Get the daily devotional to your inbox
Looks good!
Please enter a valid email address.
Looks good!
Please confirm your email address.

Царот доаѓа

Царот доаѓаLesson 3

Introduction
Готолија, немилосрдната царица на Јуда, била позлобна дури и од Језавела. По смртта на нејзиниот син Охозиј, таа за кратко време ја одзела контролата над царството егзекутирајќи ги сите нејзини внуци кои би можеле да бидат наследници на престолот. „Ама Јосавеа, ..... сестра Охозиина, го зеде Охозиевиот син Јоас ..... го сложи со доилката во спалната. Така го спаси од Готолија, та не беше погубен. Беше скриен во Господовиот Дом, шест години, сè додека во земјата владееше Готолија." 2 Цареви 11:2,3.

Цели шест години само грст на доверливи луѓе знаеле дека царското дете е живо и дека е скриено во Господовиот Дом. Првосвештеникот Јодај го сакаше и го воспитуваше Јоас како свој сопствен син. Шест години Јодај планирал и бил постојано во молитва да го одбере вистинскиот момент за да му го претстави на народот законскиот наследник. Најпосле стариот свештеник тајно ги свикал доверливите воени старешини и им покажал дека најмладиот син на Готолија е сè уште жив. Тие решиле да почекаат до петокот вечерта, кога сите верни луѓе ќе дојдат во храмот да ја празнуваат саботата, за да им го претстават младиот цар. Со стотици добро вооружени војници од секоја страна, Јодај го довел Давидовиот престолонаследник пред толпата народ и им го претставил. На почетокот луѓето биле изненадени, но кога ја виделе царската круна на неговата глава, “плескаа со рацете и викаа: Да живее царот!." 2 Цареви 11:12.

Кога злобната Готолија ја слушнала вревата на трубите и веселбата на народот, дошла трчајќи во храмот само за да дознае дека му дошол крајот на нејзиното злобно владеење. Тој ден таа била погубена заедно со своите следбеници, а Јоас станал цар.

Библијата ни кажува дека еден друг Давидов син наскоро ќе се појави од небесниот храм во придружба на силен звук на труби за да го прими Своето Царство кое со право му припаѓа и да ги уништи злите.
1. Кој е овој Цар кој наскоро ќе се појави од небесниот храм?

1. Кој е овој Цар кој наскоро ќе се појави од небесниот храм?

_____   Одговор
2. Дали Исусовото доаѓање ќе биде тивко?

2. Дали Исусовото доаѓање ќе биде тивко?

_____   Одговор
Забелешка:   Изразот „силна бура“ покажува дека второто Христово доаѓање ќе биде толку бучно што не може ниту да се опише. Ништо тајно тука нема да има!

3. Кои други физички појави ќе се случуваат при Исусовото доаѓање?

3. Кои други физички појави ќе се случуваат при Исусовото доаѓање?

_____   Одговор
4. Кој ќе го види Исуса при Неговото доаѓање?

4. Кој ќе го види Исуса при Неговото доаѓање?

_____   Одговор
Забелешка:   Ова е премногу јасно за да биде погрешно протолкувано. Секој жив, праведен или неправеден, ќе биде сведок на Исусовото доаѓање. Тајно собирање или „тајно вознесување“ на Божјиот народ, не може да се сретне во Библијата.

5. Кој ќе биде со Исуса при Неговото доаѓање?

5. Кој ќе биде со Исуса при Неговото доаѓање?

_____   Одговор
Забелешка:   Како споредба, светлината на Исусовото враќање далеку ќе ја надмине светлината на една хидрогенска бомба. Светлината на само еден ангел крај Исусовиот гроб причинила сите римски стражари да паднат на земја како мртви (Матеј 28:2-4). Светлината на сите небесни ангели ќе причинат Исусовото доаѓање да биде премногу светол настан за да биде незабележан од некого. Како додаток на сето ова ќе биде и фантастичната слава на Исуса и славата на Таткото (Лука 9:26). Исусовото второ доаѓање ќе биде како блесокот на молњата што се гледа од едната до другата страна на хоризонтот (Матеј 24:27).

6. Какво влијание ќе има светлината на второто Христово доаѓање врз неправедните живи?

6. Какво влијание ќе има светлината на второто Христово доаѓање врз неправедните живи?

_____   Одговор
7. Што ќе се случи со праведните мртви при Христовото доаѓање?

7. Што ќе се случи со праведните мртви при Христовото доаѓање?

_____   Одговор
8. Што ќе се случи тогаш со живите и воскреснатите свети?

8. Што ќе се случи тогаш со живите и воскреснатите свети?

_____   Одговор
Забелешка:   Сега бесмртност поседува само Господ (1 Тимотеј 6:15, 16). Но бесмртност како бесплатен дар ќе им биде дадена на праведните при второто Христово доаѓање. Нивните тела тогаш ќе се преобразат во небесни, нераспадливи тела, исто како Христовото тело (Филипјаните 3:20, 21).

9. Што ќе се случи со праведните по нивната преобразба?

9. Што ќе се случи со праведните по нивната преобразба?

_____   Одговор
Забелешка:   Божјите светии ќе се сретнат со Господа во воздух. Исус при своето второ доаѓање нема да допре на земјата, значи нема да се појави на Земјата како што многумина веруваат. Неговото второ доаѓање ќе биде појавување на небото но не и на Земјата.

10. Какво сериозно предупредување ни дава Исус во врска со Неговото второ доаѓање?

10. Какво сериозно предупредување ни дава Исус во врска со Неговото второ доаѓање?

_____   Одговор
Забелешка:   Сатаната ќе го имитира Христовото второ доаѓање појавувајќи се на Земјата како величествено суштество, и така ќе заведе милијарди. Исус не предупредува дека Тој воопшто нема да ја допре земјата при Своето второ доаѓање, туку ќе остане во воздух. Заслепувачката измама на сатаната ќе биде толку убедлива што ќе измами многу луѓе.

11. Што ќе ги сочува праведните да не бидат измамени?

11. Што ќе ги сочува праведните да не бидат измамени?

_____   Одговор
Забелешка:   Божјиот народ нема да биде измамен, затоа што од проучувањето на Божјата Реч ќе знае какво ќе биде Христовото доаѓање (Дела 17:11). Секое појавување што не е во согласност со Писмото е лажно и мора да биде отфрлено. Исус нè предупредил.

Maтеј 24:25 Ете, ви реков однапред!

12. Дали би било безбедно да  се оди и да се види лажниот христос?

12. Дали би било безбедно да се оди и да се види лажниот христос?

_____   Одговор
13. Што можеме да знаеме за времето на Христовото доаѓање?

13. Што можеме да знаеме за времето на Христовото доаѓање?

_____   Одговор
Забелешка:   Само Бог го знае точното време на второто доаѓање. Секаков обид на одредување на датум не е во хармонија со Библијата. Но Исус јасно ни кажал дека кога ќе го видиме исполнувањето на знаците (Матеј 24:4-51; Лука 21:8-33; 2 Тимотеј 3:1-8), можеме да знаеме дека Неговото доаѓање е многу близу - дури пред врата.

14. Што ќе прават ангелите при второто Христово доаѓање?

14. Што ќе прават ангелите при второто Христово доаѓање?

_____   Одговор
Забелешка:   Твојот ангел чувар (Матеј 18;10) веројатно ќе биде првиот што ќе те поздрави при второто Христово доаѓање. Каква благословена мисла! Без сомнение Библијата второто Христово доаѓање го нарекува „блажена надеж“ (Тит 2:13)!

15. Со оглед на тоа што живееме пред самото Христово доаѓање, каков однос треба да имаме кон овој серозен, славен настан?

15. Со оглед на тоа што живееме пред самото Христово доаѓање, каков однос треба да имаме кон овој серозен, славен настан?

_____   Одговор
16. Како ќе бидат наградени луѓето при второто Христово доаѓање?

16. Како ќе бидат наградени луѓето при второто Христово доаѓање?

_____   Одговор
Забелешка:   Луѓето ќе бидат спасени по милоста, но наградата ќе ја добијат според однесувањето, а не според исповеста (Матеј 7:21-23).

17. Што ќе кажат злите кога Исус ќе се врати?

17. Што ќе кажат злите кога Исус ќе се врати?

_____   Одговор
Забелешка:   За време на овој ужасен конечен земјотрес, злите - скаменети од страв - повеќе ќе сакаат камењата и планините да паднат врз нив отколку неподготвени да се соочат со Исуса.

18. Што ќе кажат праведните при Исусовото појавување?

18. Што ќе кажат праведните при Исусовото појавување?

_____   Одговор
19. Која е примарната причина за Христовото второ доаѓање?

19. Која е примарната причина за Христовото второ доаѓање?

_____   Одговор
Забелешка:   Највосхитувачката причина за Христовиот повраток на Земјата е да ги земе Своите чеда и да ги однесе во славниот дом што им Го приготвил. Нема повеќе солзи, нема повеќе маки, главоболки или болести, никогаш повеќе. Место тоа незамислива радост и мир засекогаш.

20. Исус доаѓа на облаците многу скоро. Дали планираш подготвено да го пречекаш?

20. Исус доаѓа на облаците многу скоро. Дали планираш подготвено да го пречекаш?

_____   Одговор