, откако Исус се вознел на небото?

4. Што и правел сатаната на црквата, откако Исус се вознел на небото?

_____   Одговор
Забелешка:   Кога сатаната немал повеќе можност да ја искажува својата омраза спрема Исуса, решил да го повреди Исуса свртувајќи го својот бес кон црквата.

5. Каде избегала црквата за време на овој страшен период на прогонства? Колку долго траело тоа?

5. Каде избегала црквата за време на овој страшен период на прогонства? Колку долго траело тоа?

_____   Одговор
Забелешка:   Жената (Божјата црква) избегала во пустината (оддалечени и пусти места на земјата) за да се сокрие од своите непријатели. Многу добро познат историски факт е дека за време на Мрачниот Среден Век, Божјиот народ се криел по пештерите и пустите места на земјата, вклучувајќи ги и американските брегови, во потрага по религиска слобода и заштита од папското прогонство. 1260-те дена (исто така опишани во Библијата како 42 месеца или три и пол години) се однесуваат на страшниот период од 1260 години прогонство за чие време милиони ги положиле своите животи за својата вера. За време на овој временски период, Божјата црква била жива но не била препознатлива како официјална, видлива организација. (Погледни го додатокот со наслов „Години на прогонство“.)

6. Кои се другите два знаци на препознавање на вистинската Божја црква?

6. Кои се другите два знаци на препознавање на вистинската Божја црква?

_____   Одговор
Забелешка:   Божјата црква на остатокот, во која што Тој ги повикува сите, ќе ги држи сите десет Божји заповеди (вклучувајќи ја и саботата). Исто така ќе го има и Исусовото сведоштво, кое што е духот, односно дарот на пророштвото (Откровение 19:10). Господ ја нарекува Својата црква на последокот „остатокот“, затоа што е идентична во доктрините и карактеристиките со апостолската црква. „Остатокот“ е последното останато парче од еден топ платно. Тоа е потполно исто како и првото парче од истиот топ платно.

7. Според Исуса како ја демонстрираме нашата љубов кон Него?

7. Според Исуса како ја демонстрираме нашата љубов кон Него?

_____   Одговор
Забелешка:   Во нашата воведна сторија, Соломон бил во можност да ја идентификува вистинската мајка по нејзиниот вистински израз на љубов. На истиот начин, вистинската Божја црква ќе може да се препознае по нејзината пожртвувана љубов и желбата да ги исполнува Неговите заповеди.

8. Кои три пораки ќе ги проповеда Божјата црква на остатокот ?

8. Кои три пораки ќе ги проповеда Божјата црква на остатокот ?

_____   Одговор
Забелешка:   Овие три ангелски цитати претставуваат три итни пораки што Божјата црква ќе ги проповеда пред самото Исусово доаѓање.

9. Кому ќе му ги проповеда Божјата црква овие пораки?

9. Кому ќе му ги проповеда Божјата црква овие пораки?

_____   Одговор
Забелешка:   Божјата црква на остатокот оваа тро-ангелска вест ќе им ја проповеда на секоја нација на земјата.

10. Кои спецификации ни ги дал Бог во Својата реч за да ни помогне да ја идентификуваме Неговата црква на остатокот?

10. Кои спецификации ни ги дал Бог во Својата реч за да ни помогне да ја идентификуваме Неговата црква на остатокот?

_____   Одговор
Забелешка:   Многу прекрасни христијани се членови на цркви кои не ги исполнуваат седумте горенаведени спецификации. Меѓутоа, една таква црква не може да биде Божји остаток во кој што Тој ги повикува сите Свои искрени чеда, бидејќи Неговата црква на остатокот мора да ги исполнува сите седум спецификации.

11. Исус ги дава овие седум пророчки знаци на распознавање па потоа вели: „Оди и најди ја Мојата црква“ Што ти ветува додека бараш?

11. Исус ги дава овие седум пророчки знаци на распознавање па потоа вели: „Оди и најди ја Мојата црква“ Што ти ветува додека бараш?

_____   Одговор
12. Колку црковни организации во светот ги исполнуваат овие седум точки?

12. Колку црковни организации во светот ги исполнуваат овие седум точки?

_____   Одговор
Забелешка:   Само една црква во целиот свет ги исполнува сите овие спецификации - Адвентистичката црква, црквата која ви ги презентира овие предавања. Таа токму во моментов ја проповеда големата тро-ангелска порака од Откровение 14:6-12 насекаде по светот. Има одзив од милиони ширум светот.

13. Многу деноминации се нарекуваат христијански. Дали тоа значи дека тие се Божјата вистинска црква?

13. Многу деноминации се нарекуваат христијански. Дали тоа значи дека тие се Божјата вистинска црква?

_____   Одговор
Забелешка:   Лебот е симбол за Божјата реч (Јован 6:35, 51, 52, 63), облеката е симбол за праведност (Откровение 19:8). Седумте жени во ова пророштво си имаат свој леб (концепт на вистина) и сакаат да си ја задржат сопствената облека (праведност). Тие не ја сакаат совршената облека на Христовата праведност. Сè што тие сакаат е да го носат името Христово, веројатно од причина што Библијата вели: „Нема спасение ниту во еден друг, ниту има друго име под небото, дадено на луѓето, преку кое мора да се спасиме.“ Дела 4:12.

14. Кога некој ќе ја пронајде вистинската Божја црква на остатокот, дали е неопходно да стане нејзин член?

14. Кога некој ќе ја пронајде вистинската Божја црква на остатокот, дали е неопходно да стане нејзин член?

_____   Одговор
Забелешка:   Да, да се биде член на Божјата црква на остатокот е императив. Погледнете колку јасно Бог одговара на ова прашање:



-Сите сме повикани во едно тело (Колосјаните 3:15).

-Тоа тело е црквата (Колосјаните 1:18).

-Стануваме дел од тоа тело со крштевањето (1 Коринтјаните 12:13).



Денес е императив да се биде член на Божјата црква, како што некогаш во времето на Ное било императив да се влезе во ковчегот. Господ вели: „Влезете: ти и сето твое семејство во бродот.“ Битие 7:1.

15. Колку начини на спас постоеле во времето на Ное?

15. Колку начини на спас постоеле во времето на Ное?

_____   Одговор
Забелешка:   Исус вели дека времето непосредно пред Неговото второ доаѓање ќе биде како Ноевото време (Лука 17:26). Ќе постои само еден начин на спас, исто како што во времето на Ное постоел само еден ковчег.

16. Бидејќи и во другите цркви има многу верни христијани и со оглед на тоа што Господ има само еден вистински остаток, што ќе се случи со овие искрени христијани?

16. Бидејќи и во другите цркви има многу верни христијани и со оглед на тоа што Господ има само еден вистински остаток, што ќе се случи со овие искрени христијани?

_____   Одговор
Забелешка:   Исус ќе си ги повика сите верни, искрени следбеници да излезат од Вавилон. Тие ќе го слушнат Неговиот глас, ќе се одзвијат и ќе влезат во Неговата единствена црква на остатокот.

17. Исус денес ве повикува и вас да влезете во сигурноста на Неговата црква на остатокот. Вие сте Му многу драгоцени. Дали ќе се одзвиете на Неговиот повик?

17. Исус денес ве повикува и вас да влезете во сигурноста на Неговата црква на остатокот. Вие сте Му многу драгоцени. Дали ќе се одзвиете на Неговиот повик?

_____   Одговор