Get the daily devotional to your inbox
Looks good!
Please enter a valid email address.
Looks good!
Please confirm your email address.

Славното царство

Славното царствоLesson 8

Introduction
Откако Соломон бил поставен како нов цар на Израел, Господ му се јавил на сон и му рекол: „Барај што да ти дадам.“ 1 Цареви 3:5. Младиот цар можел да побара пари, слава, долг живот, но тој не го сторил тоа. Наместо тоа, побарал мудрост за да може праведно да управува со Божјиот народ. Како одговор на неговата понизна и искрена молитва, Господ му дал на Соломон огромна мудрост и проникливост - надминувајќи ги сите луѓе. Згора на тоа Господ го благословил и со слава, богатство и долг живот.

За време на Соломоновото владеење, Израел уживал невиден мир и напредок. Во негово време драгоцените метали биле толку многу застапени во Ерусалим што среброто станало секојдневие исто како и камењата (1 Цареви 10:27). Како додаток на величествениот храм од мермер и злато што Соломон го изградил за Бога, изградил и луксузна палата со двор, како и цели градови за да ги вдоми своите коњаници.

Раскошни цветни градини со ретки видови на дрвја го разубавувале секој град. Монарси, благородници и царски семејства доаѓале од сите страни на светот да го посетат неговото царство и да донесат подароци. Тие копнееле да ја слушнат проникливата мудрост што Бог ја всадил во срцето на Соломон (1 Цареви 10:24).

Една од многуте царски посетители била и богатата и преубава царица од една далечна земја Сава. Таа од прва рака сакала да се увери дали извештаите за израелскиот цар биле вистинити. Царицата од Сава го испробала Соломона со многу тешки прашања, и била запрепастена од неговите брилијантни одговори.

Насекаде каде што ќе погледнела била просто воодушевена. Но дури и Израел во својот зенит бил ништо во споредба со славното царство што Господ го подготвил за вас!
1. Што им ветил Исус на своите?

1. Што им ветил Исус на своите?

_____   Одговор
2. Што знаеме за местото што Исус ни го подготвува?

2. Што знаеме за местото што Исус ни го подготвува?

_____   Одговор
Забелешка:   Звучи неверојатно! Бог за својот народ подготвил ново небо, нова земја и нов свет град. Праведните ќе ги наследат славните живеалишта во градот изграден од Исуса (Јован 14:2), и плус прекрасен дом во природа на новата земја што самите ќе си го изградат (Исаија 65:21).

3. Што друго знаеме за светиот град?

3. Што друго знаеме за светиот град?

_____   Одговор
Забелешка:   Светиот град е читириаголен, и неговата должина изнесува 12 000 стадии, или околу 2400 километри. Ќе слезе од небото и ќе се спушти на новата земја онаму каде што денес се наоѓа Маслинската Гора (Захарија 14:4). Секоја од неговите 12 порти е направена од по еден бисер (Откровение 21:21), а ѕидовите на градот што се изградени од јаспис се широки 144 лакти (Откровение 21:17) или околу 66 метри.

4. Што ни кажува Библијата за снабденоста на градот со вода и храна?

4. Што ни кажува Библијата за снабденоста на градот со вода и храна?

_____   Одговор
Забелешка:   Неисцрпна, чиста речна вода истекува од Божјиот трон, а дрвото на животот секој месец дава различни плодови. Ова прекрасно овошје и лисјата од дрвото се како противотров за смртта и го продолжуваат вечниот живот. Згора на тоа, Божјите светии ќе одгледуваат сопствена храна во своите сопствени градини (Исаија 65:21). Исхраната на Божјиот народ ќе биде истата онаа што постоеше уште пред појавата на гревот - овошје, зрнеста храна и орашести производи (Битие 1:29, 31). Вкусот на храната ќе биде неописливо сладок, а хранливата вредност совршена.

5. Каква разлика  посоти помеѓу животот на небото и овој живот овде на земјата?

5. Каква разлика посоти помеѓу животот на небото и овој живот овде на земјата?

_____   Одговор
6. Какво тело ќе имаат светите?

6. Какво тело ќе имаат светите?

_____   Одговор
7. Дали Исусовото тело е вистинско, или пак Тој е дух?

7. Дали Исусовото тело е вистинско, или пак Тој е дух?

_____   Одговор
Забелешка:   Исусовото тело после Неговото воскресение било вистинско, од месо и коски кои можат да се допрат и да се почувствуваат. На почетокот учениците мислеле дека Тој е дух кога одеднаш им се појавил, но откако го почувствувале и го виделе како јаде (Лука 24:40-43), знаеле дека Тој е вистински. Четириесет дена подоцна, Исус ги извел во Витанија и се вознел на небото (Лука 24:50, 51). Ангелите кои им се јавиле на учениците им се обратиле со зборовите: „Мажи, Галилејци, зошто стоите и гледате во небото? Овој Исус (од месо и коски) .....ќе дојде така, како што Го видовте да оди во небо.“ Дела 1:11. Од Неговото отелотворување, Исус засекогаш е поврзан со човечката раса, а истовремено е и божество.

8. Какво друго охрабрувачко ветување има?

8. Какво друго охрабрувачко ветување има?

_____   Одговор
Забелешка:   Слава на Бога, секое славно нешто што било изгубено со влегувањето на гревот ќе биде обновено во новото Господово царство. Сите луѓе таму вистински ќе сакаат, ќе веруваат и ќе се подржуваат меѓусебно. Како резултат на сето ова, нема повеќе да има насилства (Исаија 60:18), нема повеќе да има предавства, обесчестување, нелојалност, нечесност, опаѓање, несигурност, депресија, опасност, разочарување или пак скршени срца. Таму ќе има радосно, среќно, исполнето и преизобилно живеење за вечност.

9. Дали тажните и болни сеќавања од овој живот ќе им создаваат проблеми на луѓето на небесата?

9. Дали тажните и болни сеќавања од овој живот ќе им создаваат проблеми на луѓето на небесата?

_____   Одговор
Забелешка:   Зборовите „доаѓаат на ум“ подобро можат да се преведат како „да навлезат во срцето.“ Бог овде ветува дека жалостите од оваа земја нема да донесат жалости кај Неговите светии на небесата.

10. Дали луѓето ќе се препознаат меѓусебно во новото Господово царство?

10. Дали луѓето ќе се препознаат меѓусебно во новото Господово царство?

_____   Одговор
Забелешка:   Ние со сигурност ќе се препознаеме меѓусебно според нашата изглед, нашиот од, манири, говор итн. Нашите способности на препознавање ќе се развиваат уште повеќе на небо. Небото ќе претставува едно целосно и извонредно семејно повторно обединување.

11. Кои други возбудливи ветувања ни ги дава Бог во врска со Неговото идно царство?

11. Кои други возбудливи ветувања ни ги дава Бог во врска со Неговото идно царство?

_____   Одговор
Забелешка:   Светите ќе имаат можност да летаат како ангели со брзина поголема од брзината на светлината. Бидејќи тие стануваа наследници на сè (Откровение 21:7), ќе можат да ги посетуваат другите светови, а тоа ќе го прават за неколку мига. Според Библијата, Бог ги создал и останатите непаднати светови (Јов 1:6; Евреите 1:2; 11:3).

12. Дали можеме со зборови адекватно да го опишеме Господовото ново царство?

12. Дали можеме со зборови адекватно да го опишеме Господовото ново царство?

_____   Одговор
Забелешка:   Вие и јас во нашава денешна состојба не сме во можност ниту да замислиме какви прекрасни нешта подготвува Бог за Своите чеда. Не постојат зборови, мисли, дури и соништа што вистински можат да ги отсликаат неверојатните блаженства на небото. Без оглед на страдањата на оваа земја, нашето присуство на небесата далеку ќе ги надмине сите земски искушенија (Римјаните 8:18).

13. Која е најголемата награда во новото Господово царство?

13. Која е најголемата награда во новото Господово царство?

_____   Одговор
Забелешка:   Верувајте и стојте во стравопочит! Бог ќе живее со Својот народ на новата земја. Навистина ништо не би можело да се спореди со една ваква мисла.

14. Што е тоа што ќе ги исклучи луѓето од Господовото царство?

14. Што е тоа што ќе ги исклучи луѓето од Господовото царство?

_____   Одговор
Забелешка:   Гревот е она што онечистува и не смее да се дозволи негово постоење на небото, во спротивно бунтот може да почне одново. (Види го додатокот со наслов „Господовото царство.“)

15. Што можам да сторам со гревот?

15. Што можам да сторам со гревот?

_____   Одговор
Забелешка:   Ако побарам од Исуса да ми ги прости гревовите, Тој ми ги простува и ме очистува од секаков грев и со тоа станувам Негово дете.

16. Која според Исус е формулата за успех и во овој и во наредниот живот?

16. Која според Исус е формулата за успех и во овој и во наредниот живот?

_____   Одговор
Забелешка:   Ова е токму она што Соломон го побарал кога Господ го прашал: „Што бараш?“ Тој најпрво помислил на Божјото царство и Неговата праведност. А за возврат, следувале благословите на славното царство. Ова може и нам да ни се случи ако најнапред го бараме Божјото царство.

17. Препознавајќи дека Бог има целосна контрола над земските случувања, сакате ли да му дозволите да има контрола и над вашите животи?

17. Препознавајќи дека Бог има целосна контрола над земските случувања, сакате ли да му дозволите да има контрола и над вашите животи?

_____   Одговор