Get the daily devotional to your inbox
Looks good!
Please enter a valid email address.
Looks good!
Please confirm your email address.

Река на животот

Река на живототLesson 11

Introduction
Нееман бил храбар, богат и познат командант на сириската армија кој добил лепра, најстрашната болест во библиско време. Лепрата значела изолација од своите сакани и бавна и страшна смрт. Слугинката од еврејско потекло која работела во куќата на Нееман рекла дека доколку нејзиниот господар само отиде кај Елисеј Израелецот, тој би го излечил од лепрата.

Спремен да се фати и за сламка во надеж дека ќе се исцели, Нееман тргнал на долгото патување до Израел. Со него биле и мала група на лични телохранители и царевата откупнина да плати за исцелувањето. Кога Нееман конечно се нашол пред едноставната куќа на пророкот, Елисеј не излегол. Наместо тоа, го испратил својот слуга со следниве едноставни упатства: „Оди и искапи се седумпати во Јордан, и телото ќе ти биде пак чисто.“ 2 Цареви 5:10.

Пророковата заповед за капење подразбирала дека Нееман е нечист! Било премногу за гордиот сириски генерал да се искапе седум пати во калливата река. Во својот бес Нееман го свртел коњот и се упатил назад. Но за да се врати назад во Дамаск морал да јава покрај реката Јордан. Така јавајќи, неговите слуги се обидувале да го наговорат да го послуша советот на пророкот. Така тој застанал, се симнал од коњот, и го симнал од себе оклопот кој ги покривал страшните докази за неговата болест. Нееман полека се спуштил во водите на Јордан. Шест пати се потопил во водата без никаков резултат, но кога излегол од водата седмиот пат, лепрата исчезнала! Неговата кожа била чиста и здрава како бебешка кожа.

Исто како што Нееман доживеал обнова, и вие можете да го доживеете искуството на новото раѓање.
1. Кој новозаветен пророк ја користел реката Јордан за крштевање, односно прочистување?

1. Кој новозаветен пророк ја користел реката Јордан за крштевање, односно прочистување?

_____   Одговор
Забелешка:   Случките во Евангелијата започнуваат и завршуваат со крштевање. Очигледно ова е многу важно Исусово учење (матеј 28:18, 19).

2. Кој славен библиски обред го симболизира „очистувањето“ од лепрата на гревот?

2. Кој славен библиски обред го симболизира „очистувањето“ од лепрата на гревот?

_____   Одговор
Забелешка:   Библискиот обред на крштевање го симболизира очистувањето на гревот од животот на грешникот, а исто така симболизира и ново раѓање.

3. Колку видови на крштевање се прифатливи според Библијата?

3. Колку видови на крштевање се прифатливи според Библијата?

_____   Одговор
Забелешка:   Најмалку 15 различни обреди денес се нарекуваат крштевање, но според Библијата, постои само едно вистинско крштевање.

4. Што значи зборот „крштевање“?

4. Што значи зборот „крштевање“?

_____   Одговор
Забелешка:   Грчкиот збор “баптизо“ значи „потопување“ или “нурнување“. Личноста не е крстена сè додека целосно не биде потопена, односно погребана во водата. Зборот „баптизо“ во Библијата секогаш се користи во врска со светиот обред на крштевање. Грчките зборови за “попрскување“ или „полевање“ никогаш не се користат во Библијата.

5. Исус е наш пример. Како Тој беше крштеван?

5. Исус е наш пример. Како Тој беше крштеван?

_____   Одговор
Забелешка:   Јован го крштева Исуса со потопување во истата онаа река каде што Нееман беше очистен од својата лепра. Внимавајте на фактот дека тие биле „во“ Јордан (а не на неговиот брег) и дека Исус “излегол од“ водата. Токму заради ова Јован крштевал „во Енон, близу Салим, зашто таму имаше многу вода“ Јован 3:23. Христијаните треба да го следат Исусовиот пример (1 Петрово 2:21), Кој беше крштеван со потопување “да ја исполни сета правда.“ Матеј 3:15.

6. Како Филип го крштевал ризничарот од Етиопија?

6. Како Филип го крштевал ризничарот од Етиопија?

_____   Одговор
7. Кои други вистини се прикажани преку крштевањето?

7. Кои други вистини се прикажани преку крштевањето?

_____   Одговор
Забелешка:   Крштевањето ги симболизира Христовата смрт, погребение и воскресение. Најнапред имаме умирање за гревот, потоа погребение на стариот грешен живот во водата, и конечно воскресение од водата во нов живот. Крштевањето со потопување целосно се поклопува со симболиката. Умира грешниот живот, потоа следи мала задршка на здивот додека лицето кое се крштева се спушта со телото наназад во водата се додека целосно не биде потопено, односно погребано, во водата. Потоа лицето се подига надвор од водата, земајќи свеж здив како новородено бебе, во комплетно нов живот, симболизирајќи го воскресението. Ниедна поинаква форма на крштевање не одговара на библиската симболика. Некои велат дека ја празнуваат неделата во чест на воскресението, но овој обичај никогаш не се спомнува во Библијата.

8. Колку е важно крштевањето?

8. Колку е важно крштевањето?

_____   Одговор
Забелешка:   Крштевањето во Библијата е јасно наложено како неопходно. Меѓутоа, кога крштевањето е невозможно, како во случајот на разбојникот на крстот, Исус своето крштевање му го припишува како да било Негово (Матеј 3:15).

9. Кој благословен обред може да се спореди со крштевањето?

9. Кој благословен обред може да се спореди со крштевањето?

_____   Одговор
Забелешка:   Крштевањето е како обредот на венчавање. Библијата вели: „Зашто сопруг ти е твојот Творец, името Му е Господ над Воинствата.“ Исаија 54:5. Како што жената го прима презимето на својот маж кога се венча, така и христијаните го примаат Христовото име - и од тогаш па понатаму се нарекуваат христијани. Обата обреда мораат да бидат засновани на љубов и преданост за да имаат смисла. Крштевањето е толку неопходно во животот на еден христијанин како што венчавањето е неопходно за еден брак.

10. Каков налог им дал Исус на Своите ученици непосредно пред Неговото вознесение?

10. Каков налог им дал Исус на Своите ученици непосредно пред Неговото вознесение?

_____   Одговор
Забелешка:   Петар го послушал ваквиот налог кога на денот на Педесетницата им порачал на покајниците: „Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исуса Христа.“ Дела 2:38.

11. Кои библиски квалификации мораат да му претходат на крштевањето?

11. Кои библиски квалификации мораат да му претходат на крштевањето?

_____   Одговор
Забелешка:   Бидејќи едно доенче не може да исполни ниту еден од горенаведените чекори, очигледно е дека не е библиски да се крштева дете сè додека тоа не порасне доволно за да може да го сфати Евангелието.

12. Од каде потекнуваат сите лажни начини на крштевање?

12. Од каде потекнуваат сите лажни начини на крштевање?

_____   Одговор
Забелешка:   Крштевањето со потопување е единствениот начин на крштевање кој се практикувал во библиско време и со столетија после Голгота. Но потоа, заблудени луѓе вовеле нови начини на крштевање кои им биле прикладни. Така, Божјиот свет обред на крштевање бил изопачен а неговото богато симболичко значење замрачено.

13. Што вели Библијата за оние што човечките науки ги ставаат пред Божјата вистина?

13. Што вели Библијата за оние што човечките науки ги ставаат пред Божјата вистина?

_____   Одговор
14. Но зарем крштевањето со Дух Свети не е замена за крштевањето со потопување?

14. Но зарем крштевањето со Дух Свети не е замена за крштевањето со потопување?

_____   Одговор
Забелешка:   Не! Забележете дека додека Петар проповедал (Дела 10:44-48), Светиот Дух слегол врз сите кои слушале, од кои мнозина не биле крстени. Но иако тие веќе го примиле крштевањето со Светиот Дух, Петар инсистирал истите да бидат крстени исто така и со вода.

15. Дали воопшто некогаш повторното крштевање е правилно?

15. Дали воопшто некогаш повторното крштевање е правилно?

_____   Одговор
Забелешка:   Еднаш кога Павле проповедал во Ефес, се сретнал со 12 луѓе кои биле крстени со Јовановото крштевање, но кои никогаш и не слушнале за Светиот Дух. Така примајќи нова суштинска светлина, тие биле повторно крстени. На ист начин, доколку лицето целосно го изгубило своето христијанско искуство, тоа треба да биде повторно крстено штом ќе се врати кај Господа. Повторното крштевање е исто така погодно доколку лицето не било крстено со библиско крштевање.

16. Дали крштевањето е поврзано со приклучување на црква?

16. Дали крштевањето е поврзано со приклучување на црква?

_____   Одговор
Забелешка:   Библијата е недвосмислена. Сите Божји чеда се повикани во едно тело, а тоа е црквата, а во него влегуваме преку крштевањето. После раѓањето, бебенцето мора да биде згрижено во семејство за да се прехрани, заштити и за да расте.

17. Ако го одбијам крштевањето, чиј совет одбивам?

17. Ако го одбијам крштевањето, чиј совет одбивам?

_____   Одговор
18. Што изговорил Отецот кога Исус се крштевал?

18. Што изговорил Отецот кога Исус се крштевал?

_____   Одговор
Забелешка:   Кога било кое од Божјите деца ќе се покае за своите гревови и ќе се крсти, тоа е по Негова волја.

19. Дали би сакал да започнеш со подготовки за светиот обред на крштевање за да Бог може и за тебе да каже: „Ти си Мојот возљубен син (или ќерка), Кој е по Мојата волја“?

19. Дали би сакал да започнеш со подготовки за светиот обред на крштевање за да Бог може и за тебе да каже: „Ти си Мојот возљубен син (или ќерка), Кој е по Мојата волја“?

_____   Одговор