Get the daily devotional to your inbox
Looks good!
Please enter a valid email address.
Looks good!
Please confirm your email address.

Чистота и сила!

Чистота и сила!Lesson 9

Дали ти е доста од тоа да ги повредуваш оние што ги сакаш и да ја рануваш својата совест? Дали живееш во постојано каење за грешките во минатото. Дали некогаш си посакувал да се искапеш и да излезеш чист одвнатре и однадвор. Тогаш имаме многу добри вести за тебе...ти можеш! Бог има план кој целосно ќе ги измие сите твои гревови и ќе ти даде сила да не грешиш повеќе - изгледа неверојатно? Библијата вели: “Ние сме погребани со Него преку крштевање” (Римјаните 6:4). Кога ти го прифаќаш Христа, стариот живот умира и Бог ветува дека ќе ги заборави сите наши гревови! И не само тоа, тој може да ти помогне да го победиш секој порок во својот живот. Дали знаеш дека крстот е споменaт 28 пати во Библијата но дека крштевањето е споменато дури 97 пати. Тогаш мора да е многу важно затоа што претставува нов живот со засекогаш закопано и заборавено грешно минато. Прочитај ги библиските восхитувачки факти за овој неверојатен предмет и ти ќе бидеш за секогаш променет.
Овој стих јасно кажува дека крштевањето е неопходно за спасение.
Овој стих јасно кажува дека крштевањето е неопходно за спасение.

1. Дали крштевањето е навистина неопходно?

"Кој ќе поверува и биде крстен, ќе биде спасен, а кој не ќе поверува, ќе биде осуден.” Марко 16:16.

Одговор:   Да, навистина! Како може да биде тоа појасно искажано?

Околностите сторија да биде невозможно за крадецот на крстот да биде крстен.
Околностите сторија да биде невозможно за крадецот на крстот да биде крстен.

2. Меѓутоа крадецот на крстот не беше крстен, зошто јас морам?

"Затоа што тој го знае нашиот облик, си споменува дека сме прав." Псалм 103:14.

Одговор:   Ниту тој го врати тоа што го беше украл како што Господ специфично кажал во Езекиел 33:15. Бог нас нe смета одговорни за она што можеме да го направиме, меѓутоа Тој исто така ги знае и ограничувањата на “правот.” Тој нема да го бара она што е физички невозможно. Доколку крадецот можел да се симне од крстот, тој веднаш би се крстил. Ова е единствен пример во Библијата за исклучок од ова правило. Бог сака да биде сигурен дека никој нема да биде дрзок во отфрлување на крштевањето.

Само еден метод на крштевање е правилен, не 14.
Само еден метод на крштевање е правилен, не 14.

3. Постојат многу обреди наречени крштевање. Зар едно од сите тие не е прифатливо доколку личноста е искрена во врска со тоа?

"Еден Господ, една вера, едно крштевање.” Ефесјаните 4:5.

Одговор:   Не! Постои само едно вистинско крштевање. Сите други таканаречени крштевања се лажни.

Забелешка: Ѓаволскиот план за крштевање вели: “Одлучи се самиот. Начинот на крштевање не е важен. Духот е тоа што се смета.” Меѓутоа Библијата вели: "Еден Господ, една вера, едно крштевање.” Ефесјаните 4:5. Таа исто така вели: “Те преколнувам послушај го Господовиот глас.” Еремија 38:20.

Исус беше крстен со потопување.
Исус беше крстен со потопување.

4. Како беше Христос крстен?

"Исус … беше крстен од Јован во Јордан. И веднаш, додека излегуваше од водата, виде како небесата се отворија." Марко 1:9, 10.

Одговор:   Со потопување! Забележете дека по обредот, Тој “излезе од водата.” Исус беше крстен “во Јордан,” но не на брегот како што многумина веруваат. Јован секогаш крштевал таму каде “што имало многу вода” (Јован 3:23), за да би можело да биде доволно длабоко. Библијата ни заповеда да го следиме Христовиот пример (1. Петрово 2:21). Секое друго крштевање освен потопувањето ја прекршува оваа заповед. Зборот “крштевање” доаѓа од грчкиот збор “баптизо.” Тоа значи да се нурне или потопи или преплави. Постојат осум различни грчки зборови во Новиот Завет кои што биле користени за да се опише примена на течности. Но, меѓу тие различни зборови – значејќи да се попрска, истури или потопи – само значењето “да се потопи” (баптизо) е употребено да се опише крштевањето.

Филип го крсти Етиопјанинот со потопување.
Филип го крсти Етиопјанинот со потопување.

5. Но нели учениците или апостолите го променија начинот на крштевање?

"И заповеда да застане кочијата, па двајцата, Филип и евнухот, слегоа во водата, и го крсти. А кога излегоа од водата, Господовиот Дух го грабна Филипа; евнухот веќе не го виде. И продолжи радосно по својот пат." Дела 8:38, 39.

Одговор:   Не! Забележи дека Филип, еден од водачите во раната црква, го крстил евнухот од Етиопија со потопување исто како што и Јован го крстил Исус. И апостолот Павле предупредил дека сите оние кои поучуваат спротивно од она што Исус го поучувал, да бидат “проклети.” Галатјаните 1:8. Ниту една личност – без оглед на тоа колку побожна – не е овластена да ги менува Божјите зборови и заповеди.

Сите облици на крштевање освен потопувањето потекнуваат од луѓето.
Сите облици на крштевање освен потопувањето потекнуваат од луѓето.

6. Бидејќи Христос и апостолите беа крстени со потопување, кој ги има претставено другите таканаречени крштевања коишто постојат денес?

"Напразно ме обожуваат, учејќи за повелби, заповеди човечки." Матеј 15:9.

Одговор:   Заблудени луѓе имаат внесено други видови на крштевање во директна спротивност на Божјиот збор. Исус вели: “Зошто ја престапувате мојата заповед со вашите традиции?” “Така вие ја направивте Божјата заповед бессилна од вашата традиција.” Матеј 15:3, 6. Обожувањето што следи човечко учење е “празно.” Само помисли малку за тоа! Светиот обред на крштевање е променет и направен не толку важен низ вековите. Не е ни чудно што Библијата нè поттикнува да “се бориме сесрдно за верата која им е предадена на светиите еднаш засекогаш.” Јуда 3

Постојат три едноставни нешта кои една личност мора да ги направи пред крштевањето.
Постојат три едноставни нешта кои една личност мора да ги направи пред крштевањето.

7. Што треба една личност да направи за да се подготви за крштевање?

Одговор:   

A. Да ги научи Божјите барања. "Затоа одете и учете ги сите народи Мои, крштавајќи...учејќи ги да го пазат сето она што ви го заповедав!" Матеј 28:19, 20.

Б. Да верува во вистината на Божјиот збор. "Оној кој верува и се крсти ќе биде спасен." Марко 16:16.

В. Да се покае и да се одврати од сите гревови и да доживее обратување. "Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исус Христос за простување на вашите гревови." Дела 2:38. "Затоа, покајте се и обратете се, за да ви бидат избришани гревовите." Дела 3:19.

Кога јас сум крстен, јас го потврдувам своето верување во Исусовата смрт, погребение и воскресение.
Кога јас сум крстен, јас го потврдувам своето верување во Исусовата смрт, погребение и воскресение.

8. Кое е значењето на крштевањето?

"И така, преку крштавањето во смртта, погребани сме заедно со Него, та како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Таткото, така и ние да одиме во нов живот. Зашто ако се сплотивме со Него во смртта слична на Неговата, секако ќе бидеме - и во Неговото воскресение. Знаеме дека нашиот стар човек беше распнат со Него, за да биде изнемоштено грешното тело, та да не му робуваме веќе на гревот." Римјаните 6:4-6.

Одговор:   Тоа претставува дека верникот го следи Христа во Неговата смрт, погребение и воскресение. Симболиката е совршена и полна е со длабоко значење. Во крштевањето очите се затворени, рацете поклопени, и здивот е запрен како при смрт. Тогаш настапува погребување и воскреснување од водениот гроб во нов живот во Христа. Кога е подигнат од водата и очите се отвараат, кандидатот почнува да дише повторно и да се меша меѓу своите пријатели -целосна сличност со воскресението. Големата разлика помеѓу христијанството и секоја друга религија е во смртта, погребувањето и воскресението Христово. Во овие три дела е направено возможно сето она што Бог посакува да го стори за нас. За да ги чува овие три витални нешта живи во умовите на христијаните до крајот на времето, Господ го воспоставил крштевањето со потопување како спомен. Нема никаква симболика за смрта, погребението и воскресението во другите облици на крштевање. Само потопувањето го исполнува значењето на Римјаните 6:4-6.

Смрт за гревот.  Стариот живот погребан во водата.  Подигната нова личност во Христа.
Смрт за гревот. Стариот живот погребан во водата. Подигната нова личност во Христа.

Новите христијани се како малите деца коишто учат да одат. Тие понекогаш се сопнуваат и паѓаат.
Новите христијани се како малите деца коишто учат да одат. Тие понекогаш се сопнуваат и паѓаат.

9. Една личност не треба да се крштева сè додека таа е сигурна дека нема да се лизне или падне, нели?

"Зашто, ако има добра волја, таа е прифатлива според она што се има, а не според она што се нема." 2. Коринтјаните 8:12.

Одговор:   Тоа е како да се каже дека едно бебе не би требало никогаш да се обиде да оди се додека е сигурно дека нема да се лизне и падне. Христијанинот е новородено “бебе” во Христа. Тоа е причината зошто искуството на обратувањето се нарекува “новораѓање.” Грдото, грешно минато повеќе не постои за детето Божјо. Грешното минато на една личност е простено и заборавено од Бога при обратувањето. Крштевањето го симболизира погребувањето на тој стар живот. Ние го започнуваме христијанскиот живот попрво како бебиња отколку како возрасни, и Бог нè суди врз основа на нашиот став или тенденција во нашиот живот, отколку на неколкуте лизгања и падови коишто ние можеме да ги искусиме како несозреани христијани.

Крштевањето е славен настан затоа што го симболизира погребението на стариот живот во грев и почеток на нов живот во Исуса Христа.
Крштевањето е славен настан затоа што го симболизира погребението на стариот живот во грев и почеток на нов живот во Исуса Христа.

10. Зошто крштевањето е итна работа за еден обратен грешник?

"А што се двоумиш сега? Стани, крсти се и измиј се од своите гревови, повикувајќи го Господовото име." Дела 22:16.

Одговор:   Крштевањето е јавно сведоштво дека покајаниот грешник е опростен и исчистен од Исус (1. Јованово 1:9) и дека неговото грешно, предавничко минато е зад него. Ништо не се товари против личноста која постои по обратувањето.

Луѓето денес се тетерават и се борат под тешките бремиња на вина и грев. Оваа заразеност и бреме е толку уништувачко за човечката личност така што луѓето би направиле многу нешта за да задобијат чувство на простување и очистување. Многумина се имаат одведено до психијатриска столица, каде што едни човечки битија срдечно се обидуваат да им помогнат на други човечки битија. Меѓутоа помошта се наоѓа во доаѓањето Христово, кое што им вели на сите оние кои Нему ќе му пријдат: “Сакам биди чист.” Матеј 8:3. Тој не само што чисти, туку Тој ја распнува и старата природа на грев во тебе. Овој обред е од најголема важност затоа што јавно ја претставува најголемата жртва која некогаш е направена за луѓето.

Филип го крстил Етиопјанинот истиот ден кога тој го прифати Христа за свој Спасител.
Филип го крстил Етиопјанинот истиот ден кога тој го прифати Христа за свој Спасител.

11. Колку време е потребно за една личност да се подготви за крштевање?

Одговор:   Тоа зависи од личноста. Некои ги разбираат нештата побрзо од другите. Но во најголем број на случаи, подготовката може да биде извршена на краток начин. Еве неколку примери од Библијата:

A. Евнухот од Етиопија (Дела 8:26-39)—крстен истиот ден кога ја слушнал вистината.

Б. Чуварот на затворот во Филипи и неговото семејство —крстени истата ноќ откако ја слушнале вистината.

В. Савле од Тарс (Дела 9:1-18)—крстен три дена откако Исус му прозборувал на патот до Дамаск.

Г. Корнелиј (Дела 10:1-48) крстен истиот ден кога ја слушнал вистината.


При обратувањето, Бог:

1. Ни простува и го заборава нашето минато.

2. На чуден начин не преобразува во нови духовни битија.

3. Не присвојува како Свои синови и ќерки.

Извесно е дека ниту една вистински обратена личност нема да сака да одложува со крштевањето, со кое што јавно му дава почит на Христа кој ги има извршено сите тие чуда.

На Бога му е угодно кога луѓето се крштеваат со потопување. Дали му е Нему угодено со твоето крштевање?
На Бога му е угодно кога луѓето се крштеваат со потопување. Дали му е Нему угодено со твоето крштевање?

12. Како Бог се чувствува при крштевањето на една обратена личност?

Одговор:   Тој рече при крштевањето на Својот Син: “Ова е Мојот возљубен Син, со кого сум наполно задоволен.” Матеј 3:17. Така и денес Бог е многу задоволен кога една личност е крстена со потопување во хармонија со Неговата заповед. Оние кои го сакаат Бога, секогаш ќе настојуваат да му угодат Нему (1. Јован 3:22; 1. Солунјаните 4:1). Дали му е Нему угодено со твоето крштевање?

Крштевањето  значи официјален влез во Божјата црква. Библиски е неподржано некој да се крсти а да не се приклучи кон Божјата црква.
Крштевањето значи официјален влез во Божјата црква. Библиски е неподржано некој да се крсти а да не се приклучи кон Божјата црква.

13. Дали една личност може да доживее вистинско крштевање без да стане член на Божјата црква?

Одговор:   : Не! Бог јасно го прикажува ова. Забележи ги следните чекори:

A. Сите се повикани во едно тело. "Вие сте повикани во едно тело." Колосјаните 3:15.

Б. Црквата е телото. "Тој е глава на телото, црквата." Колосјаните 1:18.

В. Ние влегуваме во тоа тело преку крштевањето. "Зошто преку еден Дух вие сите сте крстени во едно тело." 1. Коринтјаните 12:13.

Г. Божјите обратени луѓе се придадени кон црквата. "А секој ден Господ ги придодаваше оние кои сакаа да се спасат." Дела 2:47.

Доколку Исус ти зборува тебе во врска со крштевањето, не го одложувај. Крштевањето е јавно признавање на твојата желба да го следиш Бога целосно.
Доколку Исус ти зборува тебе во врска со крштевањето, не го одложувај. Крштевањето е јавно признавање на твојата желба да го следиш Бога целосно.

14. Забележи ги следните четири нешта коишто крштевањето не ги чини:

Одговор:   Прво:
Крштевањето само по себе не го менува срцето на човекот. Еден човек може да се крсти без да има вера, без покајание, и без да се здобил со ново срце. Тој дури можеби и се потопил според примерот Христов, но тој едноставно ќе излезе од водата како мокар грешник наместо сув – пак без вера, без покајание и без ново срце. Крштевањето не може да направи нова личност. Ниту пак може некого да промени или препороди. Преобразувачката сила на Светиот Дух е таа што го менува срцето при обратувањето. Човек мора да биде роден од Духот како што и од водата.

Второ:
Крштевањето не прави една личност да се чувствува подобро. Тоа неопходно не ги менува неговите чувства. Некои луѓе се разочарани затоа што тие не се чувствуваат поинаку по крштевањето. Спасението не е прашање на чувство, туку на вера и послушност.

Трето:
Крштевањето не ги отстранува искушенијата. Ѓаволот нема завршено со една личност која е крстена. Меѓутоа Христос е помошник на секој верник. Тој вели: “Јас никогаш нема да те напуштам, ниту заборавам.” Евреите 13:5. Ниту едно искушение нема да дојде врз човекот без сила за тоа да се победи. Ова е ветување од Библијата (1. Коринтјаните 10:13).

Четврто:
Крштевањето не гарантира спасение. Тоа не е магичен ритуал. Спасението доаѓа единствено како бесплатен подарок од Исус Христос кога една личност ќе искуси ново раѓање. Крштевањето е симбол на вистинското обратување, и сè додека обратувањето не му претходи на крштевањето, церемонијата е безначајна.


15. Исус те повикува да се крстиш симболизирајќи со тоа дека твоите гревови се испрани. Дали би сакал да планираш да го извршиш овој свет обред наскоро?

Одговор:   


Твоите Прашања Одговорени


1. Дали е правилно човек да се крсти два пати?


Да. Дела 19:1-5 покажува дека Библијата поддржува повторно крштевање во одредени случаи.

2. Дали бебињата треба да бидат крстени?


Не! Никој не би требало да се крсти освен доколку личноста (1) ја знае вистината Божја, (2) верува во неа, (3) се покае, (4) има доживеано обратување. Ниту едно бебе не би можело да се квалификува. Никој нема право да крсти едно бебе. Како факт, да се стори така, значи целосно да не се испочитува Божјата заповед во поглед на крштевањето. Пред многу векови одредени заблудени луѓе во црквата донеле декрет дека некрстените бебиња ќе бидат загубени, што библиски не е точно. Тоа го оцрнува Бога како неправеден тиранин кој би уништил невини бебиња кои умреле само затоа што некои недостојни родители ги немаат крстено своите малечки. Ваквото учење е трагедија која не може да се опише. Доволно е лошо тоа што бебињата се попрскуваат и тоа се нарекува крштевање. Меѓутоа, бескрајно е полошо да се држи небиблискиот концепт дека бебињата ќе бидат загубени за вечноста затоа што негрижливите родители не ја извршиле својата должност.

3. Не ли е крштевањето прашање кое зависи од личното мислење?


Да, меѓутоа не од моето или твоето. Важно е какво е Христовото мислење. Тој вели дека Нему крштевањето му е важно. “Ако некој не се роди од вода и од Дух, тој не може да влезе во Божјото царство .” Јован 3:5. Кога некој одбива да се крштева тоа значи дека тој отфрла директен совет од Бога. (Лука 7:29, 30).

4. Колку стар треба да биде некој за да биде квалификуван за крштевање?


Треба да биде доволно стар за да ја разбере разликата помеѓу чинењето лошо и добро, и да може да направи разумна одлука да му се предаде на Христа и Него да го следи. Некои деца се подготвени за крштевање на 9 или 10 години а други пак не се подготвени на 12 или 13. Во Библијата не е специфицирана старосната година, затоа што децата имаат различни нивоа на искуство и разбирање. Некои се подготвени за крштевање порано од други.

5. Дали самото крштевање може некого да спаси?


Не! Но кога некој одбива да се крсти може да причини истата личност да биде загубена, затоа што тоа значи непослушност. Спасението е за “сите оние кои Нему му се послушни.” Евреите 5:9.

6. Зар крштевањето со Светиот Дух не е сето она што е потребно?


Не! Библијата ни покажува во Дела 10:44-48 дека крштевањето со вода е неопходно дури и тогаш кога крштевањето со Духот има претходено.

7. Дали може да бидеме крстени само во името на Исуса Христа?


Во Матеј 28:19 нам ни е кажано да бидеме крстени во името на Отецот, Синот и Светиот Дух. Овие зборови се Христови, и ние ги сметаме за многу свети. Во книгата на Делата на Апостолите, ние гледаме како новите верници се крстени во името на Исус. Препознавањето на Исус како Христос и Месија била сегашна вистина за тоа време; и заради тоа било критично тие да бидат крстени во Неговото име. Ние веруваме дека тоа е исто така важно и за ова време. Комбинирајќи ги сведоштвата на Матеј со делата на апостолите, ние ги крштеваме луѓето во името на Таткото, Синот и Светиот Дух. Следењето на овој метод спречува еден библиски текст да се воздига над друг.

8. Постои еден грев од кој јас не посакувам да се откажам. Дали сепак може да бидам крстен?


Не! Очигледно дека ти не си подготвен да бидеш погребан во крштеничките води, затоа што стариот живот во грев не е мртов. Би претставувало криминален акт за некој да погреба некој којшто не е мртов и еднакво сериозно е за еден проповедник да крсти некој чијшто стар живот не е мртов.

9. Можете ли да го објасните Галатјаните 3:27?


Тука Бог го споредува крштевањето со брак. Една личност што е крстена така, признавајќи јавно дека го презема Христовото име (христијанин), исто како што и една невеста изјавува дека го презема името на нејзиниот сопруг при венчавката. При крштевањето како и при бракот, неколку правила важат:

A. Никогаш не треба да биде извршено сè додека вистинската љубов не владее во душата.

Б. Никогаш не треба да биде извршено сè додека кандидатот не е одлучен да биде верен во лесно како и во тешко време.

В. Треба да му се пријде со целосно разбирање.

Г. Не треба да се одложува претерано.

Квиз прашања



1. Библијата ни вели дека постои еден Господ, една вера и (1)

_____   15 крштевања.
_____   5 крштевања.
_____   12 крштевања.
_____   Едно крштевање.

2. Дали Исус поучуваше дека крштевањето е неопходно? (1)

_____   Да.
_____   Не.

3. Исус беше крстен со (1)

_____   Посипување.
_____   Попрскување.
_____   Потопување.

4. Зборот “крштевање” значи (1)

_____   Да се биде среќен.
_____   Попрскување.
_____   Посипување.
_____   Да се нурне, или потопи.

5. Многуте лажни крштевања ни беа дадени од страна на (1)

_____   Христос.
_____   Апостолите.
_____   Заблудените луѓе.

6. Штиклирај ги нештата кои една личност треба да ги направи за да се подготви за крштевање: (4)

_____   Да ја прочита целата Библија пет пати.
_____   Верува во вистината.
_____   Да искуси обратување.
_____   Да се моли непрекинато 10 дена.
_____   Да помине во пост 40 дена.
_____   Да ги научи Божјите барања.
_____   Да се покае и да го остави секој грев.

7. Крштевањето е симбол на (1)

_____   Создавањето на светот.
_____   Библијата.
_____   Небото.
_____   Христовата смрт, погребение и воскресение.
_____   Ангелите.

8. Новокрстениот христијанин е (1)

_____   Духовно бебе.
_____   Духовно возрасен.

9. Кога некој ќе се крсти преку искреност, разбирање и молитва, тоа значи (1)

_____   Јавно потврдување на обратувањето.
_____   Не значи ништо повеќе отколку да се оди на пливање.
_____   Ја уверува личноста дека истата нема никогаш повеќе да биде искушувана.

10. Дали крштевањето на бебињата е правилно според Библијата? (1)

_____   Да.
_____   Не.

11. Некои деца се подготвени за крштевање порано од други. (1)

_____   Точно.
_____   Неточно.

12. Дали е секогаш неопходно за една личност да се подготвува со недели или месеци за крштевање? (1)

_____   Да.
_____   Не.

13. Дали една личност може да искуси вистинско крштевање без да стане член на една црква? (1)

_____   Да.
_____   Не.