Lesson 7Пред Мојсеј да му пристапи на египетскиот цар и да побара слобода за израелскиот народ, тој заедно со својот брат, Арон, имале средба со угнетуваните израелски водачи. На оваа нивна средба, Мојсеј и Арон го охрабриле народот да му се посвети на Бога и им порачале на Израелците дека Бог многу скоро ќе ги избави од ропството со Својата моќна рака.
Израелците работеле седум дена седмично за да ја исполнат тешката норма што им била наметната од Египјаните. Но после оваа средба со Мојсеја, тие очигледно решиле одново да започнат да одмараат секој седми ден. Токму затоа бесниот Фараон подоцна ќе им рече на Мојсеј и Арон: „ Вие сакате да ги остават работите (да одморат)! (Израелскиот збор за „одмор“ што е употребен овде е „шабат“, што значи „придонесува да се држи саботата.“)
Гневниот цар знаел дека мора да стори нешто драстично за да ја задржи оваа нација на робови под своја контрола. Затоа решил да ги загуши со работа и да им ги истисне од мислите и Бога и службата. Тој рекол: „ Не набавувајте му на овој народ плева како досега. Нека одат сами да си ја собираат. А барајте од нив исто количество плитари, што го правеа и досега. Не намалувајте го!“ Излез 5:7, 8
Како и во деновите на Мојсеј, Господ наскоро ќе стори големи нешта за Својот народ. Наскоро ќе биде избавен од ропството и ќе се упати кон небесниот Ханан. Уште еднаш денес, Бог се обидува да му го сврти вниманието на Својот народ кон важноста на саботната почивка.
1. Дали саботната почивка Бог ја воспоставил само за Израелците?
_____ Одговор
Забелешка: Кога Исус вели дека саботата е воспоставена за човекот, тој мисли на целото човештво - за сите луѓе, за сите времиња, на секое место.2. Кога Бог ја воспоставил саботата?
_____ Одговор
Забелешка: Саботата била воспоставена на крајот од седмицата на создавање.3. Кој ден во седмицата е сабота?
_____ Одговор
Забелешка: Три пати во Битие 2 глава, Бог ни кажува дека саботата ја воспоставил на седмиот ден од седмицата на создавањето. Тој исто така и ја „посветил“, што пак значи дека ја „одделил како посебен ден за света употреба.“ Бог ја создал саботата како 24-часовен временски период, затоа што токму времето е потребно за да се развие вистинска врска на љубов со Исуса. Ѓаволот, исто како и Фараонот на Египет, сака да нè држи постојано зафатени со работа за да не мислиме на Бога. Знаејќи колку презафатени со работа ќе бидат луѓето од последното време, Бог одвоил посебни 24 часа седмично за да биде со Своите, и да може да се запознае со нив. Тој ја закажал таа седмична средба со тебе. Немој да пропуштиш да се сретнеш со Него!4. Како Бог ја покажал важноста на Својата света сабота?
_____ Одговор
Забелешка: Во Излез 20:8-11 е запишана четвртата заповед од Божјиот Закон. Вбројувајќи ја саботата како една од Неговите Десет заповеди, Тој ја покажал нејзината огромна важност. Во 10-тиот стих таа е наречена „сабота Господова, на твојот Бог.“ Само четвртата заповед започнува со зборот „помни“, укажувајќи на тоа дека Бог знаел дека луѓето ќе ја заборават. Кршењето на Божјиот Закон е грев (1 Јованово 3:4). Но Исус умре за да го спаси Својот народ од нивните гревови, односно од прекршокот на Законот (Матеј 1:21).5. За кои две драгоцени нешта Господ вели дека саботата е знак?
_____ Одговор
Забелешка: Бог вели дека саботата е знак за Неговата моќ како Создател и Откупител. Во Откровение 14:6-14, Бог дава три важни пораки кои треба да бидат објавени „на жителите на земјата: и на секоја народност и на секое племе и јазик и народ.“ стих 6-ти. Првата порака е запишана во 7-иот стих: „Бојте се од Бога и подајте Му слава, зашто дојде часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној, Кој го создал небото и земјата, морето и водните извори.“ Овој апел за враќање на вистинското служење е извлечен токму од четвртата заповед: „Зашто во шест денови Господ ги направи небото и земјата, морето и сè што е во нив, а во седмиот ден се одмори.“ Излез 20:11.6. Кој ден го празнувал Исус?
_____ Одговор
Забелешка: Исус е наш пример (1 Петрово 2:21) во сè, вклучувајќи го и празнувањето на саботата, што всушност било Негов обичај. „Обичај“ е редовна навика. Христијаните треба да одат како што одеше Тој (1 Јованово 2:6).7. Каков обичај имал Павле кога е во прашање саботата?
_____ Одговор
Забелешка: И Павле исто така имал обичај да ја празнува саботата.8. Дали апостолите во саботен ден се среќавале и со незнабошците?
_____ Одговор
Забелешка: Во една друга прилика, апостолите во саботен ден покрај реката имале средба со група на незнабожечки жени, затоа што во градот немало синагога (Дела 16:13).9. Дали Исус имал намера Неговиот народ да ја слави саботата и по Неговата смрт на крстот?
_____ Одговор
Забелешка: Исус го претскажал падот на Ерусалим, за кого што знаел дека ќе се случи во 70-та година од нашата ера (околу 40 години подоцна). Но Тој ги советувал да се молат за да не мора да бегаат од освојувачите во саботен ден. Јасно е дека Исус очекувал од Своите да ја празнуваат саботата долго после Неговата смрт.10. Дали Библијата учи дека Божјиот народ во последното време исто така ќе ја празнува Неговата сабота?
_____ Одговор
Забелешка: Горе наведените стихови очигледно се однесуваат на Божјата црква на последокот, и секој стих поединечно јасно укажува на тоа дека Божјата црква на последокот ги држи Неговите заповеди, каде што секако е вклучена и четвртата заповед, саботата.11. Дали сите спасени на небото ќе ја празнуваат саботата?
_____ Одговор
Забелешка: Библијата вели дека сите спасени од сите векови заеднички ќе ја празнуваат саботата на небо и на новата земја.12. Дали можеме да бидеме сигурни дека денешниот седми ден во седмицата (сабота) е истата онаа сабота што и Исус ја празнувал?
_____ Одговор
Забелешка: Исус беше распнат во петокот (денот на подготовка), денот пред саботата (Марко 15:42). Исус почивал во гробот во саботата според заповедта (Лука 23:56), потоа воскреснал на првиот ден - денот после саботата (Марко 16:1-6). Христијаните ширум светот сеуште го слават тој ден како ден на воскресение (Велигден). Библијата јасно покажува дека саботата е денот после петок а пред недела. Лесно е да го лоцираме тој ден на било кој календар. (Види го додатокот со наслов „Што вели речникот„ и Зарем календарот не е променет?“)13. Дали Бог дозволува некој да го промени Неговиот свет ден?
_____ Одговор
Забелешка: Непосредно пред Бог да ги објави Десетте заповеди, онака како што се запишани во Второзаконие 5-та глава, Тоj свечено предупредил дека никој не смее да „додава“ ниту пак да „одзема“ од нив (Второзаконие 4:2). Напротив, заповедите требало да се почитуваат прецизно како што Бог ги дал. Бог ја благословил Својата сабота (Излез 20:11), а кога Тој благословува нешто, тоа е благословено засекогаш (1 Летописи 17:27). Господ вели: „Нема да го нарушам Мојот Завет и не ќе го одречам Моето ветување.“ Псалм 89:34. Заблудени луѓе признаваат дека ја промениле Божјата света сабота во недела. Но Бог нема да прифати човечки науки, Тој ни ја дал Библијата да биде наш водич.14. Кога започнува и завршува саботата?
_____ Одговор
Забелешка: Саботата започнува со зајдисонце во петок а завршува со зајдисонце во сабота.15. Кој ден е Господов ден во Откровение 1:10?
_____ Одговор
Забелешка: И во Стариот и во Новиот завет, Бог саботата ја нарекува Господов ден. Тој исто така им заповеда на луѓето и ги предупредува да не учинат грев со тоа што ќе ја прекршат саботата (Исаија 58:1, 13). Господ објавува дека Неговата света сабота е за сите (Исаија 56:2-7). Библијата никогаш неделата не ја ословува како Господов ден. Таа е едноставно еден од шесте работни дена од седмицата (Езекиел 46:1). Тоа било така од секогаш.16. Каков благослов ни е ветен во четвртата заповед?
_____ Одговор
Забелешка: Секоја од Десетте заповеди има свое духовно значење. Некои легалистички христијани се фокусираат на словото на Законот и го запоставуваат духот на Законот. Исус сака да ги имаме и двете за да одржуваме рамнотежа (Матеј 5:21, 22, 27, 28). Библијата често го користи терминот „одмор„ укажувајќи на спасението. Евреите 4:1, 4, 9, 10 ни вели дека оние кои вистински ќе влезат во „починката“ на обратувањето и кои пребиваат во Христа ќе ја празнуваат саботата како симбол на христијанска починка.17. Бидејќи Исус ја дал саботата како знак за Неговата моќ да создава и посветува, дали би сакал да започнеш да ги примаш благословите од Неговиот свет ден славејќи го во Негова чест.
_____ Одговор