Get the daily devotional to your inbox
Looks good!
Please enter a valid email address.
Looks good!
Please confirm your email address.

Точка од која нема враќање

Точка од која нема враќањеLesson 27

Кога еден падобранец ќе се приближи до вратата на авионот и скокне од него, тој знае дека веќе не може да се врати назад. Кога ќе започне да паѓа доколку не го отвори падобранот, ништо друго не може да го спаси и тој сигурно ќе заврши со ужасна смрт. Каква трагедија! Но постои нешто полошо што може да и се случи на една личност. Навистина, далеку полошо е да се дојде до точка од која нема враќање во твојата врска со Бога. Но сепак милиони се приближуваат кон таа точка, а за тоа немаат поим! Дали е можно да си ти еден од нив? Кој е тој ужасен грев што води кон таква судбина! Зошто Бог не може да го прости таквиот грев? За јасен и продорен одговор, но сепак полн со надеж, те повикуваме да поминеш одредено време проучувајќи ја оваа фасцинантна лекција.

1. Кој е гревот што Бог не може да го прости?

"Секој грев и хула ќе им се простат на луѓето, но хулата против Духот нема да биде простена." Матеј 12:31.

Одговор:   Гревот што Бог не може да го прости е “хулата против Светиот Дух.” Но што значи тоа “хула против Светиот Дух”? Луѓето имаат многу различни верувања во врска со тој грев. Некои веруваат дека тој е убиство; некои велат делат дека тоа е проколнување на Светиот Дух; некои, извршување на самоубиство; некои, убивање на неродено дете; некои, одрекување од Христа; некои, гнасен, ужасен, крајно зол акт; и други, обожување на лажен бог! Следното прашање ќе ни пружи светлина на овој клучен предмет.

Убиството, и покрај тоа што е ужасен грев, не е гревот, кој Бог не може да го прости.
Убиството, и покрај тоа што е ужасен грев, не е гревот, кој Бог не може да го прости.

2. Што вели Библијата за гревот и хулата?

"Секој грев и хула ќе им се простат на луѓето." Матеј 12:31.

Одговор:   Библијата јасно вели дека сите видови на грев и хула можат да бидат простени. Така што ниту еден од гревовите споменати во претходниот одговор не се грев што Бог не може да го прости. Ниту еден поединечен акт од било кој вид не претставува неопростлив грев.

Звучи контрадикторно
Да, тоа звучи контрадикторно, но двете од следните изјави се вистинити:

A. Било кој и секој вид на грев и хула можат да бидат простени.

Б. Хулата или гревот против Светиот Дух не може да биде простен.

Исус ги кажал двете изјави
Исус ги кажал тие две изјави во Матеј 12:31, така што тука не постои заблуда. За да се хармонизираат тие изјави, ние мора да ја откриеме работата на Светиот Дух.

Светиот Дух ги води луѓето кон библиската вистина.
Светиот Дух ги води луѓето кон библиската вистина.

3. Каква е работата на Светиот Дух?

"А кога ќе дојде Тој (Светиот Дух), ќе го увери светот за гревот, за праведноста и за судот." "Тој ќе ве упати во секоја вистина." Јован 16:8, 13.

Одговор:   Одговор: Работата на Светиот Дух е да ме увери за грев и да ме води во сета вистина. Светиот Дух е Божјото средство за обраќање. Без Светиот Дух, никој не би чувствувал жал за гревот, ниту пак некој би бил обратен.

Бог ќе го прости секој грев што јас Нему му го исповедам.
Бог ќе го прости секој грев што јас Нему му го исповедам.

4. Кога Светиот Дух ќе ме увери за гревот, што морам да направам за да ми биде простено?

"Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен да ни ги прости гревовите и да нè исчисти од секаква неправедност." 1. Јован 1:9.

Одговор:   Кога ќе бидам уверен од Светиот Дух, јас морам да ги исповедам моите гревови за тие да бидат простени. Кога јас ги исповедам, Бог не само што ми простува туку исто така Тој на чудесен начин ме очистува од сета неправедност. Бог чека и е подготвен да ми прости од било кој и од секој грев што јас сум го извршил (Псалм 86:5), но само ако јас го исповедам и оставам истиот.

Оние што го покриваат својот грев наместо да го исповедаат, нема да бидат благословени од Бога.
Оние што го покриваат својот грев наместо да го исповедаат, нема да бидат благословени од Бога.

5. Што се случува доколку јас не ги исповедам моите гревови кога ќе бидам убеден од страна на Светиот Дух?

"Кој ги крие своите престапи нема да напредува, а кој ги исповеда и се одречува од нив, наоѓа милост." Изреки 28:13.

Одговор:   Доколку јас не ги исповедам моите гревови, Исус не може да ми ги прости моите гревови. Така, било кој грев што јас не го исповедам, станува неопростлив сè додека јас не го исповедам, затоа што простувањето секогаш следи по исповедањето. Тоа никогаш не му претходи.

Ужасна опасност од противење на Светиот Дух
Противењето на Светиот Дух е ужасно опасно, затоа што лесно може да води до отфрлање на Светиот Дух, што е грев кој Бог не може да го прости. Тоа значи пречекорување на точката од која нема враќање. Заради тоа што Светиот Дух е единствено средство дадено за да увери за гревот, доколку јас постојано го отфрлам Него, мојот случај е безнадежен. Овој предмет е толку важен што Бог го илустрира и објаснува на многу различни начини во Библијата. Обрни внимание на тие различни објаснувања, како што ќе продолжиш да ја проучуваш оваа лекција.

Кога ќе бидам убеден за гревот од страна на Светиот Дух, јас треба веднаш да се отповикам.
Кога ќе бидам убеден за гревот од страна на Светиот Дух, јас треба веднаш да се отповикам.

6. Кога Светиот Дух ќе ме убеди за грев или ме води кон нова вистина, кога јас треба да почнам да делувам?

Одговор:   Библијата вели:

A. "Тогаш кога ќе слушнат за мене, тие ќе ми бидат послушни." Псалм 18:44.

Б. "Побрзав и не се двоумам да ги пазам Твоите заповеди." Псалм 119:60.

В. "Ете, сега е благопријатно време, ете, сега е денот на спасение." 2. Коринтјаните 6:2.

Г. "И што се двоумиш сега? Стани, крсти се и измиј се од своите гревови, повикувајќи го името на Господа." Дела 22:16.

Библијата повеќепати вели дека, кога јас сум убеден за некој грев, јас морам веднаш да го исповедам. И кога јас ќе научам некоја нова вистина, јас мора да ја прифатам без одложување.

Бог ги предупредил луѓето во деновите на Ное дека Светиот Дух нема засекогаш да се застапува за нив; истото нема да се случи ни денес.
Бог ги предупредил луѓето во деновите на Ное дека Светиот Дух нема засекогаш да се застапува за нив; истото нема да се случи ни денес.

7. Какво свечено предупредување дава Бог во поглед на молбите на Неговиот Свет Дух?

"Мојот Дух нема засекогаш да се застапува со човекот." Битие 6:3.

Одговор:   Бог свечено предупредува дека Светиот Дух не се застапува неограничено за една личност, која не се одвраќа од гревот и му е послушен на Бога.

Изгаснувањето на алармот наместо да се стане, ќе ме донесе до состојба кога јас повеќе нема да го слушам. На ист начин, затворањето на вратата на Светиот Дух ќе причини јас еден ден да бидам глув за Неговиот глас
Изгаснувањето на алармот наместо да се стане, ќе ме донесе до состојба кога јас повеќе нема да го слушам. На ист начин, затворањето на вратата на Светиот Дух ќе причини јас еден ден да бидам глув за Неговиот глас

8. Во кој момент Светиот Дух престанува да се застапува за една личност?

"Затоа ним Јас им зборувам во параболи: затоа што тие слушаат и не чујат." Матеј 13:13.

Одговор:   Светиот Дух престанува да му зборува на една личност, кога таа личност станува глува за Неговиот глас. Библијата го опишува тоа како со слушање, а не чуење. Не постои причина, на еден часовник да се намести алармот во собата на глув човек. Тој нема да го слушне. Исто така, една личност може да дојде во состојба да не го слуша алармот, кога тој на повеќе пати го гасне истиот кога тој свири на одреденото време. Конечно доаѓа ден кога алармот се вклучува, а човекот не може да го слушне.

Не го гаснете Светиот Дух
Истото се случува и со Светиот Дух. Доколку продолжуваме да го занемаруваме Неговиот глас, еден ден Тој ќе ми зборува мене и јас нема да можам да го слушнам Него. Кога тој ден доаѓа, Светиот Дух во жал се повлекува од мене, затоа што јас сум станал глув за Него. Јас имам зачекорено зад точката од која нема враќање. Какво свечено, тревожно предупредување против противењето на гласот на Духот!

Кога ќе примам нова светлина од Божјиот Збор, јас морам да ја следам веднаш без одложување
Кога ќе примам нова светлина од Божјиот Збор, јас морам да ја следам веднаш без одложување

9. Бог, преку Неговиот Свет Дух донесува светлина (Јован 1:9) и уверување (Јован 16:8) до секоја личност на оваа земја. Што треба јас да направам кога ќе примам светлина од Светиот Дух? .

"А патеката на праведникот е како светлина на разденувањето, што е сè појасна до полниот ден." Изреки 4:18, 19. "Одете додека ја имате Светлината, за да не ве зафати темнината." Јован 12:35.

Одговор:   Библијата вели дека кога Светиот Дух ќе донесе нова светлина или убедување за грев, јас морам веднаш да делувам - да бидам послушен без одложување. Доколку јас сум послушен и чекорам во светлината која ми е дадена, Бог ќе продолжи да ми дава светлина. Но доколку јас одбијам, дури и светлината која ја имам ќе изгасне, и јас ќе бидат оставен во темнина. Темнината која доаѓа од постојано и крајно одбивање да се следи светлината, е резултат на отфрлање на Духот, и тоа ме остава без надеж.

Дали може било кој грев да биде грев против Светиот Дух?

 

Неопростивлиот грев на Јуда беше алчноста за пари, затоа што тој одби истиот да го исповеда и остави.
Дали може било кој грев да биде грев против Светиот Дух? Неопростивлиот грев на Јуда беше алчноста за пари, затоа што тој одби истиот да го исповеда и остави.

10. Дали може било кој грев да биде грев против Светиот Дух? Неопростивлиот грев на Јуда беше алчноста за пари, затоа што тој одби истиот да го исповеда и остави.

Одговор:   Да, доколку јас цврсто одбивам да го исповедам и оставам мојот грев, јас конечно ќе станам глув за молбите на Светиот Дух и така ќе ја пречекорам точката од која нема враќање. Следат неколку примери од Библијата:

A. Неопростливиот грев на Јуда бил алчноста (Јован 12:6). Зошто? Затоа што Бог не можеше да го прости? Не! Тој стана неопростлив само затоа што Јуда одби да го слуша Светиот Дух и да го исповеда својот грев на алчност. На крај, тој станал глув за гласот на Духот.

Б. Неопростливите гревови на Луцифер биле гордоста и самовозвишувањето (Исаија 14:12-14). Бог може да ги прости тие гревови. На Луцифер можело да му биде простено и да биде исчистен, но тој одбил да слуша сè додека повеќе не го слушал гласот на Духот.

В. Неопростливиот грев на фарисеите било тоа што тие одбивале да го прифатат Исус како Месија (Марко 3:22-30). Тие биле повеќе пати убедени за тоа со длабоко, сесрдно убедување дека Исус бил Месијата – Синот на живиот небесен Бог. Но тие ги затврднале своите срца и тврдоглаво одбиле да го прифатат Него како Спасител и Господ. Тие станувале глуви за гласот на Духот. Тогаш еден ден, по едно големо чудо од Христа, фарисеите му рекле на мноштвото дека Исус ја примил Својата сила од ѓаволот. Христос веднаш им кажал дека тоа што тие Неговата сила која извршувала чуда му ја припишале на ѓаволот, покажува дека тие имаат зачекорено зад точката од која нема враќање и похулиле на Светиот Дух. Бог би сакал и радосно би им простил. Но тие одбиле сè додека тие не биле целосно глуви за Светиот Дух и повеќе не можело да се допре до нив..

Јас не можам да ги одберам последиците
Кога Светиот Дух го прави Својот апел, јас можам да одберам да се отповикам или одбијам, меѓутоа јас не можам да ги одберам последиците. Тие се непроменливи. Доколку јас постојано се одѕивам, јас ќе станам како Христа. Светиот Дух ќе ме запечати или забележи на челото како дете Божје (Откровение 7:2,3), и така ќе ме увери за место во Божјото небесно царство. Доколку јас постојано одбивам да се отповикам, јас ќе го разжалостам Светиот Дух и одвратам од мене и Тој ќе ме напушти засекогаш, така запечатувајќи ја мојата судбина. Какво свечено предупредување против игнорирање на Светиот Дух!

Царот Давид знаел дека доколку биде напуштен од Светиот Дух, тој ќе биде загубен. Затоа тој го молел Бога да не го одземе Неговиот Свети Дух
Царот Давид знаел дека доколку биде напуштен од Светиот Дух, тој ќе биде загубен. Затоа тој го молел Бога да не го одземе Неговиот Свети Дух

11. Откако царот Давид извршил ужасен двоен грев на прељуба и убиство, со каква молитва на агонија се молел тој?

"Не го земај Твојот Свети Дух од мене." Псалм 51:11.

Одговор:   Тој го молел Бога да не го зема Светиот Дух од него. Зошто? Затоа што Давид знаел дека ако Светиот Дух го напушти, од тој момент тој би бил напуштен. Тој знаел дека само Светиот Дух може да го води до покајание и обнова и тој треперел при помислата да стане глув за Неговиот глас. Библијата на друго место ни вели дека Бог конечно го оставил Ефрем, затоа што тој се соединил со идолите (Осија 4:17) и не сакал да го слуша Духот. Тој станал духовно глув. Најтрагичното нешто е што тоа може да и се случи на секоја личност, доколку Бог се одврати од неа и ја остави сама. Нека тоа не ти се случи на тебе!

Гревот е како вода. Продолжувањето во гревот го гасне огнот на Светиот Дух.
Гревот е како вода. Продолжувањето во гревот го гасне огнот на Светиот Дух.

12. Каква сериозна заповед и дал Павле на црквата во Солун?

"Не гаснете го Духот." 1. Солунјаните 5:19.

Одговор:   Застапувањата (молбите) на Светиот Дух се како оган што гори во срцето и умот на една личност. Гревот има ист ефект врз Светиот Дух како што водата има врз огнот. Како што јас го игнорирам Светиот Дух и продолжувам во гревот, јас истурам вода врз Светиот Дух. Павловите стравотни зборови до Солунјаните важат и за нас денес. Не го гаснете огнот на Светиот Дух преку повеќекратно одбивање да го послушате гласот на Духот. Доколку огнот се изгасне, јас ја имам пречекорено точката од која нема враќање назад.

Било кој грев може да го изгасне огнот
Секое неисповедање или неоставен грев може конечно да го изгасне огнот на Светиот Дух. Тоа може да биде и одбивањето да се држи Божјиот седми ден – Саботата. Тоа може да биде и употребата на тутунот. Тоа може да биде и несакањето да се прости на оној, кој ве предал или на друг начин повредил. Тоа може да биде и неморалност. Може да биде и недавањето на десетокот. Одбивањето да се биде послушен на гласот на Светиот Дух во кое било поле, истура вода врз огнот на Светиот Дух. Не го гасни огнот. Не може да постои поголема трагедија од оваа.


13. Која друга шокантна, скоро незамислива изјава дал Павле до верниците во Солун?

"И со секаква неправедна измама за оние кои загинуваат, зашто не ја примија љубовта на вистината за да се спасат. И затоа Бог им праќа силна заблуда да дејствува меѓу нив за да и веруваат на лагата, та да бидат осудени (загубени) сите, кои не и поверуваа на вистината, а имаа задоволство во неправедноста." 2. Солунјаните 2:10-12.

Одговор:   Какви силни, шокантни зборови! Бог вели дека оние што ќе одбијат да ја примат вистината и убедувањето донесено од Светиот Дух, (откако Светиот Дух си замине од нив) ќе примат силна измама за да веруваат во заблудата дека е вистина. Каква трезвена мисла!

Господ ќе отрфли многу христијани од рајот, затоа што тие одбиваат да му бидат Нему послушни.
Господ ќе отрфли многу христијани од рајот, затоа што тие одбиваат да му бидат Нему послушни.

14. Какво страшно искуство ќе имаат некои, на кои ќе им биде пратена силата на измамата во денот на судот?

"Во оној ден мнозина ќе Ми речат: 'Господи, Господи, не пророкувавме ли во Твое име, не изгонувавме ли демони во Твое име и не правевме ли моќни чуда во Твое име?' А тогаш Јас ќе им изјавам: 'Никогаш не сум ве познавал. Одете си од Мене, вие, кои вршите беззаконие!'" Матеј 7:22, 23.

Одговор:   Оние што викаат “Господи, Господи” ќе бидат шокирани и запрепастени кога ќе бидат отфрлени. Тие биле апсолутно сигурни дека се спасени. Исус тогаш без сомнеж ќе ги потсети на клучното време во нивните животи кога Светиот Дух им донел нова вистина и убедување. Тоа било кристално јасно и очигледно вистина. Тоа со ноќи не им давало да спијат, ги вознемирувало и тие се бореле да донесат одлука. Нивните срца гореле во нив! Конечно, тие велат: “Не!” И тие одбиваат понатаму да го слушаат Светиот Дух. Тогаш доаѓа силна измама, која причинува тие да се чувствуваат спасени, кога всушност тие се загубени. Дали може едно човечко битие да се соочи со поголема трагедија?

Уверувањето што не му е послушно на Бога е лажно уверување, кое ќе однесе многумина во пропаст.
Уверувањето што не му е послушно на Бога е лажно уверување, кое ќе однесе многумина во пропаст.

15. Какви посебни зборови на предупредување ни дава Исус, за да избегнеме да дојдеме до точка да веруваме дека сме спасени, кога сме всушност загубени?

"Секој што Ми вели: 'Господи, Господи!' нема да влезе во небесното царство, туку оној кој ја врши волјата на Мојот Отец Кој е на небесата." Матеј 7:21.

Одговор:   Исус свечено предупредил дека не сите што имаат чувство на уверување ќе влезат во Неговото царство, туку само оние кои ја вршат Неговата волја. Сите ние посакуваме уверување за спасение. Тоа е неопходно. Како и да е, постои лажна понуда за уверување што се шири во христијанството денес, кое на луѓето им ветува спасение додека тие продолжуваат да живеат во грев и не покажуваат каква и да е промена во нивниот животен стил.

Пасторите алармирани
Сè повеќе и повеќе познати црковни лидери се алармирани за тоа дека многу црковни собранија се полни со луѓе што имаат чувство на “уверување”, но сепак тие не се навистина променети од Исуса Христа, ниту пак му се Нему послушни..

Исус е јасен
Исус вели дека вистинското уверување ќе го имаат само оние кои ја вршат волјата на Неговиот Отец. Кога јас го прифаќам Христа како Господ и Владетел над мојот живот, мојот животен стил е радикално променет. Јас ќе станам целосно ново создание (2. Коринтјаните 5:17). Јас радосно ќе ги држам Неговите заповеди, ќе ја вршам Неговата волја (Јован 14:15), и радосно ќе го следам каде што Тој ќе ме води (1. Петрово 2:21). Неговата фантастична сила на воскресение (Филипјаните 3:10) ме преобразува во Неговиот лик (2. Коринтјаните 3:18). Неговиот славен мир го исполнува мојот живот (Јован 14:27). Имајќи го Христа, кој живее во мене преку Неговиот Дух (Ефесјаните 3:16,17), “Јас можам сè” (Филипјаните 4:13) и “ништо нема да биде невозможно” (Матеј 17:20).

Прекрасно вистинско уверување против лажното уверување
Како што јас го следам Спасителот каде што тој ме води, Тој ветува дека никој не може да ме земе од Неговата рака (Јован 10:28) и дека ме чека круната на животот (Откровение 2:10). Каква восхитувачка, славна, вистинска сигурност им дава Исус на Неговите следбеници! Уверувањето, ветено под кои и да се други услови е лажно. Тоа ќе ги доведе луѓето пред небесниот суд, чуствувајќи се сигурно спасени додека всушност тие се загубени (Изреки 16:25).

Доколку Христа го направам Господар на мојот живот, Тој ветува дека ќе ме спаси во Неговото царство.
Доколку Христа го направам Господар на мојот живот, Тој ветува дека ќе ме спаси во Неговото царство.

16. Кое е Господовото благословено ветување до Неговите верни следбеници што го зацаруваат Него како Господар на нивните животи?

"Оној Кој го започна доброто дело во вас, ќе го доврши до Денот на Христос Исус." "Зашто Бог е Оној, Кој ве поттикнува да сакате и да дејствувате според Неговата волја." Филипјаните 1:6; 2:13.

Одговор:   Фала на Бога! На оние кои од Христа ќе направат Господар и Владетел во своите животи, им се ветени Христовите чуда кои безбедно ќе ги доведат во Неговото вечно царство. Ништо не може да биде подобро од тоа!

Исус ветува дека ќе влезе во мојот живот, кога јас ќе ја отворам вратата за Него
Исус ветува дека ќе влезе во мојот живот, кога јас ќе ја отворам вратата за Него

17. Кое додатно славно ветување Исус ни го дава на сите нас?

"Еве, стојам пред вратата и чукам; ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам кај него и ќе вечерам со него и тој со Мене." Откровение 3:20.

Одговор:   Исус ветува дека ќе влезе во нашите животи, кога ние ќе му ја отвориме Нему вратата. Исус е тој кој чука на вратата на твоето и моето срце преку Неговиот Свет Дух. Тој – Царот над царевите, Спасителот на светот – одвојува време од управувањето со вселената да влезе во тебе и мене за редовни посети и пријателско водство и советување. Каква глупост, каква неверојатна несреќа е тоа да бидеме премногу зафатени или премногу незаинтересирани да изградиме топла, полна за љубов, долга заедница со Христа. Исусовите блиски пријатели нема да бидат во опаснот да бидат отфрлени во судниот ден. Исус лично ќе им посака добредојде во Неговото царство (Матеј 24:34)

18. Дали ти ќе се одлучиш секогаш да му ја отвораш на Христа вратата на своето срце, кога тој тропа на неа и дали ти ќе го следиш Него, таму каде што Тој ќе те води?

18. Дали ти ќе се одлучиш секогаш да му ја отвораш на Христа вратата на своето срце, кога тој тропа на неа и дали ти ќе го следиш Него, таму каде што Тој ќе те води?

Зборови на разделба
Ова е завршната лекција во нашата серија од 27. Наша желба е да ти бидеш воден во присуството Христово и да доживееш една нова фантастична заедница со Него. Ние се надеваме дека ти ќе чекориш поблиску до Господарот секој ден и наскоро ќе се соединиш со таа радосна група, која ќе биде преобразена во Неговото царство при Христовото второ доаѓање. Доколку ние не се сретнеме на оваа земја, да се согласиме да се сретнеме на облаците во тој голем ден.

Ве молиме јавете се или пишете ни доколку ние можеме да ви помогнеме во вашето патување кон небото.

Одговор:   


Твоите Прашања Одговорени


1. Библијата вели дека Бог го затврднал срцето на фараонот (Излез 9:12). Тоа не изгледа фер?


Светиот Дух се застапува за сите луѓе (Јован 1:9), исто како што сонцето сјае врз секој и секого. Сонцето што ја стврднува калта, исто така го топи восокот. Светиот Дух има различен ефект врз нашите срца, во зависност на тоа како се однесуваме кон Неговите молби. Доколку јас одговорам, моето срце ќе биде омекнато и јас ќе бидам променет целосно (1. Самоилова 10:6). Доколку јас му се противам на Духот, моето срце ќе се стврдне (Захарија 7:12).

Одѕивот на фараонот
Фараонот всушност го затвднал своето срце противејќи му се на Светиот Дух (Излез 8:15,32 9:34). Меѓутоа Библијата вели дека Бог го затврднал Неговото срце, затоа што Божјиот Свети Дух продолжувал да се застапува за Фараонот. Затоа што фараонот продолжил да се противи, неговото срце се стврднало, како што сонцето ја стврднува калта. Во случај фараонот да послушал, неговото срце ќе омекнело, како што сонцето го омекнува восокот.

Јуда и Петар
Христовите ученици Јуда и Петар го покажале овој ист принцип. Двајцата згрешиле. Еден го предал, а другиот се откажал од Христа. Кое е полошо? Кој може да каже? Истиот топол Дух упатувал молби до двајцата. Јуда се стврднал себеси и неговото срце станало како камен. Петар, од друга страна, бил приемчив за Духот и неговото срце се стопило. Тој навистина се покајал и подоцна станал еден од најголемите проповедници во апостолската црква. Молиме прочитајте во Захарија 7:12,13 за Божјото трезвено предупредување против слушањето и послушноста на застапувањето на Светиот Дух.

2. Што мислиш за тоа да се бараат “знаци” од Господа?


Во Новиот завет, Исус зборува одлучно против тоа. Тој вели: “Зло и прељубничко поколение бара знак.” Матеј 12:39. Тој ја учел вистина и ја поддржувал од Стариот Завет, која била единствениот дел од Библијата достапен тогаш. Тие разбирале многу добро што Тој велел. Тие исто така ги виделе Неговите знаци, но сепак го отфрлиле. Подоцна Тој рекол: “Ако не ги слушаат Мојсеј и пророците, нема да му веруваат ни на оној, кој воскреснал од мртвите.” Лука 16:31. Библијата ни вели дека ние треба да испитуваме сè преку Библијата (Исаија 8:19,20). Доколку се одлучиме да ја вршиме Христовата волја и да го следиме каде што Тој нè води, Тој ветува дека ќе ни помогне да ја распознаеме вистината од заблудата (Јован 7:17)

3. Дали некогаш постои време кога молитвата не помага?


Да. Доколку една личност во знаење му е на Бога непослушна (Псалм 66:18), но сепак го моли Бога за благослов (и покрај тоа што истиот не планира да се промени). Молитвата на таа личност не само што е безвредна, туку Бог вели дека таа е одвратност. (Изреки 28:9).

4. Јас сум длабоко загрижен за тоа дека можеби јас сум го отфрлил Светиот Дух и не може да ми биде простено. Можете ли да ми помогнете?


Не си го отфрлил Светиот Дух. Тоа можеш да го знаеш, затоа што ти се чувствуваш загрижен или убеден за грев. Само Светиот Дух е тој што донесува загриженост и убедување (Јован 16:8-14). Доколку Светиот Дух те напуштил, тогаш нема да постои загриженост и убедување во твоето срце. Радувај се и фали го Бога! Предади му го својот живот сега и во молитва следи го и биди му послушен Нему во деновите кои следат. Тој ќе ти даде слобода (1. Коринтјаните 15:57), ќе те поддржи (Филипјаните 2:13) и ќе те чува сè до Неговото второ доаѓање (Филипјаните 1:6).

5. Во параболата со сејачот (Лука 8:5-18), што се означува со тоа семе кое паднало крај патот и било изедено од птиците?


Библијата вели: “Семето е Божјото слово. Оние крај патот, тие го слушнале, потоа доаѓа ѓаволот и им го зема словото од нивните срца, за да не поверуваат и да не се спасат.” Лука 8:11,12. Исус посочува на тоа дека кога ние разбираме што Светиот Дух бара од нас во поглед на некоја нова светлина од Библијата, ние мораме веднаш да делуваме. Во спротивно, ѓаволот има можност да ја отстрани вистината од нашите умови.

6. Како може Господ да каже “Јас никогаш не сум те познавал” на луѓето на кои Тој им се обраќа во Матеј 7:21-23? Јас мислев дека Бог ги познава сите и знае сè!


Бог тука посочува кон познавање на некого како личен пријател. Ние ќе го познаваме Него како пријател, кога комуницираме со Него секојдневно, го следиме Него радосно, и со Него слободно ги делиме нашите радости и таги како со овоземен пријател. Исус исто така вели: “Вие сте мои пријатели, доколку го вршите тоа што ви го заповедам.” Јован 15:14. Луѓето до кои им се зборува во Матеј 7. глава, го имаат отфрлено Неговиот Свет Дух. Тие ја имаат прифатено теологијата која учи спасение во гревот или спасение преку дела – од која ниедно суштество нема потреба од Христа. Тие се луѓе кои не одвоиле време да се запознаат со Христа. Заради тоа, Тој објаснува дека Тој навистина не ги има запознаено, ниту пак ги познава нив како Свои лични пријатели.

7. Можете ли да го објасните Ефесјаните 4:30?


Стихот вели: “Не жалостете го Светиот Дух Божји, со кој сте запечатени за денот на откупувањето.” Павле тука јасно кажува дека Светиот Дух е битие кое има личност, затоа што само личност може да биде разжалостена. Но и поважно, тој потврдува дека Светиот Дух може да биде ожалостен само преку отфрлање на Неговите молби полни со љубов. Како што едно додворување може да биде засекогаш завршено преку постојано отфрлање од едниот на додворувањето на другиот, така нашата заедница со Светиот Дух може да заврши преку нашето постојано одбивање да се отповикаме на Неговите апели, полни со љубов.

Квиз прашања



1. Било кој грев може да стане грев што Бог не може да го прости. (1)

_____   Да.
_____   Не.

2. Гревот против Светиот Дух е (1)

_____   Убиство.
_____   Проколнување на Бога.
_____   Отфрлување на Светиот Дух.

3. Светиот Дух мора некогаш во жалост да се повлече од еден грешник заради тоа што (1)

_____   Светиот Дух има друга работа да врши.
_____   Светиот Дух поседува праведен гнев против однесувањето на грешникот.
_____   Бог му кажува да врши нешто друго.
_____   Грешникот станува глув за Неговите молби.

4. Светиот Дух може да биде “изгасен” преку продолжувањето во грев, кога некој е осведочен за истиот. (1)

_____   Да.
_____   Не.

5. Секој грев или хула може да биде простена ако јас (1)

_____   Се молам доволно за тоа.
_____   Искрено тоа му го признаам на Исуса.
_____   Постам неколку денови.
_____   Сведочам верно.

6. Без Светиот Дух, никој не чувствува жал за гревот, ниту пак некој може да се обрати. (1)

_____   Точно.
_____   Неточно.

7. Уверувањето за спасение некогаш може да биде лажно. Некои луѓе кои се сигурни дека се спасени всушност се загубени. (1)

_____   Да.
_____   Не.

8. Штиклирај ги нештата што се дел од работата на Светиот Дух според Јован 16:8, 13: (2)

_____   Ме учи како да пеам.
_____   Дава дар на пророштво.
_____   Ме прави среќен.
_____   Уверува за грев.
_____   Води кон вистината.

9. Кога Светиот Дух ќе ме убеди за гревот или води кон нова вистина, јас треба да (1)

_____   Го прашам пасторот за тоа.
_____   Одам и посетам некој јасновидец.
_____   Барам знак од Бога.
_____   Го следам водството на Духот без двоумење.
_____   Фрлам паричка.

10. Зошто Давид го молел Бога да не го зема Светиот Дух од него? (1)

_____   Затоа што Светиот Дух му помагал во свирењето на харфа.
_____   Затоа што се плашел дека Светиот Дух може да го земе неговиот живот.
_____   Затоа што знаел дека ќе биде загубен доколку Духот го напушти.

11. Според Матеј 7:21-23, за една личност која правела чуда, изгонувала демони, пророкувала во Христово име и за Христа тврдела дека е негов Господ нема да биде доволно на судниот ден. Што кажал Христос дека е апсолутно неопходно? (1)

_____   Да се сведочи многу.
_____   Молење често јавно.
_____   Често постење.
_____   Редовно доаѓање во црква.
_____   Вршењето на волјата на Небесниот Отец.

12. Според 2. Солунјаните 2:10-12, што ќе се случи со оние што ќе одбијат да ја примат вистината? (1)

_____   Тие ќе бидат спасени како и да е.
_____   Бог ќе ги замоли повторно да размислат за тоа.
_____   Бог ќе им испрати сила на заблуда, и тие ќе веруваат дека лагата е вистина.

13. Кога Господ вели "Никогаш не сум те познавал" на судот, Тој мисли (1)

_____   Тој не ја познавал никогаш таа личност.
_____   Ликот е познат, но Тој го има заборавено името.
_____   Таа личност никогаш не одвоила време со Христа да се запознае како со близок пријател.

14. Исус, во Новиот Завет, учел дека не треба да се бараат знаци. (1)

_____   Да.
_____   Не.