Get the daily devotional to your inbox
Looks good!
Please enter a valid email address.
Looks good!
Please confirm your email address.

С.А.Д. во библиските пророштва

С.А.Д. во библиските пророштваLesson 21

Можеби ќе бидеш изненаден кога ќе откриеш дека Соединетите Американски Држави се појавуваат во Библиските пророштва. Но тоа е вистина. Америка ќе има водечка улога во завршните настани на планетата Земја. Те очекуваат додатни изненадувања во ова проучување, што Исус ги открива за водечката нација во светот. Те молиме прочитај Откровение 13:11-18 пред да ја проучуваш оваа лекција. Тие осум стиха се Исусовата слика на Америка во деновите што се пред нас.
Ѕверот од откровение 13:1-10 го симболизира папството.
Ѕверот од откровение 13:1-10 го симболизира папството.

1. Светските сили се симболизирани во Откровение 13 глава. Која е првата сила?

Одговор:   Ѕверот со седум глави (Откровение 13:1-10) не е никој друг освен папството. (Види лекција 15 за целосна студија на оваа тема.) Имај на ум дека ѕверот во библиското пророштво претставува нација или светска сила (Даниел 7:17, 23).

Во 1798, Генералот Бертие му задал смртна рана на папството кога го земал папата како пленик
Во 1798, Генералот Бертие му задал смртна рана на папството кога го земал папата како пленик

2. Во која година беше претстакажано дека папството ќе го изгуби своето влијание и власт?

"И му се даде власт да прави така четириесет и два месеци." Откровение 13:5.

Одговор:   Библијата прорече дека папството ќе го загуби своето светско влијание и власт на крајот на 42-та месеци. Ова пророштво беше исполнето во 1798 година, кога генералот на Наполеон Бертие го одвел папата пленик и папската сила ја примила својата смртна рана. (За повеќе детали, види лекција 15.)

Ѕверот од Откровение 13:11-18 ја симболизира Америка.
Ѕверот од Откровение 13:11-18 ја симболизира Америка.

3. За која нација беше проречено дека ќе се појави во истото време кога папството ја прими својата смртна рана?

"Видов и друг ѕвер како излегува од земјата и имаше два рога како кај јагне, а зборуваше како змев." Откровение 13:11.

Одговор:   Заробеништвото на папството споменато во 10 стих се случило во 1798 година, и една нова сила (11 стих) се појавила во тоа време. Соединетите Држави ја објавија својата независност во 1776 година, гласаше за Уставот во 1787 година, го прифати Документот за Правата во 1791 година и беше јасно препознаена како светска сила во 1798 година. Америка очигледно се поклопува со времето. Ниту една сила не би можела да се квалификува за тоа.

Пророштвото претскажало дека Америка ќе се подигне од ретко населено подрачје.
Пророштвото претскажало дека Америка ќе се подигне од ретко населено подрачје.

4. Кое е значењето на ѕверот, кој "излегува од земјата?"

Одговор:   Оваа нација излегува “од земјата” наместо од водата, како што тоа беше случај со другите нации споменати во Даниел и Откровение. Од Откровението ние знаеме дека водата ги симболизира областите на светот, кои се многу населени. “Водите што ги виде, каде што седи блудницата, тоа се луѓе, толпи, народи и јазици.” Откровение 17:15. Заради тоа, земјата го претставува она спротивното. Тоа значи дека оваа нова нација ќе се подигне од област во светот, кој бил речиси ненаселен сè до доцна во осумнаесетиот век. Таа нема да се појави меѓу збиените народи од Стариот Свет. Таа мора да се појави во ретко населен континент.


5. Што е симболизирано преку двата рогови како кај јагне и отсуството на круни?

Одговор:   Роговите претставуват цареви и царства или влади (Даниел 7:24 8:21). Во тој случај, тие ги претставуваат двете владеачки начела на владата на Америка: граѓанска и верска слобода. Овие две начела на владеење се означени како “републиканизам” (влада без цар) и “протестантизам” (црква без папа). Другите нации во старо време ги оданочувале луѓето за да поддржат религија востановена од владата. Исто така, во тоа време, ги потиснувале верските “секти.” Меѓутоа Америка воспостави нешто сосема ново: Слобода на богослужение, какво што посакуваш, без мешање или контрола од страна на владата – и со заштита на владата. Отсуството на круни означува републикански облик на влада. Роговите како кај јагне означуваат невина, млада, неугнетувачка, духовна нација, која го љуби мирот. Кон Исуса е посочено како на јагне 28 пати во Откровението. Така оваа нова влада ќе се обидува да се придржува до Неговите начела. Ниту една друга сила на земјата не би можела да одговара на овие карактеристики и на време на оваа јагне со два рога, освен Америка.

Посебна забелешка: Сега ние сакаме да застанеме тука, во Исусовото опишување на Америка – но не можеме, затоа што Тој не застана. Она што следува е потресно и вознемирувачко. Америка е навистина голема нација – со слобода на совеста, печатот, говорот и потфатот заштитата која таа ја нуди, златните можности нејзиното чувство за фер нејзината сочувствителност кон потчинетите и својата строга христијанска ориентираност. Таа не е совршена, но сепак една војска на народ од другите земји забрзано посакува да стане американски државјанин секоја година. Доколку вратите на Америка се широко отворени, голем дел од луѓето во светот би се преселиле во Соединетите Држави одеднаш - кон “рајот на земјата”, како што тие го сфаќаат тоа. За жал, оваа богато благословена земја драстично се менува во последно време, претставувајќи неспоредлива болка и страв за Божјиот народ. Ние го искажуваме сето тоа со воздржаност и длабока загриженост.

Америка на крајот на времето ќе ги присилува луѓето на што и кому да му служат.
Америка на крајот на времето ќе ги присилува луѓето на што и кому да му служат.

6. Што значи кога пророштвото во Откровение 13:11 вели дека Америка ќе зборува "како змев"?

Одговор:   Како што научивме во лекцијата 20, змевот е сатаната, кој работи преку разни влади на земјата за да го воспостави своето зло царство и да ја згмечи Божјата црква, прогонувајќи го и уништувајќи го Божјиот народ. Целта на сатаната била секогаш да ја узурпира Божјата власт и престол и да ги присили луѓето да му служат и нему да му се покоруваат. (Види лекција 2 за повеќе детали). Така “да се зборува како змев” значи дека Соединетите Држави (под влијание на сатаната), во времето на крајот ќе ги принудува луѓето да му служат на Бога спротивно од својата совест, или да бидат казнети.

Отпаднатите цркви и граѓанската власт ќе се соединат во последното време, за да ја присилуваат совеста на луѓето.
Отпаднатите цркви и граѓанската власт ќе се соединат во последното време, за да ја присилуваат совеста на луѓето.

7. Што специфично ќе прави Америка, за да може да се каже дека ќе зборува како змев?

Одговор:   Забележи ги следните четири критични точки:

A. "И тој ја спроведува власта на првиот ѕвер, во негово присуство." Откровение 13:12. Америка ќе стане сила која ќе прогонува и која ќе ги присилува луѓето да чинат спротивно од својата совест, како што тоа го чинеше папскиот Рим – којшто е опишан во првата половина на 13 глава од Откровение.

Б. "Па направи земјата и нејзините жители да му се поклонуваат на првиот ѕвер, чија смртоносна рана беше зацелена." Откровение 13:12. Соединетите Држави ќе ги водат нациите во светот во присилување на обожување и верност на папскиот Антихрист. Работата е секогаш во обожувањето. Кого ќе го обожуваш или почитуваш? Дали тоа ќе биде Христос, твојот Создател и Откупител или антихристот? Секоја душа на земјата на крајот ќе му служи или на едниот или на другиот. Целиот пристап ќе изгледа многу духовен. Ќе бидат извршени неверојатни чуда (Откровение 13:14,15), коишто ќе измамат милијарди (Откровение 13:3).

Оние што ќе одбијат да се приклучат на ова движење ќе бидат сметани за безбожни радикали. Исус ја означува протестантската Америка на последното време како “лажен пророк” (Откровение 19:20 20:10), затоа што ќе изгледа духовна и достојна за доверба, но наместо тоа, ќе биде сатанска во своето однесување.

Сето ова може да изгледа невозможно, но на Исусовите зборови можеме секогаш да се потпреме и тие се секогаш точни (Тит 1:2). Тој го претскажа подигањето и падот на светските империи и Антихристот (Даниел 2 и 7 глава), во време кога таквите претскажувања изгледаа необични и неверојатни. Но сето тоа се случи токму како што беше претскажано. Неговото предупредување за нас денес во поглед на пророштвото гласи: “И сега ви кажав, уште пред да се исполни, та кога ќе се исполни, да поверувате.” Јован 14:29.

В. "Велејќи им на жителите на земјата да направат икона на ѕверот, кој имаше рана од меч и оживе." Откровение 13:14. Соединетите Држави ќе му направат лик на ѕверот со тоа што ќе озакони практикување на религија. Таа ќе донесе закон во поглед на богослужението и ќе ги присилуваат луѓето да го почитуваат или да се соочат со смрт. Оваа активност е копија или лик на комбинацијата на црквата и државата што папството ја спроведе во климаксот на својата сила за време на Средниот Век, кога милиони беа погубени заради својата вера. Америка ќе ја соедини граѓанската власт и отпаднатиот протестантизам во “брак” што ќе го поддржи папството. Тоа тогаш ќе влијае врз сите нации на светот да го следат нивниот пример. Така, папството ќе се здобие со световна поддршка.

Г. "И да направи да бидат убиени оние, кои нема да се поклонат пред иконата на ѕверот." Откровение 13:15. Соединетите Држави, како водач на ова интернационално движење, потоа ќе влијае врз сите нации да донесат универзална смртна пресуда, врз сите оние, кои ќе одбијат да му се поклонат на ликот на ѕверот или на неговиот лик. Друго име за оваа светска коалиција е “Вавилон Големиот.” (лекцијата 22 ќе ти даде повеќе информации). Оваа светска алијанса во името на Христа, убедувањето на Светиот Дух ќе го заменат со полициската сила и ќе присилуваат на обожување.

8. За кои специфични точки ќе биде применета сила и ќе биде донесена смртна пресуда?

8. За кои специфични точки ќе биде применета сила и ќе биде донесена смртна пресуда?

"И му беше дадено да вдахне дух во иконата на ѕверот, за иконата на ѕверот да прозборува и да направи да бидат убиени оние, кои нема да се поклонат пред иконата на ѕверот. И тој направи на сите - мали и големи, богати и бедни, слободни и робови - да им се даде белег на десната рака или на челото, и никој да не може ниту да купи ниту да продаде, освен оној што го има белегот, името на ѕверот или бројот на неговото име." Откровение 13:15-17.

Одговор:   Завршните точки на расправата ќе биде служењето и почитувањето на ѕверот и примањето на неговиот жиг – неделата како свет ден – наспроти обожувањето и почитувањето на Христа и примањето на Неговиот белег – Неговиот свет седми ден Саботата. (За повеќе детали, види Лекција 20). Кога тоа ќе стане јасно и луѓето ќе бидат присилени да извршуваат богослужение во недела и ја прекршат саботата или бидат убиени, оние кои ќе се одлучат за неделата, всушност ќе му се поклонуваат на ѕверот. Тие ќе имаат одлучено да бидат послушни на зборот на едно создание, човекот, наместо на зборот на својот Создател, Исус Христос. Еве една изјава на папството: “Црквата ја има променето саботата во недела и целиот свет се поклонува и извршува богослужение на тој ден во тивка послушност на налогот на Католичката црква." Hartford Weekly Call, February 22, 1884.

За време на втората светска војна беа издавани маркици за ограничување за продажба на храна, гориво, гуми и други неопходни работи. Таквата контрола може лесно повторно и денес да се воспостави.
За време на втората светска војна беа издавани маркици за ограничување за продажба на храна, гориво, гуми и други неопходни работи. Таквата контрола може лесно повторно и денес да се воспостави.

9. Дали владата навистина може да го контролира купувањето и продавањето?

Одговор:   За време на втората светска војна, купувањето на одредени производи беше контролирано (како што е шеќерот, гумите, и горивото) со маркици. Без маркица, парите беа безвредни. Во ова високо компјутеризирано време, систем кој е базиран на твојот матичен број може лесно да биде поставен. Ако не се согласиш да соработуваш со таа светска коалиција, твојот број, означен пред купувањето, може да покаже дека ти си дисквалификуван. Ние точно не знаеме како тоа ќе функционира, меѓутоа ние сме сигурни дека тоа ќе се случи, затоа што Бог тоа го вели во Откровение 13:16,17.

Две сили кои се појавуваат
Откровението 13 глава е јасно. Во последното време ќе се појават две супер сили: Соединетите Држави и папството. Соединетите Држави ќе го подржат папството, преку тоа што ќе води во присилувањето на луѓето да му се поклонат на ѕверот (папството) и да го примат неговиот жиг или да се соочат со смрт. Следните две прашања ќе ја проценат силата на овие две суперсили.

Папството е најсилната верско-политичка сила на земјата.
Папството е најсилната верско-политичка сила на земјата.

10. Колку силно и влијателно е денес папството?

Папата е екстремно популарен светски водач.
Папата е екстремно популарен светски водач.
Одговор:   Таа е далеку најсилна верско-политичка сила во светот. Скоро секоја водечка нација во светот има свој амбасадор или претставник во Ватикан. Забележи ги следните факти:

A. Папството има такво влијание и сила така што секоја голема земја се консултира со него, пред да направи некоја важна одлука. Неговото “големо дипломатско претставништво одржува врски со повеќе од 100 нации." U.S. News and World Report, October 30, 1978, p. 24.

Б. Папството за себеси си зема заслуга за пропаѓањето на комунизмот, велејќи дека Марија, мајката на Исус, го водела папата во неговата стратегија да го сруши комунизмот. "Handmaid or Feminist," Time, December 30, 1991, pp. 64, 65.

В. Целта на папата е да го соедини христијанскиот свет под водството на папството до крајот на овој век. Тој има направено повеќе од 40 патувања низ светот за да ги постави темелите за таа цел. Gene H. Hogberg, The Plain Truth, November/December 1989, pp. 24, 25.

Г. Одѕивот на светот е скоро совладувачки. За време на кризата во Ирак, папата и американскиот претседател понекогаш ги дискутираа светските нешта по телефон секоја седмица. U.S. News and World Report, August 13, 1990, p. 18.

Д. На 7 јуни, 1982 година некогашниот претседател Роналд Реган и папата Јован Павле II, се сретнаа во Ватикан во времетрење од 50 минути и направија план да го елиминираат комунизмот. Соединетите Држави испратија тони на модерна опрема за комуникација до Полска (местото каде што сè започна), за да помогнат за ширење на информациите до масите на народот. "The Holy Alliance," Time, February 1992, pp. 28, 31, 35.

Ѓ. Горбачов рече: “Сето она што се случи во источна Европа во скорешните години, би било невозможно без напорите на папата и неговата огромна улога, вклучувајќи ја и политичката улога, кој тој ја имаше во светската арена." Mikhail Gorbachev, Toronto Star, March 9, 1992.

Папството, кое порано за протестантите велеше дека се “еретици,” сега ги нарекува “одвоени браќа” и милостиво им сугерира сите да работат и се молат заедно за мир и Божјо присуство. Милиони протестанти се длабоко импресионирани. Како факт, неколку протестантски деноминации имаа официјален дијалог со папството да се обидат да ги решат разликите, кои ги создаде Реформацијата.

Америка е воена сила број еден во светот.
Америка е воена сила број еден во светот.

11. Колку силни и влијателни се денес Соединетите Држави?

Сите нации во светот гледаат кон Соединетите Држави за заштита и поддршка.
Сите нации во светот гледаат кон Соединетите Држави за заштита и поддршка.
Одговор:   Соединетите Држави се сметаа за воена сила број еден во светот и центар на влијание. Забележи го следното:

A. "(Америка е) единствена супер сила која преостанува." "The U.N. Obsession," Time, May 9, 1994, p. 86.

Б. "Нема изгледи во непосредна иднина дека некоја друга сила може да и биде ривал на Соединетите Држави." Charles Krauthammer, "The Lonely Superpower", The New Republic, July 29, 1992, p. 23.

В. Јасер Арафат ја нарече Америка “новиот Рим” затоа што, како што стариот Рим беше неоспорна супер сила во свое време, Америка е сега број еден. Newsweek, August 12, 1991, p. 33.

Г. "Моќта на Америка ќе ги одлучи сите главни глобални настани." Jim Hoagland, "Of Heroes ...", The Washington Post, August 21, 1991, p. A-23.

Кога една марксистичка група ја сруши владата на Етиопија, Америка беше замолена да преговара. Кога Борис Елцин стана претседател на новата независна Русија, тој прво ја посети Америка. Поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов, се сврте кон Америка во својата криза. Кога Кувајт беше заземен, неговата влада повика на Америка. Војната која САД ја отпочна против Ирак, доби поддршка од скоро целиот свет. Еден известувач на национално народно радио го нарече американскиот претседател, “претседател на светот.” Ние сега имаме “необичен свет, во кој има само една сила, Соединетите Држави, на врвот на интернационалниот систем." Krauthammer, The New Republic, p. 23.

12. Јасно е дека влијанието и силата на Соединетите Држави и папството брзо се зголемуваат. Кои други фактори можат да помогнат да дојде до состојба за воспоставување на еден светски закон да се убија

12. Јасно е дека влијанието и силата на Соединетите Држави и папството брзо се зголемуваат. Кои други фактори можат да помогнат да дојде до состојба за воспоставување на еден светски закон да се убијат оние, кои ќе одбијат да чинат спротивно од својата совест?

Одговор:   Ние не можеме да ги именуваме со сигурност, меѓутоа некои од следните можности се следните:

A. Активноста на терористи.

Б. Немири и ескалирање на криминалот и злото.

В. Војна со дрогата.

Г. Голема економска криза.

Д. СИДА и други епидемии.

Ѓ. Нуклеарни закани од радикални нации.

Е. Политичка корупција.

Ж. Големо погазување на правдата по судовите.

З. Злоупотреба на парите за социјални намени.

Ѕ. Зголемување на даноците.

И. Порнографијата и болната неморалност.

Ј. Ужасни глобални катастрофи.

К. Радикални групи со “посебни интереси.”

Л. Криза со абортусот.

Силната реакција против корупцијата, безаконието, неморалноста, сексуалната слобода, неправдата, сиромаштијата, слабите и неефективни водачи во политиката и многу други слични зла можат лесно да донесат голема поплава на барање за силни, специфични закони, кои ќе бидат непопустливо присилувани.


13. Како што состојбата на светот се влошува, што ќе направи сатаната за да ги измами луѓето?

"И прави големи чудотворни знаци, така што прави и оган да паѓа од небото на земјата пред луѓето. Тој ги заведува жителите на земјата со чудотворните знаци што му беа дадени да ги прави пред ѕверот, велејќи им на жителите на земјата да направат икона на ѕверот, кој имаше рана од меч и оживе." Откровение 13:13,14.

Одговор:   Америка ќе доживее лажно, светско заживување и ќе инсистира да бидат изгласани религиозни закони, со кои ќе се присилува секоја личност да се согласи. (Ова е претставено преку “ликот на ѕверот” во Откровение 13:14.) Луѓето ќе бидат присилувани да го омаловажат Божјиот свет, седми ден – Сабота и наместо тоа, да извршуваат богослуженија во “светиот” ден на ѕверот – неделата. Некои ќе се согласат само од општествени или економски причини. Состојбата во светот ќе стане толку нетолерантна така што светското движење “назад кон Бога и молитвата,” со сите соединети во богослужение и молитва во недела, ќе изгледа дека ќе биде единствена солуција. Сатаната ќе го измами светот во тоа да верува дека тие мора да компромитираат со библиската вистина и да ја држат неделата света. Меѓутоа, во реалноста, послушноста и поклонувањето кон ѕверот, ќе ги спречи луѓето да влезат во Божјото царство. Не е чудо што Исус прави толку големо прашање во Откровение, за обожувањето на ѕверот и примањето на неговиот жиг!

Во последните денови на оваа земја, Божјата порака на надежта за последното време ќе достигне до секоја личност.
Во последните денови на оваа земја, Божјата порака на надежта за последното време ќе достигне до секоја личност.

14. Додека интересот за лажното оживување се зголемува, што ќе се случува со вистинското светско оживување извршено од Божјиот народ на последното време?

Одговор:   Библијата вели дека целиот свет ќе биде “осветлен” со неговата слава (Откровение 18:1). Секоја личност на земјата ќе биде допрена (Марко 16:15) со Божјата тројна порака за последното време од Откровение 14:6-14. Божјата црква на последните денови ќе расте со восхитувачка брзина, како што милиони ќе се приклучуваат кон Божјиот народ и ја прифаќаат неговата понуда за спаение преку бесплатната благодат и вера во Христа, која нив ќе ги преобрази во Негови послушни слуги. Многу луѓе и водачи од сите земји на светот ќе одбијат да му се поклонат на ѕверот и да ги прифатат неговите лажни учења. Наместо тоа, тие ќе му служат на Христа и само Нему ќе му бидат послушни. Тогаш тие ќе го примат печатот на Неговата света сабота на нивните чела (Откровение 7:2,3), така што ќе бидат запечатени за сета вечност.

Брзиот раст го разбеснува лажното движење
Брзиот раст помеѓу Божјиот народ ќе го разбесни лажното движење. Неговите лидери ќе бидат целосно уверени дека оние што одбиваат да соработуваат со светското лажно заживување се причина за сите световни неволји (Даниел 11:44). Тие ќе ги дисквалификуваат од продавање и купување (Откровение 13:16,17), но Господ ќе го храни Својот народ (Исаија 3316) и ќе го заштити (Псалм 34:7).


15. Во очајност, коалицијата водена од Соединетите Држави потоа ќе одлучат да наметнат смртна пресуда за своите непријатели (Откровение 13:15). Што Откровение 13:13, 14 вели дека нејзините лидери ќе направат, за да ги убедат луѓето дека Бог е со нив?

Најголемото чудо на сатаната ќе биде, да се појави лично како Христос.
Најголемото чудо на сатаната ќе биде, да се појави лично како Христос.
Одговор:   Тие ќе извршат чуда – толку убедувачки, така што сите освен Божјиот верен народ на последното време ќе бидат убедени (Матеј 24:24). Користејќи се со духовите (или паднатите ангели) на сатаната (Откровение 16:13,14), тие ќе се претставуваат како умрените сакани на луѓето преку магии (Откровение 18:23) и веројатно ќе се претвораат дури и во Библиски пророци и апостоли. Тие демонски духови кои лажат, без сомнеж ќе тврдат дека Бог ги испратил да ургираат на сите да соработуваат.

Сатаната се појавува како Христос неговите ангели заземаат став на проповедници
Ангелите на сатаната исто така ќе се појавуваат како побожно свештенство и сатаната ќе се појави како ангел на светлината (2. Коринтјаните 11:13-15). Како свое најголемо чудо, сатаната ќе тврди дека е Исус (Матеј 24:23, 24). Додека сатаната се преправа како Христос, може лесно да тврди дека ја променил саботата во недела, за да ургира врз неговите следбеници да продолжат со своето заживување на светско ниво и тој ќе го поддржува неговиот “свет” ден – неделата.

Милијарди се измамени
Милијарди, верувајќи дека сатаната е Исус, ќе паднат пред неговите нозе и ќе се придружат на лажното движење. “И сета земја се восхити и тргна по ѕверот “ Откровение 13:3. Измамата ќе биде премногу ефективна. Меѓутоа Божјиот народ на последното време нема да биде измамен, затоа што тие го проверуваат секое учење со Библијата (Исаија 8:19,20 2. Тимотеј 2:15). Библијата вели дека Божјиот закон не може да се промени (Матеј 5:18). Таа исто така вели дека кога Исус ќе се врати, секое око ќе го види Него (Откровение 1:7) и дека Тој нема да ја допре земјата, туку ќе остане на облакот и ќе го повика Својот народ да се сретне со Него во воздухот (1. Солунјаните 4:16,17).


16. Како можеме да бидеме сигурни од силните измами на последното време?

Одговор:   A. Испитувај го секое учење со Библијата (2. Тимотеј 2:15 Дела 17:11 Исаија 8:19, 20).

Б. Следи ја вистината кога Исус ќе ти ја открие. Исус ветува дека оние, кои ја чинат Неговата волја, никогаш нема да завршат во заблуда (Јован 7:17).

В. Биди близу до Христа секој ден (Јован 15:5).

Потсетник: Ова е шеста лекција во нашата серија од девет лекции за тројната ангелска вест. Следната лекција ќе ни открие како христијанските цркви и другите религии ширум светот ќе се постават себеси во поглед на настаните на крајот на времето.


17. Дали имаш волја да му служиш и да бидеш послушен на Христа дури и ако тоа значи да бидеш исмејуван, прогонуван и на крајот убиен?

Одговор:   


Твоите Прашања Одговорени


1. Изгледа дека не е фер, во завршната криза луѓето, кои никогаш не слушнале за Божјата вистина наивно да го одберат лажното и така бидат загубени.


Никој нема да се соочи со завршната криза без прво да ја слушнал (Марко 16:15) и разбрал (Јован 1:9) Божјата важна тројна ангелска вест за денешното време (Откровение 14:6). Луѓето ќе се одлучат да го примат жигот на ѕверот во тоа време, само затоа што тие не сакаат да ја платат цената за следењето на Христа.

2. Која е битката на Армагедон, за која се зборува во Откровение 16:12-16? Кога и каде таа ќе се води?


Битката на Армагедон е завршната битка помеѓу Христа и сатаната. Таа ќе биде водена на земјата и ќе почне пред крајот на времето. Битката ќе биде прекината од второто Христово доаѓање. Таа ќе започне по 1000 години, кога злите ќе го опкружат светиот град со надеж дека ќе го освојат. Битката ќе заврши кога Бог ќе истури оган од небото врз злите и ќе ги уништи (Откровение 20:9). (Лекцијата 12 го објаснува милениумот во детали)

Што значи зборот “Армагедон”?
Армагедон е симболично име за "битката на големиот ден на Бога Семоќниот", помеѓу Христа и сатаната, во која сите нации на светот ќе бидат вовлечени (Откровение 16:12-16, 19). "Царевите од исток" се Бог Отецот и Бог Синот. "Исток" во Библијата го симболизира Божјото небесно царство (Откровение 7:2 Езекиел 43:2 Матеј 24:27). Во оваа завршна битка, скоро целиот свет ќе се соедини (Откровение 16:14) во борба против Исус, јагнето и Неговиот народ (Откровение 17:14 19:19). Нивната цел ќе биде да ги збришат сите оние, кои одбиваат да му се поклонат на ѕверот и го прифатат неговиот жиг (Откровение 13:15-17).

По отфрлувањето следи измама
Луѓето, кои ќе одбијат да ја прифатат Божјата тројна ангелска вест за последните денови (и покрај тоа што ќе знаат дека е точна), ќе бидат силно измамени да и веруваат на лагата (2. Солунјаните 2:10-12). Тие ќе започнат искрено да веруваат дека тие го поддржуваат Божјото големо царство, кога тие ќе се обидат да го уништат Божјиот народ. Тие ќе мислат дека светиите се безнадежно измамени фанатици, кои го осудуваат на несреќа преку своето одбивање да соработуваат со лажното заживување.

Исусовото второ доаѓање ја запира битката
Битката ќе биде во светски рамки. Владите ќе се обидат да го уништат Божјиот народ, но Бог ќе интервенира . Симболичната река Еуфрат ќе пресуши (Откровение 16:12). Водите ги претставуваат луѓето (Откровение 17:15). Пресушувањето на реката Еуфрат ќе значи дека луѓето кои го поддржуваа ѕверот (царството на сатана), одеднаш ќе ја повлечат својата поддршка. Така поддршката на ѕверот ќе пресуши. Неговата коалиција (Откровение 16:13, 14) ќе се распадне (Откровение 16:19). Исусовото второ доаѓање ќе ја запре битката и ќе го спаси Неговиот народ (Откровение 6:14-17 16:18-21 19:11-20).

Битката повторно започнува по 1000 години
По илјада години, сатаната овојпат ќе биде отворен водач на силите против Бога и Неговиот народ. Тој повторно ќе ја отпочне битката против Бога обидувајќи се да го заземе светиот град. Тогаш сатаната и неговите следбеници ќе бидат уништени со оган од небото (види лекција 11 и 12). Секој следбеник на сатаната ќе биде уништен. Секој следбеник на Христа ќе влезе во Неговото вечно царство.

3. Библијата вели: "Ќе дојде час кога секој што ќе ве убие, ќе мисли дека со тоа Му служи на Бога." Јован 16:2. Дали мислиш дека тоа ќе се случи буквално во наше време?


Да. Коалицијата на светските влади и религии во последното време конечно ќе го загубат сето сочувство за Божјиот народ, кој ќе одбие да се придружи на лажното движење и го прифатат неговиот симбол (богослужение во недела). Тие ќе знаат дека прекрасните чуда, кои го пратат нивното заживување ја докажуваат неговата валидност - чудата како што се: болните исцелени или познатите мразители на Бога, неморалните филмски ѕвезди, дилери на дрога и добро познатите криминалци, обратени. Коалицијата ќе инсистира на тоа да, на никого не му дозволи да го наруши тоа световно заживување, кое ги привлекува сите религии. Ќе биде ургирано на секого да ги остави настрана своите лични чувства и “фанатични учења” (на пример саботата) и да се приклучат со остатокот на светот во своето искрено заживување, за мир и братство. Сето друго, освен тоа движење ќе биде сметано за второстепено. Оние, коишто не се согласуваат да соработуваат, ќе бидат сметани за нелојални, непатриоти, анахристи и конечно опасни фанатици, кои не смеат да бидат толерирани. Во тој ден, оние коишто ќе убијат некого од Божјиот народ, ќе мислат дека му вршат услуга на Бога.

4. Како што ги проучувам пророштвата на Даниел и Откровението, изгледа дека вистинскиот непријател е секогаш ѓаволот. Дали се сложуваш?


Апсолутно! Ти си 100% во право. Сатаната е секогаш вистинскиот непријател. Сатаната работи преку земните водачи и нации за да го повреди и така да му донесе болка на Христа и на Отецот. Ние лесно забораваме дека сатаната е непријател. Тој е оној, кој е одговорен за сето зло. Да ја фрламе вината на него и да бидеме внимателни како ги судиме и осудуваме луѓето или организациите, кои го повредуваат Божјиот народ и црква. Тие некогаш не се информирани или дури целосно несвесни за тоа дека повредуваат некого. Меѓутоа тоа не е никогаш случај со сатаната. Тој е секогаш свесен. Тој намерно го повредува Бога и Неговиот народ.

5. Како смртта на папата или изборот на нов претседател ќе влијае врз пророштвото на Америка, проречено во Откровение 13:11-18?


Пророштвото ќе биде исполнето без оглед на тоа кој е папа или претседател. Нов претседател или нов папа може моментално да го забрза или успори исполнувањето, но завршниот исход е сигурен според библиското пророштво.

6. Дали ѕверот со роговите како кај јагне од Откровение 13:11-18 и "лажниот пророк" од Откровение 16:13 се една иста сила?


Да. Во Откровение 19:20, каде Бог споменува уништување на Антихристот-ѕверот, тој исто така посочува кон уништување на лажниот пророк. Во овој пасус, Бог го идентификува лажниот пророк како сила, којашто “чинела чуда” пред ѕверот и “ги измамува оние, кои го примија жигот на ѕверот, и оние кои му се поклонија на Неговиот лик.” Ова е многу јасен цитат за активноста на ѕверот со рогови како кај јагне, кој е опишан во Откровение 13;11-18. Во оваа лекција ние го идентификувавме ѕверот со рогови како кај јагне како Соединетите Американски Држави. Така ѕверот со рогови како кај јагне и лажниот пророк се очигледно една иста сила.

Квиз прашања



1. Америка е симболизирана во библиските пророштва како (1)

_____   Човек со црвена, бела и сина облека.
_____   Орел со компјутер на својот грб.
_____   Ѕвер кој има два рога како кај јагне.

2. Што претставуваат тие два рога? (1)

_____   Богатство и воена сила.
_____   Бенџамин Франклин и Џорџ Вашингтон.
_____   Граѓанска и верска слобода.

3. Што симболизира "излегувањето од земјата"? (1)

_____   Дека Американците ќе сакаат да живеат во природа.
_____   Дека оваа нова земја ќе се подигне во област, којашто е многу ретко населена.
_____   Дека некои Американци ќе живеат во пештери.

4. Во ова пророштво, роговите како кај јагне на Америка значи дека Америка ќе (1)

_____   Биде срамежлива и ќе се воздржува.
_____   Биде земја каде ќе се одгледуваат овци.
_____   Се подигне како духовна нација која го љуби мирот.

5. Околу кое време пророштвото од Откровение прорекува дека Америка ќе се појави? (1)

_____   1492.
_____   1798.
_____   1620.

6. Откровение 13 глава пишува дека Америка на крај ќе зборува како “змев.” Што значи тоа? (1)

_____   Нејзиниот народ ќе биде гневен и тешко разбирлив.
_____   Таа ќе се обиде да користи оружја за уништување, кои фрлаат оган.
_____   Таа ќе ги присилува луѓето да му служат на Бога спротивно од нивната совест под смртна з

7. Божјот жиг, печат или симбол на сила е (1)

_____   Јагне.
_____   Ѕвер со два рога.
_____   Саботата, Божјиот свет ден.

8. Како Америка ќе направи "лик на ѕверот"? (1)

_____   Преку правење и продавање на многу слики на ѕверот.
_____   Преку правење на статуа на ѕверот, која ќе биде поставена во Вашингтон.
_____   Преку создавање на сојуз меѓу црквата и државата, која ќе легализира верско практикува�

9. Каква казна Откровение 13:15-17 вели дека ќе биде извршена врз оние, кои ќе одбијат да го примат жигот на ѕверот? (2)

_____   Нема да им се дозволи да купуваат и продаваат.
_____   Ќе бидат протерани во вселената.
_____   Ќе бидат убиени.
_____   Ќе бидат принудени лично да му се извинат на ѕверот.

10. Кои две земни сили ќе имаат највеќе влијание во последното време? (2)

_____   Соединетата Европа.
_____   Јапонија.
_____   Кина.
_____   Соединетите Држави.
_____   Папството.

11. Кои нешта се вистинити за битката на Армагедон? (6)

_____   Таа е последна битка на земјата.
_____   ”Царевите од Исток” се Јапонија и Кина.
_____   Целта на ѕверот во битката е да го уништи Божјиот народ.
_____   Таа ќе биде светска битка.
_____   Започнува пред Христовото второ доаѓање и завршува откако злите ќе го опколат светиот �
_____   Армагедон е симболично име за завршната битка помеѓу Христа и антихристот, или сатанат�
_____   Пресушувањето на реката Еурфрат, значи дека ѕверот ќе ја загуби подршката на повеќето о
_____   Ќе се води само во Палестина.

12. Колку успешно ќе биде Божјото оживување на последното време? (2)

_____   Целиот свет ќе се обрати.
_____   Секоја личност на земјата ќе ја слушне пораката.
_____   Милиони ќе ја прифатат.
_____   Нема да успее. Ѓаволот ќе ја запре.

13. Колку успешно ќе биде лажното движење во последното време? (1)

_____   Многу земји нема да го поддржат.
_____   Ќе биде успешно само во Америка и Европа.
_____   Секоја личност на земјата —освен Божјиот народ на последното време—ќе му се придружи �

14. Колку силни ќе бидат чудата на лажното оживување? (2)

_____   Не многу; луѓето кон нив ќе гледаат како на трикови.
_____   Доволно силно што скоро ќе го измамат целиот свет.
_____   Само необразованите ќе бидат измамени.
_____   Толку силно што само Божјите одбраници ќе ја одбегнат измамата.