Lesson 5Небото беше сè уште темно кога стариот патријарх јасно ги слушнал Господовите зборови: „Аврааме! ..... Земи го својот син, својот единец Исак, кого го љубиш, и отиди во месноста Морија и принеси го таму како жртва паленица, на ридот што ќе ти го покажам.“ Битие 22:1, 2.
Аврам почнал да трепери кога помислил на застрашувачките последици од оваа заповед. Бог ветил дека преку Исака ќе произлезе голема нација. Сите Аврамови надежи и соништа биле сосредоточени на Исака кој им бил даден нему и на Сара кога тие биле во поодминати години, со што неговото раѓање претставувало вистинско чудо. Тој не можел да разбере зошто Бог бара од него да направи вакво чудно дело, но научил да му верува и да му биде послушен на својот небесен Татко – дури и кога бил збунет.
И така Аврам нежно го разбудил младиот Исак и двајца свои верни слуги, и оваа мала група го започнала своето тридневно патување до гората Морија. Додека се наближувале до гората на жртвување, Аврам ги посоветувал слугите да почекаат додека тој и Исак не се вратат. Потоа го натоварил Исака со дрва, и заедно започнале да се искачуваат по планината.
Чувствувајќи дека нешто не е во ред, Исак рекол: „Татко, имаме дрва и имаме сè што е потребно за да го запалиме огнот но каде е јагнето за жртвата паленица?“ Аврам одговорил: „Сине мој, Бог лично ќе се погрижи за жртвата паленица.“
Кога стигнале до врвот, Аврам со солзи во очите му ја објаснил причината за нивната мисија. Исак доброволно се потчинил на Божјата заповед. Откако за последен пат се прегрнале, таткото нежно го врзал својот син и го поставил врз камениот олтар. Аврам го испружил ножот, но одеднаш бил запрен од ангел и му било посочено наместо Исак да биде жртвуван овен кој бил сплеткан со роговите во грмушка.
Оваа трогателна случка не е единствената во која таткото морал да донесе болна одлука да го жртвува својот сакан син.
1. Кого претставува животното кое било жртвувано на местото на Исак?
_____ Одговор
2. Зошто беше неопходно Исус да умре?
_____ Одговор
Забелешка: Библијата е бесценета бидејќи ни кажува како гревот навлегол во светот и како истиот ќе биде отстранет. Бог не може да ја толерира непријатната зараза на гревот. Казната за грев е смрт. А уште полошо е тоа што кога Адам и Ева згрешиле, оваа смртоносна болест преминала на целата човечка раса. Божјиот Закон и казната за неговото непочитување не може да се промени, затоа сите луѓе се осудени на пропаст. Но Бог не може да поднесе да биде разделен од Своите созданија. Затоа, како акт на Неговата неверојатна љубов, Тој избира да го испрати Својот Син на светот за да умре наместо мене и наместо тебе. Нашите гревови и нашата смртна казна беа ставена врз Него, а ние бевме ослободени.3. Како е наречен овој голем план на спасение?
_____ Одговор
Забелешка: Божјиот план на спасение се нарекува „евангелие“, што во превод значи „радосна вест“. И навистина тоа е најпрекрасната вест која било кога му била соопштена на човештвото. Нашата смртна казна ја превзел Исус, а нашата вина е отстранета.4. Зошто Бог направил таква неверојатна жртва за нас?
_____ Одговор
Забелешка: Најсилната земска врска е љубовта на родителот кон детето. Кога небесниот Татко му дозволил на Својот Син, Исус, да пострада и да умре на наше место, Тој со најсилен речник демонстрирал колку силно нè сака сите нас.5. Што треба да сторам за да имам полза од Исусовата жртва?
_____ Одговор
Забелешка: Исус го нуди спасението како дар (Римјаните 6:23). Мое е да верувам дека тоа навистина е така и да го примам дарот со вера.6. Како, во тој случај ми е простено и како станувам чист?
_____ Одговор
Забелешка: Исповедањето е вербалната страна на покајанието. Вистинското покајание вклучува жал за сторениот грев и оставање на истиот (Изреки 28:13).7. Како се нарекува ова прекрасно искуство на обратување?
_____ Одговор
Забелешка: Ова славно искуство е познато како ново раѓање бидејќи, тоа е навистина ново. Започнуваме целосно нов живот, токму како едно мало бебе. Тоа е едно прекрасно искуство да се започне нов живот без ниту една дамка или било каква вина во нашето досие.8. Кој влегува во срцето на секој нановороден христијанин?
_____ Одговор
Забелешка: Всушност Исус пребива во срцето на христијанинот преку Неговиот Свети Дух.9. Кога Исус живее во моето срце преку Светиот Дух, што ќе сакам да правам во тој случај?
_____ Одговор
Забелешка: Ќе сакам да ја творам Неговата волја, а Тој ми ја дава силата за да можам да го правам тоа.10. Зошто треба да бидам сигурен дека моето искуство на ново раѓање ќе биде успешно?
_____ Одговор
Забелешка: Јас сум сигурен затоа што Исус ветил дека ќе го доврши за мене со Својата голема сила. Спасението се темели на Неговите можности, а не на моите.11. Зошто некои луѓе не успеваат во нивното христијанско искуство?
_____ Одговор
Забелешка: Луѓето често доживуваат неуспех во својот христијански живот затоа што го прифаќаат Исуса како свој Спасител но не и како Господ, или „владетел“ во нивните животи. Повеќето од нас сакаат да живеат на свој начин и самите да ги водат своите животи. Кога го прифаќаме Исуса како Господ, тогаш своите животи му ги даваме Нему, Тој да ги води. Треба нашите раце да ги држиме подалеку од воланот на нашите животи и да побараме Тој да ги управува.12. Како можам да знам дека Исус ме прифаќа и дека сум Негово дете?
_____ Одговор
Забелешка: Знаеме дека Исус нè прима штом ќе го побараме тоа од Него, затоа што Тој не може да лаже. Тој ветил дека ќе нè прими, и нè прима – не затоа што поинаку се чувствуваме, туку затоа што ветил.13. Како вистинското обраќање го менува животот?
_____ Одговор
14. Какви прекрасни ветувања се поврзани со христијанското живеење?
_____ Одговор
Забелешка: Бог им ги дава на луѓето следниве осум драгоцени ветувања:
-Можеме сè да постигнеме преку Исуса.
-Сите наши потреби ќе бидат задоволени.
-Ништо нема да ни биде невозможно.
-Нашата радост ќе биде полна.
-Ние ќе живееме поизобилен живот.
-Бог никогаш не би нè оставил ниту напуштил.
-Никогаш не треба да ни биде страв од тоа што можат луѓето да ни направат.
-Бог ќе ни го даде Својот совршен мир.
Слава на Бога! Што би можело да биде подобро од ова?15. Дали ќе одлучиш да го прифатиш Исусовиот план за твоето спасение?
_____ Одговор