Get the daily devotional to your inbox
Looks good!
Please enter a valid email address.
Looks good!
Please confirm your email address.

Гатачката од Ен-дор

Гатачката од Ен-дорLesson 9

Introduction
Царот Саул го губел разумот и треперел од страв. Се собрала целата Филистејска армија да ги нападне многу помалите и послаби трупи на Израел. Саул низ плач велел: „Само да беше Самуил овде, тој ќе ми кажеше што да правам.“ Но големиот Израелев пророк веќе неколку години како беше починат.

Остарениот цар очајно се обидувал да пронајде некаков совет од другите пророци и свештеници, но Господ не сакал да зборува со него. Во својата младост Саул бил близу до Бога. Но откако седнал на престолот, станал суров и се бунтувал против Божјото Слово. Во еден случај убил дури цело село со свештеници. Царот Саул упорно одбивал да го слуша Господа, и сега кога се нашол во нужда, Бог не му понудил одговор.

„Затоа Саул им рече на своите слуги: Побарајте ми жена која повикува духови, за да одам кај неа и да ја прашам.“ 1 Самуил 28:7. Господ јасно им заповедал на Своите слуги никогаш да не се консултираат со вражач или медиум (Левит 19:31 20:27), но Саул во оваа ситуација воопшто не покажал почит кон оваа имплицитна Господова заповед.

Откако била најдена една жена во Ен-Дор која тврдела дека може да стапи во контакт со мртвите, царот се престорил и отишол да се види со неа. Тој и рекол: „Доведи ми го Самуил.“ Вражачката започнала со практикување на своите магии се додека не се појавило привидение кое тврдело дека е пророкот Самуил и му пренело крајно безнадежна вест. Му прорекло дека тој и неговите три сина ќе загинат во битката наредниот ден.

Наредниот ден Сауловите синови биле погубени од Филистејците, а подоцна ранетиот и обесхрабрен цар паднал врз својот меч и си го одзел животот (1 Самуил 31:2-4). Кој зборувал преку вражалката, воскреснатиот Божји пророк или пак маскираниот ѓавол?
1. Дали привидението што го видел Саул, бил всушност пророкот Самуил?

1. Дали привидението што го видел Саул, бил всушност пророкот Самуил?

_____   Одговор
2. Дали мртвите се враќаат назад за да разговараат или да ги прогонуваат живите?

2. Дали мртвите се враќаат назад за да разговараат или да ги прогонуваат живите?

_____   Одговор
Забелешка:   Не! Библијата е јасна. Мртвиот не прави ништо ниту пак знае нешто за она што се случува на земјата.

Псалм 115:17 Не, мртвите не Го фалат Господа.

Псалм 6:5 Зашто во смртта не спомнуваат за Тебе.

Јов 7:10 Никогаш веќе не се враќа во својот дом.

Исаија 38:18 Смртта не Те фали.

Псалм 146:4 Пропаѓаат сите негови мисли.

3. Според Откровението, кој ги има клучевите на смртта?

3. Според Откровението, кој ги има клучевите на смртта?

_____   Одговор
Забелешка:   Библијата е јасна. Само Исус ги има клучевите на смртта. Треба во Неговата Реч да ги побараме одговорите на нашите прашања за смртта.

4. Како Господ го создал човекот на почетокот?

4. Како Господ го создал човекот на почетокот?

_____   Одговор
Забелешка:   При создавањето се случиле две нешта: (1) Господ го обликувал човекот од земниот прав, и (2) Тој му дувнал здив животен во неговите ноздри. Така човекот станал жива душа.

5. Што се случува при смртта?

5. Што се случува при смртта?

_____   Одговор
Забелешка:   Она што се случува при смртта е обратното од она што се случило при создавањето. Телото се враќа во прав а духот, односно здивот, се враќа кај Бога кој го дал. Библијата јасно учи дека „духот“ што се враќа кај Бога е едноставно животниот здив, што Бог му го вдахнал на човекот на почетокот (Јаков 2:26; Јов 27:3; Јов 33:4). Во Псалм 104:29, 30 се вели: „Ако им го одземеш здивот, умираат и пак се враќаат во прав. Го испраќаш Својот дух (здив), пак се создаваат.“

6. Каде одат мртвите кога умираат?

6. Каде одат мртвите кога умираат?

_____   Одговор
Забелешка:   Мртвите, праведни и неправедни, се во своите гробови и ќе го слушнат Исусовиот глас кој ги повикува да излезат од гробовите за да ја примат својата награда или пресуда.

7. Библијата јасно вели дека царот Давид е спасен. Дали тој сега се наоѓа на небото?

7. Библијата јасно вели дека царот Давид е спасен. Дали тој сега се наоѓа на небото?

_____   Одговор
Забелешка:   Не! Апостол Петар јасно цитира дека Давид е мртов и закопан - а не е жив на небото. Освен тоа, во Евреите 11:32-40 јасно стои запишано дека верните од сите векови сеуште ја немаат примено наградата, туку дека сите заедно ќе бидат наградени (стихови 39, 40).

8. Но зарем не е вистина дека душата е бесмртна и дека само телото умира?

8. Но зарем не е вистина дека душата е бесмртна и дека само телото умира?

_____   Одговор
Забелешка:   Ние сме души, а душите умираат. Човекот е смртник. Само Господ е бесмртен. Широко распространетото учење за бесмртноста на душата не може да се најде во Библијата. Ова учење е човечка измислица.

9. Кога на праведните ќе им биде дадена бесмртност?

9. Кога на праведните ќе им биде дадена бесмртност?

_____   Одговор
Забелешка:   Да, праведните ќе добијат бесмртност при воскресението. Неправедните никогаш нема да добијат.

10. Како Библијата често ја опишува смртта?

10. Како Библијата често ја опишува смртта?

_____   Одговор
Забелешка:   Библијата често ја опишува смртта како сон. Смртта е состојба на целосна бесвесност, каде што 15 минути или 1000 години се чинат исто. Мртвите едноставно „спијат“ во своите гробови се до воскресението, кога сите ќе бидат воскреснати од Исуса. Учењето дека духовите на умрените се небесни ангели, или пак некакви битија во облик на духови со кои што може да се контактира, е без основа во Библијата.

11. Бидејќи вражалците, вештерките и гледачите не можат да контактираат со мртвите, тогаш со кого всушност контактираат?

11. Бидејќи вражалците, вештерките и гледачите не можат да контактираат со мртвите, тогаш со кого всушност контактираат?

_____   Одговор
Забелешка:   Небесните ангели се нарекуваат „службени духови“ (Евреите 1:14) кои им помагаат на луѓето. Ангелите пак кои беа исфрлени од небото заедно со сатаната (Откровение 12:7-9) се исто така духови - зли духови кои ги мамат луѓето правејќи чуда (Откровение 16:13, 14). Тие се користат „со секаква сила, и со чудесни знаци и со лажни чуда“ (2 Солунјаните 2:9), а го можат дури и следново: „и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето“ (Откровение 13:13). Кога вражалците тврдат дека контактираат со духовите на умрените, тие во суштина имаат контакт со паднатите сатански ангели (Исаија 8:19, 20).

12. Зошто сатаната сака да веруваме дека духовите на умрените се навистина живи?

12. Зошто сатаната сака да веруваме дека духовите на умрените се навистина живи?

_____   Одговор
Забелешка:   Првата лага што сатаната му ја кажал на човештвото била: „Навистина, не ќе умрете!“ Битие 3:4. Тој сака луѓето да веруваат дека духовите на умрените се живи за да неговите ангели можат да се прикажуваат како светци, пророци и праведни водачи кои умреле и за да самиот тој може да се прикаже како ангел на светлината (2 Коринтјаните 11:13-15). На тој начин може да заблудува милиони луѓе. Користењето на овие зли духови се нарекува „спиритизам“. Тој се базира на следниве две работи: (1) мртвите се живи, и (2) тие можат да контактираат со вас, или пак вие со нив. Ова е едно од најопасните сатански учења. Но и покрај тоа денес скоро целиот свет верува така. Вражалката од Ен-Дор не го повикала Самуил, туку видела зол ангел кој се претставувал како Самуил.

13. Колку ефективно ќе биде користењето на сатаната на овие зли духови во последните денови?

13. Колку ефективно ќе биде користењето на сатаната на овие зли духови во последните денови?

_____   Одговор
Забелешка:   Со чудата (волшебствата) што сатаната, ќе ги прави преку своите зли ангели, тој ќе го заведе скоро целиот свет.

14. Како Бог гледа на ваквите чуда на злите ангели?

14. Како Бог гледа на ваквите чуда на злите ангели?

_____   Одговор
Забелешка:   Во времето на Мојсеј, Бог заповедал сите вражачи да се усмртат. Денес Тој инсистира дека вражањето е дело на телото, нешто за што луѓето ќе бидат уништени. Тој предупредува дека кога се бафтаме со вражачи ја напуштаме верата, а уште ни кажува и тоа дека сите вражачи ќе умрат со втората смрт во огненото езеро.

15. Која славна сила му ја нуди Господ на Својот народ?

15. Која славна сила му ја нуди Господ на Својот народ?

_____   Одговор
Забелешка:   Исус ни нуди сила за да живееме праведно, а тоа е истата онаа сила што Го дигна од мртвите. Неверојатно! Како можеме да не успееме со една таква неверојатна сила, која ни се дава и која не нè чини ништо? Исус, заради тоа што не сака, сериозно нè предупредува да се држиме настрана од чудотворната сила на злите ангели и ни нуди божествени чуда кои се потребни за да нè подготват за Неговото царство (Филипјаните 1:16).

16. Дали би сакал да ја прифатиш Христовата понуда која ќе ти ја даде силата на воскресение во твојот живот?

16. Дали би сакал да ја прифатиш Христовата понуда која ќе ти ја даде силата на воскресение во твојот живот?

_____   Одговор