Get the daily devotional to your inbox
Looks good!
Please enter a valid email address.
Looks good!
Please confirm your email address.

Бунтовниот Принц

Бунтовниот ПринцLesson 4

Introduction
Aвесалом бил најубавиот, најснаодливиот и најамбициозниот од Давидовите синови. Библијата вели: „ Во сиот Израел немаше човек толку убав како Авесалома, кому би можеле да се искажат толку пофалби: од одот на ногата негова до врвот на главата негова, во него немаше недостаток.“ 2 Самуилова 14:25.

Но овој решителен млад принц сакал повеќе од само обожување на неговата импресивна појава. Тој ја посакувал моќта на престолот на својот татко. Тој по секоја цена сакал да стане цар на Израел. Најнапред Авесалом го убил својот постар брат, Амнон, откако овој ја злоупотребил својата сестра Тамара. Амнон бил првородениот Давидов син и можниот Давидов наследник на престолот. Потоа, откако Авесалом успеал да си ги поврати симпатиите кај својот татко почнал суптилно да сее семе на сомнеж во целото царство против Давидовото владеење, неговите судови и закони и така „ги придобиваше срцата на Израелците за себе.“ 2 Самуилова 15:6.

Конечно, неговиот злотворен план избил во отворен бунт откако Авесалом се обидел да го убие и својот сопствен татко и да го грабне царството. Давид и неговите следбеници биле приморани да избегаат од Ерусалим. Но по една жестока бoрба после само неколку дена, Давид повторно се чувствувал сигурен на својот престол, а убавиот принц Авесалом бил погубен.

Навистина една тажна случка, но ова не било првото такво разидување во едно царско семејство. Во едно друго големо царство уште многу одамна, многу слични настани го предизвикале најтрагичниот бунт на сите времиња. Тоа царство се викаше Небеса!
1. Кое било името на бунтовниот принц на Небото, и зошто се случил бунтот?

1. Кое било името на бунтовниот принц на Небото, и зошто се случил бунтот?

_____   Одговор
Забелешка:   Луцифер бил најмоќното и најубавото од сите Божји созданија. Тој бил најголем меѓу ангелите и најверојатно го предводел и небесниот хор. Но дозволил неговата убавина да го исполни со гордост. (Види го додатокот под наслов "Сатаната симболизиран преку царевите на Тир и Вавилон.")

2. Дали Бог создал ѓавол кога го создал Луцифер?

2. Дали Бог создал ѓавол кога го создал Луцифер?

_____   Одговор
Забелешка:   Бог создал совршен ангел кој, по своја сопствена волја, одлучил да стане ѓавол. Можеби е тешко да се замисли, но доколку би го познавале Луцифер пред неговиот пад, ние би го сакале. Не знаеме точно колку долго, но многу веројатно е дека Луцифер со еони со задоволство му служел на Господа пред да почне да негува семе на гордост и огорченост во своето срце. Господ можел сите созданија да ги направи како роботи, но роботот не може да сака. Вистинската љубов мора да биде спремна на ризици. Од овие причини родителите одлучуваат да имаат деца, знаејќи дека може некогаш да се случи тие да одлучат да покажат непослушност.

Бог му дозволил на Луцифер да ја покаже својата бунтовност од повеќе причини. Прво, засекогаш да одговори на прашањата од типот, дали Бог ги создал своите созданија со право на избор. Второ, доколку Бог го уништел Луцифер веднаш откако тој почнал да шири сомнежи за Божјата љубов и владеење, со тоа засекогаш би оставил неодгатнати прашања во умовите на останатите интелегентни созданија. Тие би можеле да си мислат: „Можеби Луцифер е во право.“ Затоа, на Луцифер му било дозволено да ги покаже страшните резултати на гревот. И најпосле, Бог не сака неговите созданија да му бидат послушни само затоа што Тој би ги казнил за непослушност. Тој сака да му бидеме послушни од љубов а не од страв.

3. Што се случило најпосле?

3. Што се случило најпосле?

_____   Одговор
Забелешка:   Најпосле Луцифер заедно со ангелите што застанале на негова страна биле исфрлени од небото.

4. Кои моќни суштества делуваaт под водство на ѓаволот?

4. Кои моќни суштества делуваaт под водство на ѓаволот?

_____   Одговор
Забелешка:   Сатаната е толку итар што успеал да наговори една третина од небесните ангели да му се придружат во бунтот против Бога. Сега познати како „ѓаволи“ и „демони“, овие паднати ангели го спроведуваат планот на сатаната. Во нашата случка со Авесалом, забележавме дека и тој лично завршил многу малку од својата валкана работа. Авесалом им наложил на своите слуги да му ги спроведуваат неговите желби.

2 Самуилова 13:28 И им заповеда на своите слуги вака: „Внимавајте! Кога ќе му се развесели срцето на Амнон од вино ...... тогаш погубете го! Не бојте се, зашто така ви заповедам!

2 Самуилова 14:30 Тогаш Авесалом им нареди на слугите: „Гледајте, Јоавовото поле, е покрај моето, ...... отидете и запалете го!“

5. Какви методи користи сатаната во својата работа?

5. Какви методи користи сатаната во својата работа?

_____   Одговор
Забелешка:   Во извесна смисла, сатаната имал предност пред Бога во борбата помеѓу доброто и злото. Бог се користи само со вистината, но сатаната може да се користи и со вистината и со лаги на секаков начин, само за да ги оствари своите цели. (Вид го додатокот под наслов "Очекувај го Неочекуваното.")

6. Кога ѓаволот е најопасен?

6. Кога ѓаволот е најопасен?

_____   Одговор
Забелешка:   Како што постапил и сатаната, исто така и Авесалом се преправал дека ги сака луѓето и пројавил интерес за нивното добро само за да ги измами.

2 Самуилова 15:5, 6 А кога некој ќе му се доближеше, за да му се поклони, тој би ја испружил раката, ќе го привлечеше кон себе и ќе го пољубеше. Така правеше Авесалом со сите Израелци кои доаѓаа на суд кај царот. Со тоа Авесалом ги придобиваше срцата на Израелците за себе.

Сатаната е најопасен кога позира како духовно суштество работејќи внатре во црквата. (Види го додатокот под наслов "Брилијантниот Ангел.")

7. Дали сатаната ја знае Библијата?

7. Дали сатаната ја знае Библијата?

_____   Одговор
Забелешка:   Ѓаволот е експерт во цитирање и погрешно цитирање на Библијата имајќи за цел да ги заведе луѓето. Затоа е неопходно Божјиот народ да ја знае Библијата за себе за да избегне да биде заведен.

8. Кого ѓаволот најмногу мрази на Земјата?

8. Кого ѓаволот најмногу мрази на Земјата?

_____   Одговор
9. Кои две смртоносни животни ги користи Библијата за да го претстави сатаната?

9. Кои две смртоносни животни ги користи Библијата за да го претстави сатаната?

_____   Одговор
Забелешка:   И лавовите и змиите се користат со измама и диверзија за да го фатат својот плен. Како и ѓаволот, и тие одненадеш скокаат на жртвите и се немилосрдни и рамнодушни на болка.

10. Кој е единствениот начин на кој можеме да му се спротивставиме на сатаната?

10. Кој е единствениот начин на кој можеме да му се спротивставиме на сатаната?

_____   Одговор
Забелешка:   Најдобар начин да Му се приближите на Бога е преку молитва и имање желба да Го запознаете преку Неговото Слово.

11. Како Исус им се спротивставил на нападите на ѓаволот?

11. Како Исус им се спротивставил на нападите на ѓаволот?

_____   Одговор
Забелешка:   Единствено можеме да бидеме безбедни од итрите измами на сатаната доколку го запазиме Божјото Слово во нашите умови, кое на тој начин ќе нè чува од гревот. Истите средства што Исус ги користел во борбата против ѓаволот се потребни и ни се достапни и нам денес.

Псалм 119:11 Во срцето го запазив Твојот збор, за да не згрешам против Тебе.

Eфесјаните 6:11 Облечете се во сето Божјо оружје, за да можете да им се спротивставите на измамите на ѓаволот.

12. На кој начин конечната судбина на сатаната ќе наликува на онаа на Авесалом?

12. На кој начин конечната судбина на сатаната ќе наликува на онаа на Авесалом?

_____   Одговор
13. Дали некогаш ѓаволот повторно ќе се појави да го искушува Божјиот народ?

13. Дали некогаш ѓаволот повторно ќе се појави да го искушува Божјиот народ?

_____   Одговор
14. Како се чувствува Бог во поглед на уништувањето на злите?

14. Како се чувствува Бог во поглед на уништувањето на злите?

_____   Одговор
Забелешка:   Бога длабоко го повредува помислата што ќе мора да ги уништи неправедните. Всушност Библијата уништувањето на неправедните го нарекува Негово „чудно дело“ затоа што тоа му е страно на Неговата природа. (види Исаија 28:21)

15. Како реагирал Давид кога разбрал дека неговиот бунтовен син Авесалом бил погубен?

15. Како реагирал Давид кога разбрал дека неговиот бунтовен син Авесалом бил погубен?

_____   Одговор
16. Дали денес ќе избереш да го сакаш и да Му служиш?

16. Дали денес ќе избереш да го сакаш и да Му служиш?

_____   Одговор