Get the daily devotional to your inbox
Looks good!
Please enter a valid email address.
Looks good!
Please confirm your email address.

Другата жена

Другата женаLesson 22

Секој брак треба да биде заснован на доверба - исто така и во нашата заедница со Христа треба да му останеме верни Нему и на Неговата реч. Откровението зборува за вистинската Христова невеста, но има и една друга жена, која се обидува да ги оттргне верните од Божјата реч. Откровението ни открива шокантна вест за Вавилон, другата жена. Вавилон е паднат, и Божјиот народ мора да ги избегне неговите измами, или во спротивно ќе настрада! Така започнува вториот дел од тројната ангелска вест. Во оваа лекција ќе се запознаете со вистинскиот идентитет на духовниот Вавилон и ќе научите како да избегнете да бидете хипнотизирани од неговата фатална убавина.... што друго би можело да биде поважно?
Во книгата на Откровение Бог оваа жена ја нарекува "Вавилон".
Во книгата на Откровение Бог оваа жена ја нарекува "Вавилон".

1. Како Исус го претставува Вавилон во книгата на Откровение?

"Дојди да ти ја покажам пресудата на големата блудница, која седи на многу води." "И видов жена како седи врз црвен ѕвер, кој беше полн со богохулни имиња и имаше седум глави и десет рогови. А жената беше облечена во пурпурно и во црвено, и украсена со злато, со скапоцени камења и со бисери, и држеше во својата рака златна чаша полна со гнасотијата и нечистотијата од нејзиното блудство, а на челото, пак, и беше напишано име, тајна: "ГОЛЕМИОТ ВАВИЛОН, МАЈКАТА НА БЛУДНИЦИТЕ И НА ЗЕМНИТЕ ГНАСОТИИ." Откровение 17:1, 3-5.

Одговор:   Во Откровение 17:1-6, Исус Вавилон го претставува како блудница облечена во пурпурно и црвено. Таа седи на црвен ѕвер, кој има седум глави и десет рогови и седи на многу води.


2. Која е симболички претставената жена во Откровение 12 глава?

Одговор:   Чистата жена, облечена со сонце, е опишана во Откровение 12:1-6. Во 20 лекција научивме дека оваа чиста жена ја симболизира чистата Божја црква, која му е верна на својот сакан, Исус. Оваа глава од Откровението детално ќе ја проучиме во 23 лекција.


3. Што претставува блудницата во пророштвата?

"Сине човечки, кажи му ги на Ерусалим неговите гадотии." "Но ти се надеваше на убавината своја, и користејќи се со славата своја, почна да блудствуваш, и живееше блудно со секој минувач, подавајќи му се." Езекиел 16:2, 15.

Одговор:   Како што чистата жена симболизира чиста црква, која му е верна на Христа, така нечистата жена симболизира нечиста, одпадната, црква, која не му е верна на Христа (Јаков 4:4)

Повеќето водачи на Реформацијата учеле дека "Вавилон" од Откровение 17 е папството.
Повеќето водачи на Реформацијата учеле дека "Вавилон" од Откровение 17 е папството.

4. Дали можеме да ја идентификуваме црквата (блудницата) од Откровение 17 глава, која е наречена "Големиот Вавилон, мајката на блудниците"?

Одговор:   Да, општо познато е дека има само една црква, која тврди дека е мајка црква - а тоа е големата Римокатоличка црква. Познат католички свештеник Џон А. О'Бриен изјавил: "Празнувањето на неделата останува како потсетник на Мајката Црква од која се одвоија некатоличките секти." 1

Точките запишани во Откровение 17 глава кои ја опишуваат мајката Вавилон и ѕверот што таа го јава точно одговараат на папството:

A. Таа ги прогонува светиите (стих 6). (Погледнете во 15 и 20 лекција)

Б. Облечена е во пурпурно и црвено (стих 4). Папите често за некои посебни пригоди се облекуваат во пурпурно, а црвената боја е бојата на облеките на католичките кардинали.

В. Седумте глави на ѕверот (стих 3), на кои седи жената се седум гори (стих 9). Многу добро е познато дека Рим, светската престолнина на папството, е изграден на седум рида или планини.

Г. Ѕверот сноси вина за богохулие (стих 3), точка што исто така целосно се поклопува со папството. (Погледнете ги 15 и 20 лекција)

Д. Таа царува над земните цареви
(стих 18). Александар Флик вели дека во 13 век, папата бил "барем теоретски и според тврдењата.... управител со целиот свет и на световен и на духовен план." 2 Оваа точка не одговара на ниту едно друго светско царство или власт. Папството во Откровение 17 глава е толку јасно опишано што не може да се има ниту трошка сомнеж.

Забелешка: Мнозина водачи на реформацијата (Хус, Виклиф, Лутер, Калвин, Цвингли, Меланхтон, Крамер, Тиндал, Латимер, Ридли и други) мислеле дека силата што овде е опишана е никој друг, а папството. 3

1John A. O'Brien, The Faith of Millions (Huntington, IN: Our Sunday Visitor, Inc., 1974), p. 401.

2The Rise of the Mediaeval Church (New York: Burt Franklin, 1959), pp. 575, 576.

3George Eldon Ladd, The Blessed Hope (Grand Rapids, MI: William B. Eerdman's Publishing Co., 1956), pp. 32-34.

Зборот "Вавилон" датира уште од времето на вавилонската кула. Неговото значење е "збрка".
Зборот "Вавилон" датира уште од времето на вавилонската кула. Неговото значење е "збрка".

5. Кое е буквалното значење на зборот "Вавилон", и кои се неговите почетоци?

"Сега да соѕидаме град и кула, висока до небото." "И рече Господ..... Ајде да слеземе и да им го збркаме јазикот нивни за да не се разбираат еден со друг што зборуваат!" "Затоа тој се нарече Вавилон (збрка), зашто таму го збрка Господ јазикот." Битие 11:4,6,7,9.

Одговор:   Зборовите "Вавел" или "Вавилон" значат "збрка". Почетоците на името Вавилон датираат од времето на вавилонската кула, која после потопот ја изградиле тврдоглави пагани, кои се надевале дека ќе ја изградат толку високо што никаков потоп во иднина не би можел да ја уништи (стих 4). Но Бог им ги збркал јазиците, поради што не можејќи да се разберат морале да прекинат со изградбата. Тогаш тие кулата ја нарекле "Вавел" (Вавилон), или "збрка". Подоцна во времето на Стариот завет се издига светско паганско царство под името Вавилон, кое било непријател на Божјиот народ, Израел. Ова царство се карактеризирало со бунт, непослушност, прогонство на Божјиот народ, гордост и идолопоклонство (Еремија 39:6,7; 50:29, 31-33; 51:24, 34, 47; Даниел 3. и 5. глава). Всушност, во Исаија 14. глава Бог го користи Вавилон како симбол лично за сатаната, затоа што Вавилон бил толку непријателски настроен и делувал опустошувачки врз Божјиот народ. Во новозаветната книга на Откровението, терминот "Вавилон" се користи за да прикаже религиозно царство, кое му е непријател на Божјиот духовен Израел - Неговата црква (Откровение 14:8; 16:19).

Црквите кои ги прифаќаат лажните учења на мајката црква - Вавилон и самите стануваат "Вавилон".
Црквите кои ги прифаќаат лажните учења на мајката црква - Вавилон и самите стануваат "Вавилон".

6. Кои се ќерките блудници на мајката Вавилон опишани во Откровение 17:5?

Одговор:   Тоа се некои од црквите, кои од почетокот протестирале против лажните учења на мајката Вавилон и се одвоиле од неа за време на протестантската реформација. Но, подоцна, тие започнале да ги имитираат принципите и делата на мајка си, па така и самите отпаднале. Ниту една жена не се раѓа како блудница. Ниту симболички претставените протестантски ќерки - цркви не биле родени како отпаднати. Секоја црква или организација, која ги учи и ги следи лажните вавилонски науки и постапки, може да отпадне или да стане вавилонска ќерка. Значи Вавилон е семејното име кое ги опфаќа и мајката и нејзините ќерки, кои исто така се отпаднати.

Ѕверот од Откровение 17 ја претставува цивилната власт. Сликата што покажува како жената го јава ѕверот означува дека црквата има контрола над власта.
Ѕверот од Откровение 17 ја претставува цивилната власт. Сликата што покажува како жената го јава ѕверот означува дека црквата има контрола над власта.

7. Зошто во Откровение 17 глава мајката Вавилон е прикажана како јава на ѕвер? Што претставува ѕверот?

Одговор:   Во Откровение 13:1-10, Исус папството го претставува како комбинација од црквата и државата. (за повеќе информации, погледнете ја 20 лекција). Во Откровение 17 глава, Исус црквата (блудницата) и државата (ѕверот) ги претставува како одделни единки, иако помеѓу нив има соодветен однос. Жената го јава ѕверот, што укажува на тоа дека црквата ја контролира државата.

Нехристијанските религии и отпаднатиот протестантизам ќе му се придружат на папството како негови сојузници во последната битка против Бога и Неговите следбеници.
Нехристијанските религии и отпаднатиот протестантизам ќе му се придружат на папството како негови сојузници во последната битка против Бога и Неговите следбеници.

8. Кои други сили ќе се соединат со папството во исполнувањето на настаните на последното време?

"И видов како од устата на змевот, од устата на ѕверот и од устата на лажниот пророк излегуваат три нечисти духа како жаби имено, тоа се демонски духови, кои прават чуда и одат кај царевите на целиот свет за да ги соберат за војна во великиот ден на Семоќниот Бог." Откровение 16:13,14.

Одговор:   Змевот од Откровение 12:3,4 и лажниот пророк од Откровение 13:11-14 19:20 ќе формираат алијанса со ѕверот од Откровение 13:1-10, т.е. Папството.

A. Змевот од Откровение 12. глава го претставува сатаната, кој работи преку паганскиот Рим. (За повеќе детали види лекција 20.) Во денешно време овде спаѓаат и нехристијанските религии како што се будизмот, шинтоизмот, хиндуизмот, Њу Ејџ, секуларниот хуманизам итн.

B. Лажниот пророк го претставува отпаднатиот протестантизам лоциран пред сè во Америка, кој ќе ја превземе водечката улога во наметнување на сеопшто служење на ѕверот (Види 21 лекција).

В. Ѕверот е папството (види 20 лекција).

Г. Овие три сили: Нехристијанските религии и влади, римо-католицизмот и отпаднатиот протестантизам ќе станат сојузници во последната битка против Бога, Неговиот закон и Неговите верни следбеници, наречена Армагедон. Оваа коалиција Исус во Откровение 18:2 ја нарекува "големиот Вавилон".

Големите чуда на сатаната и неговите ангели (претставувајќи се како духовите на умрените) ќе го обединат светот во нивната поддршка на ѕверот.
Големите чуда на сатаната и неговите ангели (претставувајќи се како духовите на умрените) ќе го обединат светот во нивната поддршка на ѕверот.

9. На кој начин ќе се обединат организации со толку различно потекло и уредување?

"Тие се истомисленици, и ќе му ја предадат својата сила и власт на ѕверот." Откровение 17:13.

Одговор:   Во Откровение 16:13,14 се вели: "нечисти духови како жаби" кои се "демонски духови" ќе ги обединат преку чудата што ќе ги прават. Спиритизмот - верувањето дека мртвите се живи и дека можат да контактираат со живите - ќе биде главната религиозна догма, која ќе ги поврзе заедно. Сатаната и неговите ангели - претставувајќи се како духовите на мртвите, дамнешните пророци, ангелите од небото (2 Коринтјаните 11:13,14), па дури и како самиот Исус (Матеј 24:24) - ќе го убедат светот дека нивната работа е раководена од небото (види ја 10 лекција). За волја на вистината, сите тие веруваат дека мртвите живеат:

A. Католицизмот и се моли на Марија и на други мртви светци и верува дека овие светци ги благословуваат своите следбеници со чуда.

Б. Нехристијанските религии воглавно се сите засновани на служење и верување во духовите на умрените.

В. Отпаднатиот протестантизам верува дека мртвите всушност не се мртви, туку дека живеат на небото или во пеколот. Токму затоа тие се лесен плен на демонските измами, во кои тие се претставуваат себеси како духови на умрените.

Вавилон паѓа, бидејќи се одвраќа од Божјата вистина.
Вавилон паѓа, бидејќи се одвраќа од Божјата вистина.

10. За кои гревови Бог го обвинува Вавилон?

A. "Падна, падна големиот Вавилон." Откровение 18:2.

Одговор:   Да се падне значи да се оттргнете од библиската вистина и вистинското почитување на вистинскиот Бог (2. Петрово 3:17).

Б. "И стана демонско живеалиште и засолниште на сите нечисти духови." "Со твоите гатања беа измамени сите народи." Откровение 18:2, 23.

Одговор: Овде Бог го обвинува Вавилон за соработка со демони повикувајќи зли духови во својата средина преку спиритизам, и (2) за мамење на скоро целиот свет преку лажливи, демонски духови.

В. ""Жителите на земјата се опија од виното на нејзиното блудствување", "со гнасотијата и нечистотијата од нејзиното блудство" (Откровение 17:2,4 18:3).

Одговор: Зборот блудство во Библијата симболизира лаги (Изреки 12:22). Вавилонското вино, кое се состои од лажни учења ги дезориентира и затапува оние, кои го консумираат и ги прави духовно пијани.

Г. "Земните цареви блудствуваа со неа." Откровение 18:3.

Одговор: Црквата е Христовата невеста (Откровение 19:7,8) и мора да го сака и да му биде само Нему лојална - или како што вели Исус да ги држи Неговите заповеди (Јован 14:15). Папството овде е прекорено за оттргнување од својот сопруг, Исус (Јаков 4:4), и за воспоставување блудна врска со цивилните власти (соединување на црквата и државата) за да ја придобие нејзината поддршка.

Д. Тргување со човечки души (Откровение 18:13).

Одговор: Бог овде го обвинува Вавилон, ги третира луѓето како трговска стока, а не како драгоцени Божји деца.

Примањето на лажни учења предизвикува духовно пијанство, кое јасната вистина ја прави неверојатно тешка за разбирање.
Примањето на лажни учења предизвикува духовно пијанство, кое јасната вистина ја прави неверојатно тешка за разбирање.

11. Кои се некои од лажните учења, кои се содржани во вавилонското вино, кое во духовна смисла ги опива народите?

Одговор:   За чудо, некои од најпопуларните учења во протестантизмот не можат да се најдат во Библијата. Тие се вовлекле во протестантските цркви преку мајката црква од Рим, која пак ги примила од паганството. Еве некои од тие лажни учења:

A. Законот Божји бил променет.
Божјиот закон не може никогаш да се промени (Лука 16:17). Во лекцијата број 6 се наведени непобитни докази дека тоа е така.

Б. Душата е бесмртна.
Во Библијата изразите душа и дух се користени 1700 пати. Но ниту еднаш душата не е опишана како бесмртна. Луѓето се смртни (Јов 4:17), и никој не може да добие бесмртност сè до второто Христово доаѓање (1 Коринтјаните 15:51-54). (Погледнете за повеќе информации во лекцијата број 10).

В. Грешниците засекогаш ќе горат во пеколот.
Библијата учи дека грешниците целосно ќе изгорат во оган (ќе престанат да постојат), и нивната душа и телото (Матеј 10:28). Вечен пекол, каде постојат вечни маки не се спомнува во Библијата. (За повеќе детали види лекција 11)

Г. Не е потребно крштевање со потопување.
Крштевањето со потопување е единственото крштевање што го признава Библијата. (За повеќе информации види лекција 9)

Д. Неделата е Божји свет ден.
Библијата учи, без никакво сомневање, дека Божјиот свет ден е седмиот - саботата. (За повеќе детали види лекција број 7.)

Забелешла: Овие лажни учења, кога еднаш ќе бидат прифатени имаат тенденција да донесат збрка (А тоа е всушност и замото значење на зборот Вавилон) и прават Библијата да биде потешко разбрана.

Сериозна мисла
Навистина е сериозно да се помисли дека некој во незнаење можеби веќе пие вавилонско вино. Можеби ова е нешто ново за вас. Ако е така, тогаш барајте водство од Бога (Матеј 7:7). Потоа проверете го Писмото за да видите дали е така (Дела 17:11). Ветете дека ќе му бидете верни следбеници на Христа, и Тој нема да дозволи да завршите на погрешната страна (Јован 7:17).

Небесните ангели ќе бидат на страната на Божјиот народ во последната битка на земјата.
Небесните ангели ќе бидат на страната на Божјиот народ во последната битка на земјата.

12. Кој ќе биде на Божјата страна во битката наречена Армагедон?

Одговор:   Во конечната битка, небесните ангели (Евреите 1:13,14 Матеј 13:41,42) и Божјиот народ - остатокот (Откровение 12:17) - ќе бидат на Исусова страна, Кој ќе ги води небесните војски (Откровение 19:11-16) против сатаната и неговите приврзаници.

Божјиот остатокот е составен од оние, кои ќе ги отфрлат лажните учења на Вавилон (Повеќе детали ќе видиме во лекција бр.23). Тие се познати како оние, кои (1) живеат за Христа (1 Јован 5:2,3), (2) по својата верност и верата во Него (Откровение 14:12), и (3) нивната цврста верност кон Божјите заповеди (Откровение 12:17 Јован 8:31,32).

Во последното време, сатаната ќе ги измами сите оние кои не бараат јасни библиски докази за учењата што ги прифаќаат.
Во последното време, сатаната ќе ги измами сите оние кои не бараат јасни библиски докази за учењата што ги прифаќаат.

13. Каква ќе биде стратегијата на сатаната во оваа последна битка помеѓу Божјата вистина и сатанските лаги?

Одговор:   Иако сатаната го мрази Бога и Неговиот Син, тој тоа ретко јавно го признава. Всушност тој и неговите демони се претставуваат како свети ангели и како верно христијанско свештенство (2. Коринтјаните 11:13-15). Она што тој го изнесува како доказ од своја страна изгледа толку праведно, духовно и христолико што скоро секој што живее на земјата ќе биде заведен и ќе тргне по него (Матеј 24:24). Тој без сомнение ќе ја користи и Библијата, како што тоа го правел кога го искушувал Исуса во пустината (Матеј 4:1,11). Сатанската логика е толку измамлива што успеала да измами една третина од небесните ангели, Адам и Ева, и (во времето на потопот) сите што живееле на земјата освен осуммина.

Божјата реч ја разоткрива сатанската стратегија.
Божјата реч ја разоткрива сатанската стратегија.

14. Која е Божјата контра-стратегија?

"Допрашајте се до законот и откровението. Ако не зборуваат според ова слово, нема светлина во нив." Исаија 8:20.

Одговор:   Бог секогаш им се спротивставува на сатанските лаги со библиската вистина. Кога Исус бил искушуван од сатаната во пустината, Тој постојано му цитирал стихови од Библијата (Матеј 4:1-11). Преку својот остаток, Бог на целиот свет ќе му ја објави вистината за небиблиското потекло и природа на големиот Вавилон. Јасно ќе стави до знаење дека Вавилон проповеда лажно евангелие (Галатјаните 1:8-12) кое им ги отвора вратите на милиони да бидат измамени и загубени. Божјото контра - движење е прикажано преку тројната ангелска вест од Откровение 14:6-14, коешто го разгледуваме во вкупно девет од целата оваа серија на 27 лекции. Оваа тројна извонредна вест ги разоткрива сатанските лаги и нè предупредува за неговите фалсификати и ги повикува луѓето да му служат на Бога и да му бидат послушни само Нему, не само во дух туку и во вистина.

Божјата порака за последното време ќе му ја однесе славната вистина и светлина на секого што живее на Земјата.
Божјата порака за последното време ќе му ја однесе славната вистина и светлина на секого што живее на Земјата.

15. Дали Божјата предупредувачка порака за последното време ќе биде ефективна?

"Потоа видов друг ангел како слегува од небото; тој имаше голема власт, и земјата се осветли од неговата слава." Откровение 18:1.

Одговор:   Во Библијата ангелите претставуваат весници или вести (Евреите 1:13,14). Последниот Божји апел на предупредување е претставен преку силен ангел, чија моќ е толку голема што ја осветлува целата земја со Божјата вистина и слава. Оваа последна вест од Бога ќе стигне до сите жители на планетата Земја (Откровение 14:6; Марко 16:15; Матеј 24:14).

Кога Исусовата последна предупредувачка вест ќе стигне до целиот свет, Неговиот вистинит народ ќе излезе од Вавилон и ќе го следи.
Кога Исусовата последна предупредувачка вест ќе стигне до целиот свет, Неговиот вистинит народ ќе излезе од Вавилон и ќе го следи.

16. Каков завршен, итен апел им упатува Исус на оние кои се наоѓаат во Вавилон?

Одговор:   Тој ќе рече: "Излези од неа, народе Мој, за да не бидеш соучесник во нејзините гревови и да не ги примиш нејзините зла зашто нејзините гревови се натрупаа до небото и Бог си спомна за нејзините беззаконија." Откровение 18:4,5.

Ве молиме обрнете внимание на тоа дека Исус мнозина од оние што се во Вавилон ги смета како Свој народ. Во Вавилон постојат милиони искрени христијани кои сè уште ја немаат слушнато оваа вест на предупредување. Овие луѓе искрено го љубат Бога, и за нив Исус вели дека тоа се Негови деца.


17. Како ќе одговори Неговиот народ кој е во Вавилон, кога ќе го слушне Исусовиот повик за излегување?

Одговор:   Исус го дава одговорот. Тој вели: "И други овци имам, што не се од ова трло, и нив треба да ги доведам. Тие ќе го слушаат Мојот глас и ќе биде едно стадо и еден пастир." "Моите овци го слушаат Мојот глас, Јас ги познавам, и тие одат по Мене." Јован 10:16, 27.

Исус ги препознава Своите, кои се во Вавилон. Понатаму, Тој ветува дека ќе ги повика да излезат пред да биде уништен. И, највеличествено од сè, Исус ветува дека Неговиот народ кој е сè уште во Вавилон, ќе го слушне и препознае Неговиот глас и ќе се извлече на безбедно.

Забелешка: Ова е седмата лекција во нашата серија, која содржи вкупно девет на тема на тројната ангелска вест од Откровение 14:6-14. Во нашата следна лекција ќе биде претставена Божјата црква на последното време, и тоа на толку јасен речник што нема да ви биде воопшто тешко да ја препознаете.


18. Ако ти се наоѓаш во Вавилон, дали би сакал да го слушнеш апелот што Исус го упатува и да излезеш од таму?

Одговор:   


Твоите Прашања Одговорени


1. Зар не би требало да останам во Вавилон и да се обидам да го реформирам, наместо да излегувам од него?


Не. Исус вели дека Вавилон ќе биде уништен, а не реформиран. Вавилон безнадежно ќе се испијанчи со своето вино (кое е симбол на лажните науки во Откровение 18:5,6). Токму тоа е причината што Исус го повикува Својот народ да излезе надвор (Откровение 18:4).

2. Кои се царевите од исток во Откровение 16:12?


Царевите од исток се Царевите (Таткото и Синот) небесни. Тие овде се наречени цареви од исток, бидејќи тоа е правецот од кој вообичаено небесните суштества патуваат кон земјата. Како на пример обрнете внимание на следново:

A. Исусовото второ даѓање ќе се случи од исток (Матеј 24:27).

Б. Божјата слава доаѓа од исток (Езекиел 43:2).

В. Ангелот во Откровение кој запечатува, доаѓа од исток (Откровение 7:2).

Г. Сонцето, кое го симболизира Исуса, изгрева од исток (Малахија 4:2).

3. Дали предупредувањето за паѓањето на Вавилон значи дека Вавилон некогаш во минатото не бил паднат?


Да. Многу од црквите кои денес го сочинуваат Вавилон некогаш стоеле цврсто, и му биле верни на Исуса. Нивните основачи биле верни Божји луѓе, кои студиозно ја проучувале Библијата за да ја откријат вистината. Денес не се паднати сите цркви. Како и да е, секоја онаа црква, која ги учи лажните вавилонски учења може лесно да стане дел од него - негова ќерка.

4. Каде да одат христијаните кога веќе еднаш ќе излезат од Вавилон?


Пронајдете ги оние кои ги држат Божјите заповеди, ја имаат Исусовата вера, и ја проповедаат тројната ангелска вест и придружете им се (Откровение 14:6-12). Лекцијата број 23 целосно ќе ви ги објасни карактеристиките на Божјата црква на последното време.

5. Што претставуваат десетте цареви од Откровение 17:12-16?


Десетте цареви ги претставуваат нациите во светот. Десетте прсти на нозете од кипот во Даниел 2. глава и десетте рогови кај четвртиот ѕвер од Даниел 7. глава ги претставуваат десетте европски царства. Но во делот од Откровение 11. до Откровение 18. глава значењето е пошироко и ги претставува "сите земни цареви" или "сите нации" (Види Откровение 16:14; 18:3.)

6. Каква е симболиката и значењето на "жабите" во Откровение 16:13,14?


Жабата своите жртви ги фаќа со јазикот, што би можело да го симболизира лажниот дар на јазици, кој е нашироко распространет во светот денес. Ве молиме запомнете дека чудата, вклучувајќи го и дарот на јазици, докажуваат само едно нешто - присуство на натприродна сила. Но Библијата ни вели дека натприродната сила може да биде или од Бога, или пак од сатаната. Понатаму ни објаснува дека сатаната, кој се преправа во ангел на светлината (2 Коринтјаните 11:13-15), ќе прави натприродни чуда толку ефикасно што скоро целиот свет ќе биде заведен и ќе тргне по него (Откровение 13:3). Денес, тој го користи лажниот дар на јазици за да ги доближи сите светски религии и цркви - вклучувајќи ги тука и паганите и оние кои им служат на духовите. Сите тие мислат дека дарот на јазици е потврда за вистинитоста на дарот.

Мораме да ги испитаме духовите
Библијата нè предупредува дека мораме да ги испитуваме духовите (1 Јован 4:1). Доколку тие не се сложуваат со Библијата, тогаш се лажни (Исаија 8:19,20). Исто така вистинските дарови на Светиот Дух никогаш не може да ги добие некој, кој свесно и намерно го крши Божјиот закон (Дела 5:32). Постои вистински дар на јазици. Тоа е чудесно оспособување на течно зборување на некој странски јазик, кој претходно не ни бил воопшто познат (Дела 2:4-12). Бог го користи овој дар кога е потребно да ја објави својата последна порака на оние, кои зборуваат други јазици. Таква потреба се појавила на Педесетницата, бидејќи во толпата народ имало луѓе од 17 различни јазични групи, а Исусовите ученици најверојатно имале познавање од само еден јазик.

7. Дали Њу Ејџ движењето ќе игра важна улога во последниот конфликт помеѓу доброто и злото?


Без сомнение! Тоа е длабоко вовлечено во окултизмот, физичките феномени и спиритизмот. Спиритизмот со сигурност ќе биде главниот фактор во завршната драма од историјата на светот. Во комбинација со натприродната сила на лажниот дар на јазици и во сојуз со светски распространетата коалиција на цркви, спиритизмот ќе ја освои земјината топка. Њу Ејџ верувањето во можноста за комуницирање со духови и реинкарнацијата е едноставно старото паганство со нов изглед. Неговото верување во бесмртната душа што може да комуницира со живите, е истата онаа лага што сатаната им ја кажал на самиот почеток на Адам и Ева: "Не, вие нема да умрете." Битие 3:4. (Види лекција 10 за повеќе детали за состојбата на мртвите.)

8. Очигледно е дека Бог ни ги открива активностите на Антихристот (папството) во Даниел 7. и Откровение 13, 17 и 18 глава. Дали Антихристот се споменува уште на некое место во Библијата?


Да, за ѕверот или силата на Антихристот (или за неговите активности) се спомнува уште во најмалку девет пророштва од Стариот и Новиот завет: Даниел 7; Даниел 8,9 глава; Даниел 11; Откровение 12; Откровение 13; Откровение 16; Откровение 17, 18 и 19 глава. Кога Бог за една иста сила ќе се наврати во девет пророштва, тогаш навистина мораме да признаеме дека Тој сака нешто важно да ни каже.

9. Дали сатанското царство наречено Вавилон датира од вавилонската кула?


Не, туку тоа датира уште од времето кога сатаната се побунил против Бога на небото. Всушност, пророкот Исаија, Луцифер и неговиот пад од небото го претставува преку вавилонскиот цар (Исаија 14:4,12-15). Бог уште од самиот почеток на падот во грев, на сатанското царство гледа како на Вавилон. Главната цел на сатаната е да го надвладее Бога, да го уништи Божјото царство, и да воспостави сопствено вавилонско царство низ целиот свет. Исус вели дека постојат само две страни (Матеј 7:13,14). Секоја личност на овој свет еден ден ќе мора конечно да се определи чија страна ќе прифати. Станува збор за живот или смрт. Оние, кои му служат на Исуса и го поддржуваат ќе бидат спасени во Неговото небесно царство, а оние, кои го поддржуваат Вавилон ќе бидат уништени во последниот оган. Времето одминува и нема уште многу за да се донесе конечната одлука. Токму од тие причини последниот Исусов апел за излез од Вавилон е толку важен и итен.

10. Какво значење има пресушувањето на водите на Еуфрат за да им се подгови патот на царевите од исток?


Пред да падне античкото вавилонско царство во рацете на медискиот генерал Дариј, водите од реката Еуфрат кои поминувале под ѕидините на градот, биле пренасочени во рачно изработен канал. Ова пренасочување на водите му дозволиле на Дариј да навлезе со својата армија во инаку несовладливиот град преку коритото на реката и да го освои. Во пророштвата од Откровението водите ги претставуваат народите (Откровение 17:16). Значи, водите на Еуфрат ги претставуваат следбениците на големиот Вавилон, чија поддршка ќе пресуши и тие ќе се свртат против Вавилон и ќе сакаат да го уништат (Откровение 17:16). Ова пресушување на поддршката за големиот Вавилон им ја осигурува победата на царевите од истокот, Таткото и Синот.

Квиз прашања



1. Што значи зборот "Вавилон"? (1)

_____   Збрка.
_____   Бунт.
_____   Измамник.

2. Кого го симболизира мајката Вавилон во библиските пророштва? (1)

_____   Обединетите Нации.
_____   Папството.
_____   Марија, Исусовата мајка.

3. Кои се вавилонските ќерки? (1)

_____   Прискила, Елисавета и Срна.
_____   Цариците од Европа.
_____   Црквите кои ги следат вавилонските лажни учења и обичаи.

4. Што е симболизирано со мајката Вавилон, која седи на црвен ѕвер? (1)

_____   Црквата што ја контролира државата, која и е близок соработник.
_____   Жените се добри дресери на животни.
_____   Жените треба да јаваат, а не да пешачат.

5. Кои лажни вавилонски учења ќе предизвикаат духовна збунетост кај луѓето? (4)

_____   Светоста на бракот.
_____   Смртта е само сон.
_____   Грешниците засекогаш ќе горат во пеколот.
_____   Неделата како свет Божји ден.
_____   Бесмртноста на душата.
_____   Крштевање со потопување.
_____   Укинување или изменување на Законот.

6. "Падна, падна Вавилон" значи дека (1)

_____   Ангел паднал од небото.
_____   Вавилон настрадал од земјотрес.
_____   Мајката црква и останатите цркви, кои ги прифаќаат нејзините лани учења отпаднале од би

7. Симболот "царевите од исток" ги претставува (1)

_____   Исус и Неговиот Татко.
_____   Сатаната, кој работи преку паганството.
_____   Светските нации.

8. Што е претставено со пресушувањето на водите на Еуфрат? (1)

_____   Голем недостаток од вода во последните денови.
_____   Недостаток од храна во последното време.
_____   Вавилон ќе ја загуби поддршката на своите сојузници.

9. Вавилон е семејно име, кое ги вклучува скоро сите религии и цркви. (1)

_____   Да.
_____   Не.

10. Кој во суштина ги повикува луѓето да излезат надвор од Вавилон? (1)

_____   Ангелите.
_____   Десетте цареви.
_____   Луцифер.
_____   Исус.

11. Дали не би било подобро да се обидеме да ја реформираме падната црква отколку да излеземе од неа? (1)

_____   Да.
_____   Не.

12. Што значи тоа да се биде опиен од вавилонско вино? (1)

_____   Да бидеш алкохоличар.
_____   Да му се придружиш на журка.
_____   Да се биде физички болен.
_____   Да се биде збунет од вавилонските лажни учења.

13. Кои три сили ќе се обединат во последното време во борбата против Исус и Неговиот народ? (3)

_____   Нехристијанските религии.
_____   Обединетите Нации.
_____   Отпаднатиот Протестантизам.
_____   Вонземјаните.
_____   Папството.

14. Кога Исус ќе го повика Својот народ да излезе од Вавилон, дали тој ќе го послуша повикот? (1)

_____   Да.
_____   Не.

15. Мнозина се во Вавилон, но не знаат за тоа. (1)

_____   Да.
_____   Не.