Get the daily devotional to your inbox
Looks good!
Please enter a valid email address.
Looks good!
Please confirm your email address.

Божјето бесплатно здравствено осигурување

Божјето бесплатно здравствено осигурувањеLesson 13

Лекарската нега денес е од неоценлива вредност – меѓутоа, нели би било прекрасно кога нам повеќе не би ни требалe доктори? Дали знаеш дека постои докажан начин за многу лекари да останат без работа? Грижи се за своето тело! Научниците истапуваат со опасни предупредувања за холестеролот, тутунот, стресот, дебелината и алкохолот. Зошто да ја ризикуваш својата иднина? Здравствените установи се полни со луѓе кои ги занемарувале овие предупредувања – дали ти навистина сакаш да им се придружиш? Бог се грижи за тоа како ти го третираш своето тело, и Тој ти има дадено бесплатно здравствено осигурување и прирачник според кој треба да се придржуваш...Библијата! За да ги дознаеш восхитувачките факти, како да имаш изобилно здравје и долг живот, проучи ја оваа лекција – меѓутоа прочитај ја целата пред да донесуваш заклучоци.
1. Дали здравствените принципи навистина имаат дел од вистинската Библиска вера?

1. Дали здравствените принципи навистина имаат дел од вистинската Библиска вера?

"Мил мој, се молам да напредуваш во сè и во добро здравје, како што напредува и твојата душа" 3. Јованово 2.

Одговор:   Да. Како факт, Библијата го рангира здравјето скоро на врвот на листата на важните нешта. Умот на човекот, духовната природа и телото се еден со друг поврзани и зависни. Она што го погодува едното го погодува и другото. Доколку нашите тела се злоставувани, нашите умови и духовна природа не можат да станат она што Бог го одредил дека тие треба да бидат.


2. Зошто Бог му дал здравствени правила на Својот народ?

"И ни заповеда Господ да ги исполнуваме сите тие наредби... за да ни биде добро во сите денови, за да си го зачуваме животот свој, како и денес." Второзаконие 6:24. "Служи Му на Господа, твојот Бог, па ќе го благословам лебот твој, и виното твое, и водата твоја; и ќе отстранам од вас секакви болести" Излез 23:25.

Одговор:   Бог дал здравствени правила затоа што Тој знае што е најдобро за човечкото тело. Фабриките за автомобили поставуваат “упатства за ракување” во секој нов автомобил, затоа што тие знаат што е најдобро за нивниот производ. Бог, кој ги создал нашите тела, исто така ни дал “упатства за ракување.” Тоа е Библијата. Игнорирањето на Божјото “упатство за ракување” резултира во болест, извртено размислување и изгорени животи, исто како што и злоставувањето на еден автомобил (спротивно на советите на произведувачот) резултира во сериозен проблем со возилото. Следењето на Божјите правила резултира во “запазување на здравјето” (Псалм 67:2) и пообилен живот (Јован 10:10) Овие големи здравствени закони се како ѕид или ограда кои нè чуваат од болестите на сатаната. Бог нам ни кажува кои се тие правила така што ние можеме да ги одбегнеме стапиците на ѓаволот.

Божјите здравствени принципи имаат многу нешто да кажат за тоа што ние јадеме или пиеме.
Божјите здравствени принципи имаат многу нешто да кажат за тоа што ние јадеме или пиеме.

3. Дали Божјите здравствени принципи имаат нешто допирно со нашето јадење и пиење?

"Јадете го она што е добро." Исаија 55:2. " Според тоа, јадете ли, пиете ли, или што и да правите, правете сè за Божја слава" 1. Коринтјаните 10:31.

Одговор:   Да, христијанинот дури ќе јаде и пие поинаку – сето тоа за слава на Бога – користејќи само “она што е добро. Доколку Бог кажува дека одредено нешто не е добро за јадење, Тој мора да има добра причина. Тој не е остар диктатор, туку Татко полн со љубов. Сите Негови совети секогаш се за наше добро. Библијата ветува: “Ниту едно добро нешто Тој нема да го задржи од оние кои живеат по сета праведност.” Псалм 84:11. Така, доколку Бог од нас нешто задржува, причината не е заради тоа што тоа е добро.

Забелешка: Ниту една личност нема да биде на небесата заради својот начин на јадење. Јадењето дури и на ангелската храна нема да им даде на луѓето право на рајот. Само прифаќањето на Исус Христос како Спасител може да го направи тоа. Игнорирањето на Божјите здравствени закони, како и да е, може да причини една личност да биде загубена, затоа што ќе го наруши своето расудување и ќе го причини да згреши.

Бог на Адам и Ева им препиша вегетаријанска исхрана.
Бог на Адам и Ева им препиша вегетаријанска исхрана.

4. Што им дал Бог на луѓето кога Тој ги создал нив и им обезбедил совршена исхрана?

"И рече Бог: "Еве, ви дадов секаков вид растение, што дава семе, ... секое плодоносно дрво, што во себе имаат семе според својот род и вид." "Од секое дрво во градината можеш да јадеш." Битие 1:29; 2:16.

Одговор:   Исхраната што на почетокот Бог им ја дал на луѓето се состоела од овошје, житарки и зрнести плодови. Зеленчукот е даден малку подоцна (Битие 3:18).


5. Кои нешта се специфично споменати од Бога како нечисти и забранети за јадење?

Одговор:   Во Левит 11 и Второзаконие 14, Бог многу јасно ги посочува групите на животни што се нечисти. Добро прочитај ги двете глави.

A. Сите животни кои немаат раздвоени копита и ја преживаат храната (Второзаконие 14:6).

Б. Сите риби и водни созданија кои немаат лушпи и перки. Скоро сите риби се чисти (Второзаконие 14:9).

В. Сите птици грабливки, мршојадци и рибојадци (Левит 11:13-20).

Г. Повеќето "влекачи" (или оние кои немаат кичмен столб) исто така се нечисти (Левит 11:21-47).

Забелешка: Тие глави појаснуваат дека повеќето животни, птици и водни созданија што луѓето обично ги јадат се чисти. Како и да е, постојат некои исклучоци. Според Божјите правила, следните животни се нечисти и не треба да се јадат: свињи, верверици, зајаци, риби “чистачи”, јагули, морски ракови, школки, ракови, остриги, жаби и многу други.


6. Меѓутоа мене ми се допаѓа свинското. Дали Бог ќе ме уништи доколку го јадам?

"Зашто, ете, ќе дојде Господа во оган...Господ ќе суди со оган и со мечот Свој над секоја плот, и многумина ќе бидат убиени од Господа. Оние, што се оветуваат и очистуваат во шумичките еден по друг, кои јадат свинско месо и гадотии и глувци, - сите ќе загинат вели Господ." Исаија 66:15-17.

Одговор:   Ова може да биде шокатно, меѓутоа тоа е вистина и мора да биде кажано. Библијата изјавува дека сите оние што јадат “свинско месо”, “глувци” и други нечисти животни се “одвратност” и ќе бидат уништени со оган при доаѓањето Господово. Кога Господ вели нешто да оставиме и да не го јадеме, ние треба да го послушаме. Се сеќавате дека јадењето на еден плод од забрането дрво од страна на Адам и Ева, безгрешната двојка, донесе грев и смрт на овој свет. Може ли некој да каже дека не е важно, кога Господ толку јасно покажува дека е? Бог кажува дека некои луѓе ќе бидат уништени затоа што “го одбраа она во што Јас не наоѓам задоволство.” Исаија 66:4.

Ноевата жртва од чисто животно (Битие 8:20) покажува дека тој ја разбирал разликата помеѓу чистото и нечистото.
Ноевата жртва од чисто животно (Битие 8:20) покажува дека тој ја разбирал разликата помеѓу чистото и нечистото.

7. Дали овој закон за чисти и нечисти животни потекнува од Синај? Нели важеше тој само за Евреите и заврши на крстот?

"И му рече Господ Бог на Ное:... "земи со себе од секое чисто животно по седум од машки и женски пол, а од животните нечисти по две" Битие 7:1,2.

Одговор:   Не, навистина! Во Библијата има многу докази дека нечистите и чистите животни постојат од самата зора на создавањето. Ное живеел многу одамна, уште и пред постоењето на Евреите, меѓутоа тој имал знаење за чистите и нечистите животни, заради тоа што тој во ковчегот внесол од чистите животни по “седум”, а од нечистите по “две.” Откровение 18:2 кажува за некои птици како за нечисти токму пред Христовото доаѓање. Христовата смрт не ги променила овие здравствени закони, затоа што Библијата вели дека сите оние што нив ќе ги прекршат ќе бидат уништени кога Исус ќе се врати (Исаија 66:15-17). Желудникот на Евреите и органите за варење во никој случај не се разликуваат од оние на незнабошците. Тие здравствени закони важат за сите луѓе во сите времиња.

Употребата на алкохолните пијалоци е јасно забрането во Библијата.
Употребата на алкохолните пијалоци е јасно забрането во Библијата.

8. Дали Библијата забранува употреба на алкохолни пијалоци?

"Виното е потсмевка, ракијата - бунтовник; и секој, кој им е потчинет, не е разумен" Изреки 20:1. "Не го гледај виното како се црвенее, какви се искрите во чашата, како убаво се лее; отпосле тоа ќе касне како змија и ќе жилне како отровница" Изреки 23:31,32. "Ниту блудници...ниту пијаници...ќе го наследат царството Божјо." 1. Коринтјаните 6:9,10.

Одговор:   Да, Библијата јасно забранува употреба на алкохолни пијалоци.


9. Дали Библијата ја осудува употребата на тутунот?

Употребата на тутунот во било кој облик е неугодно пред Бога.
Употребата на тутунот во било кој облик е неугодно пред Бога.
Одговор:   Да, Библијата дава шест причини зошто употребата на тутунот не е угодна пред Бога:

A. Употребата на тутунот му наштетува на здравјето и го осквернува телото. "Не знаете ли дека сте Божји храм и дека Божјиот Дух живее во вас? Ако некој го урива Божјиот храм, Бог ќе го урне него, зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие" 1. Коринтјаните 3:16,17.

Б. Никотинот е супстанција која создава зависност која ги поробува луѓето. Римјаните 6:16 ни вели да ние му стануваме слуга на она на кое што му се предаваме. Оние кои користат тутун се слуги на никотинот. Исус вели: “На Господ, твојот Бог, ќе Му се поклонуваш и само Нему ќе Му служиш!" Матеј 4:10.

В. Навиката на пушење не е чиста. "Затоа, излезете од сред нив и одвојте се" - вели Господ,

"не допирајте се до нечисто", и "Јас ќе ве примам." 2. Коринтјаните 6:17. Дали можеме да го замислиме Христос како пуши цигари?

Г. Употребата на тутунот ги троши напразно парите. "Зошто трошите пари за она што не е леб?" Исаија 55:2. Ние сме Божји повереници на парите што ни се дадени, “а од управителите натаму се бара секој да се покаже доверлив" 1. Коринтјаните 4:2.

Д. Употребата на тутунот не привлекува никого поблизу до Христа. "Воздржувајте се од телесните похоти, кои војуваат против душата." 1. Петрово 2:11. Употребата на тутунот е телесна похот.

Ѓ. Употребата на тутунот го скратува животот. Скорешни научни докази го потврдуваат фактот дека употребата на тутунот често пати го скратува животниот век дури и до една третина. Тоа ја прекршува Божјата заповед против убивањето (Излез 20:13). И покрај тоа што е бавно убиство, тоа сепак претставува убиство. Еден од најдобрите начини да го одложиш своето погребение е да престанеш да пушиш.


10. Кои се некои од едноставните, но сепак многу важни, здравствени закони во Библијата?

Јадењето на оброци во редовни временски интервали е многу важно.
Јадењето на оброци во редовни временски интервали е многу важно.
Одговор:   Погледнете ги следните 11 Библиски правила за здравјето:

A. Јадете ги своите оброци во редовни временски интервали и не користете животинска лој или крв. “Јадете навремено” Проповедник 10:17. "Тоа нека ви е вечен закон...никаква лој и крв да не јадете" Левит 3:17.

Забелешка: Скорешни научни студии го имаат потврдено фактот дека повеќето срцеви удари резултираат од високо ниво на холестерол во крвта – и дека употребата на “лојта” е најмногу одговорна за ова високо ниво. Изгледа како Господ да знае што зборува, нели?

Б. Не се прејадувај. "Постави нож на грлото свое, ако си лаком" Изреки 23:2. Во Лука 21:34, Христос специфично предупредува против прејадувањето во последните денови. Прејадувањето е одговорно за многу изопачени болести.

В. Не пребивај над зависта, ниту држи се до непријателства. Овие зла ги попречуваат процесите во телото. Библијата кажува дека зависта донесува “гнилост на коските.” Изреки 14:30. Христос дури и ни заповеда да ги исчистиме непријателствата што некој друг може да ги има против (Матеј 5:23, 24).

Г. Одржувај ведро, среќно однесување. "Радосното срце делува како лек" Изреки 17:22. "Како што мисли во своето срце, таков е тој" Изреки 23:7. Многу болести од кои луѓето страдаат, се последица од ментална депресија. Ведро, среќно однесување дава здравје и го продолжува животот.

Д. Имај целосна доверба во Господа. “Стравот од Господа тежнее кон живот и оној кој го поседува ќе пребива задоволен.” Изреки 19:23 Довербата во Господа го зацврстува здравјето и животот. “Сине мој, внимавај на моите зборови... затоа што тие се живот за оние кои ги наоѓаат, и здравје за целото нивно тело.” Изреки 4:20-22. Така здравјето доаѓа од послушноста кон Божјите заповеди и од имање целосна доверба во Него.

Ѓ. Балансирана работа и рекреација со спиење и почивка. “Шест дена ќе работиш, и ќе ја вршиш сета своја работа Но седмиот ден е сабота на Господ твојот Бог тогаш немој да вршиш никаква работа” Излез 20:9, 10. “Сонот на оној човек кој работи е сладок.” Проповедник 5:12. “Со потта на лицето свое ти ќе јадеш леб.” Битие 3:19. “Напразно е за вас да станувате рано, да седнувате доцна.” Псалм 127:2 “Зашто што добива човекот за својот напор и труд што го поднесува под сонцето?...ни ноќе не мирува неговото срце. Ова е исто така суета” Проповедник 2:22, 23.

Е. Одржувај го своето тело чисто. "Бидете чисти." Исаија 52:11.

Ж. Бидете умерени во сите нешта. "Секој натпреварувач се воздржува во сите нешта" 1. Коринтјаните 9:25. "Нека вашата умереност им биде позната на сите луѓе" Филипјаните 4:5. Еден христијанин целосно ќе ги одбегнува сите нешта што се штетни и ќе биде умерен во сите нешта што се добри. Навиките што му штетат на здравјето ја прекршуваат заповедта “Не убивај.” Тие убиваат постепено и тие претставуваат самоубиство.

Ѕ. Одбегнувај ги сите штетни стимуланси. Тука има изненадување за некои. Медицинската наука го има потврдено фактот

чајот, кафето и газираните сокови кои ја содржат супстанцијата кофеин (од која се станува зависен) и други штетни состојки му наштетуваат на човечкото тело. Ниту едно од тие не содржи хранлива вредност освен ако се додаде шеќер или крем, а некои од нас веќе користат премногу шеќер. Стимулансите му даваат опасна, неприродна поддршка на телото и се како да се обидуваш да носиш еден тон на една количка. Популарноста на овие пијалоци не е заради вкусот или рекламирањето, туку заради дозата на кофеин што ја содржат. Многу луѓе се болни заради нивната зависност од кафе, чај (не се мисли на сите видови чаеви) и пијалоци кои содржат кофеин. Меѓутоа вистинска трагедија е тоа што луѓето бараат мир и сила во употребувањето на чајот и кафето како ефтина замена за молитвата и проучувањето на Библијата. Тоа му носи задоволство на ѓаволот и ги упропастува човечките животи.

З. Нека вашето време за јадење биде среќно време. “Секој човек треба да јаде и пие, и ужива во доброто од својата работа тоа е дар од Бога” Проповедник 3:13. Несреќните призори при јадењето го попречуваат варењето на храната. Одбегнувај ги.

И. Помагај им на оние кои имаат потреба. “Скини ги неправедните окови...разврзи ги врските на јаремот...подели го својот леб со гладните...доведи ги под својот покрив бескуќниците...кога ќе видиш гол,...облечи го...и тогаш твоето здравје ќе процвета брзо” Исаија 58:6-8. Ова е премногу јасно за погрешно да се разбере кога им помагаме на сиромашните и на оние во потреба, ние го унапредуваме своето здравје.

Игнорирањето на Божјите правила е сигурен начин да се стигне до операциона маса.
Игнорирањето на Божјите правила е сигурен начин да се стигне до операциона маса.

11. Какво свечено предупредување им е дадено на оние што ги игнорираат Божјите правила?

"Не лажете се: Бог не дозволува да биде исмеван! Бидејќи човекот што ќе посее, тоа и ќе жнее." Галатјаните 6:7.

Одговор:   Одговорот е премногу јасен за да се промаши. Оние кои ќе ги прекршат Божјите правила во поглед на грижата за телото, ќе жнеат болни тела и изгорени животи, исто како што и оној кој го злоставува својот автомобил ќе се соочи со сериозен дефект на автомобилот. И оние што ќе продолжат да ги прекршуваат Божјите закони на здравјето ќе бидат уништени од Господа (1. Коринтјаните 3:16). Божјите закони за здравјето не се самоволни. Тие се природни, воспоставени закони во вселената, како законот на гравитацијата. Игнорирањето на тие закони секогаш ќе резултира со одредени катастрофални резултати. Библијата вели: “Проклетството без причина нема да дојде.” Изреки 26:2. Неволјата доаѓа кога ние ги игнорираме законите на здравјето. Бог, во Својата милост, ни кажува кои се тие закони за ние да можеме да ги одбегнеме трагедиите коишто резултираат доколку истите се прекршуваат.

Оние родители кои користат дроги, често пати им пренесуваат слабости на своите деца.
Оние родители кои користат дроги, често пати им пренесуваат слабости на своите деца.

12. Каква страшна, шокантна вистина за здравјето ги има вклучено нашите деца или внуци?

"Не јади ја, за да ти биде добро тебе и на синовите твои по тебе секогаш, ако вршиш што е добро и угодно пред очите на Господа, твојот Бог" Второзаконие 12:25. “Јас сум Господ, Бог твој; Бог ревнител, Кој за гревовите на татковците ги казнуваа децата до третото и четвртото колено, на оние, кои Ме мразат” Излез 20:5.

Одговор:   Бог кажува јасно дека децата и внуците (до четвртото колено) плаќаат за неразумноста на родителите кои ги игнорираат Божјите здравствени правила. Децата и внуците наследуваат ослабени, болни тела бидејќи мајките и татковците се инаетат кон Божјите правила за нивните животи. Дали ти го посакуваш тоа за твоите драги деца и внуци?

Движењето и рекреацијата ќе ни помогне да се подготвиме за во рајот.
Движењето и рекреацијата ќе ни помогне да се подготвиме за во рајот.

13. Кои пострашни, свечени факти ни ги открива Божјиот Збор?

"И во него нема да влезе ништо нечисто" Откровение 21:27. "А чие срце, се поведе по гадотиите нивни и нечистотиите нивни, нивното поведение ќе го свртам врз нивните глави, вели Господ Бог" Езекиел 11:21.

Одговор:   Ништо осквернато или нечисто нема да биде дозволено во Божјото царство. Сите нечисти навики го осквернуваат човекот. Употребата на несоодветната храна го осквернува човекот (Даниел 1:8). Тоа е трезвено, но сепак вистинито. Одбирање на “своите патишта” и она во што Бог “не наоѓа задоволство” ќе ги чини луѓето, нивното вечно спасение (Исаија 66:3, 4 15-17).

Искрените, живи христијани ќе сакаат своите животи да ги донесат во хармонија со Божјите здравствени закони.
Искрените, живи христијани ќе сакаат своите животи да ги донесат во хармонија со Божјите здравствени закони.

14. Што секој искрен христијанин треба да настојува да направи во овој момент?

"Да се исчистиме себеси од секоја нечистотија на телото и духот." 2. Коринтјаните 7:1. "Секој човек што ја има оваа надеж се очистува себеси како што и Тој (Христос) е чист” 1. Јован 3:3. “Доколку Ме љубите, држете ги моите заповеди” Јован 14:15.

Одговор:   Искрените христијани ќе ги донесат веднаш своите животи во хармонија со Божјите правила, затоа што тие го љубат Него. Тие знаат дека Неговите правила многу додаваат за нивната среќа и им помагаат од болестите на ѓаволот (Дела 10:38). Божјите совети и правила секогаш се за наше добро, исто како што и советот на добрите родители е најдобар за нивните деца. И, кога веќе знаеме подобро, Бог нè смета за одговорни. “За оној кој знае да чини добро, а не го чини, за него тоа е грев.” Јаков 4:17.

Лошите навики што не врзуваат, треба брзо да бидат скршени од Христа.
Лошите навики што не врзуваат, треба брзо да бидат скршени од Христа.

15. Меѓутоа јас сум загрижен затоа што некои од моите лоши навики ме имаат цврсто заврзано? Што да сторам?

"На оние кои го примија, им даде право да се наречат синови Божји." Јован 1:12. "Јас можам сè преку Исуса Христа кој ми дава сила." Филипјаните 4:13.

Одговор:   Однеси ги сите тие навики при Христа и постави ги пред Неговите нозе. Тој радосно ќе ти даде ново срце и потребна сила за да ја прекршиш секоја зла навика и да станеш син или ќерка Божја (Езекиел 11:18, 19). Колку е возбудливо да се знае дека “со Бога сите нешта се можни” Марко 10:27. И Исус вели: “Оној што доаѓа при Мене јас нема во никој случај да го исфрлам” Јован 6:37. Исус е подготвен да ги прекрши оковите што нè врзуваат. Тој копнее да нè ослободи, и ќе нè ослободи, само ако му го дозволиме тоа. Нашите грижи, нервози и стравови ќе исчезнат кога ќе го чиниме она што Тој ќе ни го каже. Тој вели: “Овие нешта ви ги кажав...за вашата радост да биде целосна” Јован 15:11. Ѓаволот тврди дека слободата се
наоѓа во непослушноста, меѓутоа тоа е невистина (Јован 8:44).

Во рајот нема да има болести и заболувања. Сите негови жители ќе ги следат Божјите правила за живот.
Во рајот нема да има болести и заболувања. Сите негови жители ќе ги следат Божјите правила за живот.

16. Какви восхитувачки ветувања се дадени во врска со Божјото ново царство?

"И неговите жители нема да кажат: Јас сум болен" Исаија 33:24. "И смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач, ниту болка” Откровение 21:4. "Тие ќе се кренат на крилја како орли, ќе трчаат и нема да им биде тешко, ќе одат и нема да се уморат" Исаија 40:31.

Одговор:   Жителите на Божјото ново царство ќе бидат послушни на Неговите закони за здравјето, и таму нема да има болест или заболување. Тие ќе бидат благословени со вечен полет и младост и ќе живеат со Бога во крајна радост и среќа, низ сета вечност.


17. Заради тоа што здравиот начин на живот навистина е дел од библиската вера, мој план е да ги следам Божјите здравствени правила.

Одговор:   


Твоите Прашања Одговорени


1. 1. Тимотеј 4:4 вели: “Секое создание Божјо е добро, и ништо не треба да биде отфрлено.” Дали можете да го објасните тоа?


Овој дел од Библијата (3 стих) кој посочува кон јадења “кои Бог ги создал да бидат примени со благодарност” од Неговиот народ. Овие нешта, како што веќе откривме, се чисти меса прикажани во Левит 11 глава и Второзаконие 14 глава. Стихот 4 кажува дека сите созданија Божји се добри и дека не треба да бидат отфрлени, помеѓу оние кои треба да се “примат со благодарност” (чистите животни). 5 стих вели зошто тие животни (или јадења) се прифатливи: тие се “посветени” преку Божјиот збор, кој вели дека се чисти и со “молитва” за благослов, што е приложена пред оброкот. Забележи, дека Бог ќе ги уништи оние кои се обидуваат “да се осветат себеси” додека јадат нечиста храна (Исаија 66:17).

2. Матеј 15:11 вели: "Не она што влегува во устата го осквернува човекот, туку она што излегува надвор.” Како го објаснувате тоа?


Предметот во Матеј 15:1-20, е јадење без претходно да се измијат рацете (2 стих). Фокусот не е во јадењето туку во миењето. Книжниците учеле дека јадењето на која и да е храна без претходно церемонијално миење го осквернува тој што јаде. Исус кажа дека церемонијалното миење е беззначајно. Во 19 стих, Тој набројал некои зла – убиство, блудство, кражба итн. Тогаш Тој заклучил: “Овие нешта го осквернуваат човекот; но да се јаде со неизмиени раце не го осквернува човекот” 20 стих.

3. Зар Исус не ги исчисти сите животни во визијата на Петар, според Дела 10 глава?


Не! Како факт, предметот на оваа визија не е животни, туку луѓе. Бог му ја дал на Петар оваа визија за да му покаже дека незнабошците не се нечисти, како што Евреите верувале. Бог го поучил Корнелиј, еден незнабожец, да прати луѓе за да го посетат Петар. Меѓутоа, Петар би одбил да ги прими доколку Бог не му ја дал таа визија, затоа што еврејскиот закон забранувал примање на незнабошци (28 стих). Но кога тие луѓе пристигнале, Петар ги примил, објаснувајќи дека тој не би ги примил, меѓутоа “Бог ми покажа ниеден човек да не го нарекувам поган или нечист.” Стих 28. Во следната глава (Дела 11), членовите на црквата го критикувале Петар затоа што зборувал со тие незнабошци. Така Петар им ја кажал целата сторија за својата визија со своето значење. Дела 11:18 вели: “Откако го ислушаа тоа, тие се успокоија и го прославија Бога, велејќи: Значи и на незнабошците Бог им даде покајание за живот.”

4. За која цел Бог ја создал свињата ако таа не е за јадење?


Тој ја создал за иста цел за која Тој го создал секој чистач – како уличен чистач да го чисти ѓубрето. И свињата навистина извонредно служи во тој поглед.

5. Римјаните 14:3,14,20 вели: "Нека оној што не јаде не го суди оној што јаде.” “Само од себе нема ништо нечисто.” Можете ли да го објасните тоа?


Од 3 до 6 стих постои дискусија за оние што јадат одредени нешта против оние што не јадат. Пасусот не вели декој некој е во право, туку попрво советува да не се осудуваат еден со друг. Наместо тоа, нека Бог биде судијата (стихови 4, 10-12). 14 стих и 20 посочуваат кон храна што била приложена на идоли (и така церемонијално била нечиста) и не се работи за чисти и нечисти животни од Левит 11 глава. (Читај 1. Коринтјаните 8:1,4,10,13) Темата на дискусија не е за тоа дека храната е “нечиста” туку само затоа што прво била приложена на идоли, затоа што идолот е “ништо во светот” 1. Коринтјаните 8:4. Но доколку совеста на една личност не му е мирна заради јадењето на таква храна, тој треба да не ја јаде. Или дури доколку истата го навредува некој брат, тој исто така треба да се воздржува.

6. Дали здравствените закони за јадење и пиење се важни за мене лично? Доколку јас го љубам Бога, нели е тоа доволно?


Тие прашања се за живот или смрт, затоа што во тие закони е вклучена послушноста. “На сите кои Му се послушни им стана Извор на вечно спасение” Евреите 5:9. “Не секој што Ми вели: 'Господи, Господи!' нема да влезе во небесното царство, туку оној кој ја врши волјата на Мојот Отец Кој е на небесата.” Матеј 7:21. Тука е вклучена љубовта за Христа затоа што Тој вели: “Ако Ме љубите, држете ги Моите заповеди.” Јован 14:15. Кога ние навистина го љубиме Бога, ние со задоволство ќе му бидеме послушни без одбегнување или наоѓање изговори. Ова е најголемиот тест.

Квиз прашања



1. Следењето на Божјите здравствени закони за човечкото тело (1)

_____   Е неопходно за децата, но не од голема важност за возрасните.
_____   Е многу важен дел од вистинската библиска вера.
_____   Нема ништо заедничко со верата на една личност.

2. Божјите здравствени закони беа дадени (1)

_____   Од мил Бог што нè создал во почетокот и знае што е најдобро за нашата среќа.
_____   Само за Евреите и не важат денес.
_____   За да ни покажат дека Тој е главен и може да нè контролира.

3. Вистинскиот христијанин ќе (1)

_____   Јаде и пие се што му е нему угодно.
_____   Го сака Бог највеќе од сè и ги игнорира Неговите закони затоа што тие завршија на крстот
_____   Ги јаде и пие само оние нешта кои ќе му дадат сила на телото, умот и карактерот и ќе му до�

4. Првобитната исхрана на човекот (1)

_____   Се состоела од овошје, житарки и зрнести плодови.
_____   Вклучувала алкохолни пијалоци и месна храна.
_____   Се состоела од сешто и било кое нешто кое Адам и Ева го посакувале.

5. Бог ги вбројува следните животни за нечисти: (7)

_____   Крава.
_____   Свиња.
_____   Кокошка.
_____   Верверичка.
_____   Зајак.
_____   Рибата “чистач”.
_____   Срна.
_____   Пастрмка.
_____   Школка.
_____   Морски рак.
_____   Јастог, рак.
_____   Коза.

6. Алкохолните пијалоци се (1)

_____   Во ред за еден христијанин доколку се користат умерено.
_____   Штетни за една личност да ги употребува само доколку таа мисли дека се штетни.
_____   Непогодни за употреба од страна на христијанинот.

7. Употребата на тутунот е (1)

_____   Лична работа на секоја личност и нема никаква врска со неговата вера.
_____   Грешна, и секој христијанин не треба да го користи во било кој облик.
_____   Корисна за еден христијанин.

8. Штиклирај ги здравствените закони што се Божји здравствени закони: (9)

_____   Не се прејадувај.
_____   Запали цигара по секој оброк.
_____   Биди радосен и ведар.
_____   Напиј се некој алкохолен пијалак пред секој оброк.
_____   Одржувај го своето тело чисто.
_____   Јади многу свинско.
_____   Пиј многу кафе и чај.
_____   Биди умерен во сите нешта.
_____   Јади ги своите оброци во редовни временски интервали.
_____   Не пребивај на непријателство.
_____   Умерена работа, рекреација и спиење.
_____   Имај целосна доверба во Бога.
_____   Немој да користиш животинска маст и крв.

9. Многу важна вистина во поглед на Божјите здравствени закони е (1)

_____   Децата и внуците често пати имаат слаби тела и умови затоа што родителите ги игнорираат
_____   Тие закони биле само за Евреите и не важат денес.
_____   Доколку ние навистина го љубиме Христа, Неговите здравствени закони не се важни.

10. Најдобар начин за да се победат грешните навики е (1)

_____   Да се откажува малку по малку
_____   Целосна предаденост на Христа, кој што ни дава сила да ги чиниме сите нешта.
_____   Да се надеваме дека тие ќе исчезнат.

11. Божјите здравствени закони се (1)

_____   Како правила за управување со автомобил: Тие се најдобри за нас, и ние ќе наидеме на сери
_____   Дел од Мојсеевиот закон што бил укинат на крстот.
_____   Добра идеја, но со тоа не се влијае врз врската на една личност со Бога.

12. Еден искрен христијанин ќе (1)

_____   Помине повеќе време во фалење на Бога и игнорирање на Божјите здравствени закони.
_____   Ја промени веднаш секоја навика кога ќе открие дека таа е контрадикторна со Божјите пра
_____   Слободно ќе користи тутун.