Get the daily devotional to your inbox
Looks good!
Please enter a valid email address.
Looks good!
Please confirm your email address.

Назад кон Ерусалим

Назад кон ЕрусалимLesson 2

Introduction
Исусовите ученици биле целосно потиштени. Сите нивни надежи и соништа за новото Господово царство биле заковани на крстот претходниот петок. Натоварени со болка и збунетост, Клеопа со својот сопатник пополека патувале по патот од Ерусалим кон своите домови во малото гратче Емаус на оддалеченост од околу 10 километри. Како што сонцето заоѓало тоа неделно попладне а тие газеле по нерамниот пат, им се придружил еден странец. Не ни насетувале дека овој сопатник е всушност лично воскреснатиот Господ. Без да обратат поголемо внимание на нивниот сопатник, двајцата разочарани ученици ги прераскажувале зачудувачките случувања од тој викенд, чувствувајќи се сè повеќе очајни со секој чекор.

Исус тивко ги слушал и очајно копнеел да им се открие на Своите потиштени пријатели. Но Господ намерно го прикрил Својот вистински идентитет затоа што сега, повеќе од кога било, им било потребно да ги разберат Писмата. Доколку Исус им дозволил да го препознаат Кој всушност е, тие би биле далеку превозбудени за да ги слушаат важните вистини што Тој имал да ги сподели со нив.

Дури и после три и пол години слушање на Неговите поуки и проповеди, тие сè уште не можеле да ја разберат природата на Неговата мисија. Тој јасно им кажал: „Човечкиот Син ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат и откако ќе Го убијат, Тој ќе воскресне на третиот ден. Но тие не го разбраа тој збор, а се боеја да Го прашаат.“ Марко 9:31, 32. Исус благо го прекинал нивниот тажен разговор, и во следните два часа им ги покажал клучевите за разбирање на Писмата и пророштвата.
1. Колку од Библијата ни е заповедано да веруваме?

1. Колку од Библијата ни е заповедано да веруваме?

_____   Одговор
Забелешка:   Сите Божји списи (света вистина) се содршат во Стариот и Новиот Завет. Клучевите за разбирање на пророштвата од Откровението највеќе можат да се најдат во сториите од Стариот Завет. Како на пример, од сите 404 стиха на Откровението, 278 од нив се одек од други случувања и пророштва на Стариот Завет.

2. Кој според Исус се открива преку Писмата и пророштвата?

2. Кој според Исус се открива преку Писмата и пророштвата?

_____   Одговор
Забелешка:   Централниот лик во целото Писмо и пророштвата е Исус. Овие воодушевувачки лекции ќе обработат многу теми од пророштвата, но имајте на ум дека главната цел на книгите на Даниел и Откровение е Исус Христос и Неговото царство.

3. Кое друго име за Исуса се користи во Библијата?

3. Кое друго име за Исуса се користи во Библијата?

_____   Одговор
4. Какви луѓе користел Бог за да ја напише Библијата?

4. Какви луѓе користел Бог за да ја напише Библијата?

_____   Одговор
5. Вечниот живот доаѓа од спознавањето на Исуса (Јован 17:3). Како бил препознаен Исус од Своите ученици?

5. Вечниот живот доаѓа од спознавањето на Исуса (Јован 17:3). Како бил препознаен Исус од Своите ученици?

_____   Одговор
Забелешка:   Во Библијата, лебот е симбол за Божјото Слово. Исус кажал: „ Напишано е: ‘Човекот не ќе живее само од леб, туку од секој збор, што излегува од устата на Бога’.“ Матеј 4:4. Со читањето, разработувањето и следењето на Библијата, ние добиваме сила, радост, мир и вечен живот.

6. Од колкава важност е  проучувањето на Библијата за еден христијанин?

6. Од колкава важност е проучувањето на Библијата за еден христијанин?

_____   Одговор
Забелешка:   Ѓаволот ја мрази Библијата и би сторил се за да ги одврати луѓето од помислата да ја читаат. Тој знае дека библиските пророштва ги откриваат неговите планови за измама на човештвото. Затоа немојте да се изненадувате ако ѓаволот се обидува да ве одвраќа од проучувањето на овие лекции или пак се обидува да ве заокупира со други нешта. Бог ќе го отвори патот за оние кои ја бараат вистината да можат да ја најдат.

7. Кој ни помага да ја разбереме Библијата?

7. Кој ни помага да ја разбереме Библијата?

_____   Одговор
8. Што треба да правам за да бидам сигурен дека Светиот Дух ме води во проучувањето на Библијата?

8. Што треба да правам за да бидам сигурен дека Светиот Дух ме води во проучувањето на Библијата?

_____   Одговор
Забелешка:   Дел од работата на Светиот Дух е да ни помогне да ги разбереме вистините на Светото Писмо. Затоа секогаш пред да ја отвориме Божјата книга треба да бараме Светиот Дух да не води во проучувањето. Можам да бидам сигурен дека Светиот Дух ме води во моето проучување ако (1) побарам Негово водство, и ако (2) сакам да ја прифатам и да ја следам вистината што Тој ми ја открива.

9. Од каква помош за нас е проучувањето на Словото со молитва?

9. Од каква помош за нас е проучувањето на Словото со молитва?

_____   Одговор
10. Каков метод на проучување препорачува Библијата?

10. Каков метод на проучување препорачува Библијата?

_____   Одговор
Забелешка:   Мораме да ги отстраниме нашите сопствени идеи и да ја проучуваме Библијата читајќи сè што ќе најдеме во Писмата на некоја одредена тема („малку тука, малку таму“) и споредувајќи стих со стих. Треба да и дозволиме на Библијата самата за себе да зборува. Кога вака постапуваме вистината секогаш јасно излегува на виделина. Така и Исус ги убедил двајцата ученици на патот кон Емаус дека Тој навистина е Месијата (Лука 24:27).

11. Каква придобивка имаме од проучувањето на Библијата?

11. Каква придобивка имаме од проучувањето на Библијата?

_____   Одговор
Забелешка:   Библијата ни помага да го разбереме големиот Божји план за спасение – најважната вест која било кога им била дадена на смртниците.

12. Според Исуса, каде ја наоѓаме вистината?

12. Според Исуса, каде ја наоѓаме вистината?

_____   Одговор
Забелешка:   Ние вистината ја наоѓаме во Божјото Слово – Библијата. Вистината е редок артикл во денешниов свет, и како резултат на тоа сите луѓе на земјата страдаат. Вистината за сето она што навистина е важно може да се најде во Библијата. Проучувањето и следењето на нејзините совети ги ослободува луѓето (Јован 8:32) им носи радост и изобилен живот (Јован 15:11).

13. Какви предупредувања во поглед на проучувањето на Писмата се дадени во Библијата?

13. Какви предупредувања во поглед на проучувањето на Писмата се дадени во Библијата?

_____   Одговор
Забелешка:   „Правилно проповедање на словото на вистината“ значи точно и верно негово интерпретирање. Постои голема опасност во извртување на Писмото за да тоа го добие значењето што нам ни одговара. Она што јас го велам за Библијата е од мала важност. Важно е она што самото Писмо го вели за себе.

14. Како треба да ги испитуваме сите верски учења и доктрини?

14. Како треба да ги испитуваме сите верски учења и доктрини?

_____   Одговор
Забелешка:   Сите верски учења треба да бидат испитани преку Библијата. Ако некое учење нема јасна подршка во Библијата, тоа е погрешно и треба да биде напуштено.

15. Што се случило откако Исус им ги протолкувал Писмата на Своите двајца ученици на патот кон Емаус?

15. Што се случило откако Исус им ги протолкувал Писмата на Своите двајца ученици на патот кон Емаус?

_____   Одговор
16. Откако овие двајца ученици дознале дека Исус е жив и откако Го слушнале како им ги толкува пророштвата, што направиле?

16. Откако овие двајца ученици дознале дека Исус е жив и откако Го слушнале како им ги толкува пророштвата, што направиле?

_____   Одговор
Забелешка:   Една од првите реакции на овие ученици откако го слушнале Исуса како ги толкува Писмата била големата желба да ја споделат радосната вест со другите. Се надеваме дека и ваша желба е да ги поканите своите пријатели да ви се приклучат во проучувањето на овие динамични библиски лекции.

17. Дали имаш желба целосно да гo разбереш и следиш Светото Писмо?

17. Дали имаш желба целосно да гo разбереш и следиш Светото Писмо?

_____   Одговор