Lesson 7Дали знаете дека постои еден многу важен ден кој скоро насекаде е заборавен? Запрепастувачко е тоа што само малку луѓе се свесни за тоа нешто, затоа што станува збор за еден од најважните денови во целата човечка историја! Тоа не е само ден од минатото, туку ден и на сегашноста и на иднината. Уште повеќе е важен фактот дека она што се случило на овој занемарен ден може да има фундаментално влијание врз вашиот живот. Доколку сакате да дознаете уште неверојатни факти за овој изгубен ден, тогаш прочитајте го материјалот во оваа лекција.
Додека Исус бил на земјата, Тој ја празнувал саботата.
1. Кој ден вообичаено го празнувал Исус?
"И дојде во Назарет, каде што беше пораснал; влезе во саботен ден во синагогата, според Својот обичај, и стана да чита." Лука 4:16
Одговор: Исусов обичај било да ја празнува саботата.
Саботата е седмиот ден во седмицата.
2. Но кој ден е сабота?
"А седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог" Излез 20:10. "А кога мина саботата, ..... и многу рано, во првиот ден на седмицата, дојдоа на гробот." Марко 16:1, 2.
Одговор: Саботата не е прв ден во седмицата (недела), како што мнозина веруваат, туку седми ден (сабота). Дали забележавте од горе наведениот стих дека саботата е денот кој доаѓа пред првиот ден во седмицата.
Бог ја воспоставил саботата при создавањето на светот.
3. Кој ја создал саботата и кога?
"Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата." "И си отпочина во седмиот ден од сите дела Свои, што ги создаде.
И го благослови Бог седмиот ден, и го освети, зашто во тој ден си отпочина од сите дела Свои, што ги направи и создаде." Битие 1:1; 2:2, 3.
Одговор: Бог ја создал саботата во времето на создавањето на светот. Тој си отпочинал во сабота и го благословил и посветил (одделил за свети нешта) седмиот ден - сабота.
Бог ја запишал заповедта за саботата со својот сопствен прст.
4. Што вели Бог за држењето на саботата во Десетте заповеди, што Тој самиот ги запишал со Својот прст?
"Помни го денот саботен, за да го празнуваш. Шест дена работи, и сврши ги во нив сите работи свои а седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог тогаш немој да вршиш никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни ќерката твоја, ни слугата твој, ни слугинката твоја, ни волот твој, ни ослето твое, ниту придојдениот, кој се наоѓа кај тебе. Оти за шест дена ги создаде Господ Бог небото и замјата, морето и се што е во нив а во седмиот ден си отпочина: заради тоа Господ го благослови седмиот ден и го освети." Излез 20:8-11. "И ми ги даде Господ двете камени плочи, напишани со Божји прст, а на нив беа напишани сите зборови." Второзаконие 9:10.
Одговор: Во Својата четврта заповед Бог заповеда да го празнуваме седмиот ден - саботата, како Негов свет ден. Тој знаел дека луѓето ќе заборават на Неговата сабота, токму затоа оваа своја заповед ја започнува со зборот "помни." Тој никогаш никому не заповедал дека треба да се празнува некој друг ден од седмицата како свет.
Исус вели дека е полесно небото и земјата да поминат отколку да се промени Божјиот закон.
5. Но зар Десетте заповеди не се променети?
Исус вели: "Полесно е небото и земјата да поминат, отколку да пропадне една цртичка од Законот." Лука 16:17. Бог вели: "Нема да го нарушам Мојот завет и нема да го изменам она, што излегло од устата Моја." Псалм 89:34. Забележете дека Десетте заповеди излегле од Неговата уста. Излез 20:1 кажува: "Тогаш Господ Бог ги кажа сите овие зборови... (потоа следат Десетте заповеди од 2 до 17 стих)."
Одговор: Не, никако! Потполно е невозможно да биде променета било која заповед од Божјиот морален закон. Сите Десет заповеди се важечи и ден денес.
Павле и останатите апостоли ја празнувале Господовата сабота - седмиот ден.
6. Дали апостолите ја празнувале саботата?
"И по својот обичај Павле влезе при нив и, три саботи редум, расправаше со нив од Писмото." Дела 17:2. "А Павле и неговите придружници... влегоа во синагогата во саботен ден, и седнаа." Дела 13:13, 14. "А во саботата излеговме надвор од градската врата, кон реката, каде што имаа обичај да се молат. И седнавме да им зборуваме на насобраните жени." Дела 16:13. "А (Павле) секоја сабота расправаше во синагогата и ги убедуваше Јудејците и Грците." Дела 18:4.
Одговор: Да, во книгата на делата на апостолите јасно е прикажано дека Павле и сите од раната црква празнувале сабота.
Апостолите ги поучувале незнабошците да ја празнуваат саботата.
7. Дали и незнабошците исто така ја празнувале саботата?
Бог заповедал:
"Блажен е човекот.... кој пази на саботата за да не ја оскверни." "И синовите на другоплемениците, што се присоединиле кон Господа, ... сите кои ја пазат саботата да не ја осквернат, и цврсто се придржуваат за заветот Мој Јас ќе ги одведам на Мојата света гора и ќе ги зарадувам во Мојот дом за молитва: сепалениците нивни и жртвите нивни ќе бидат благопријатни врз Мојот жртвеник, зашто Мојот дом ќе се нарече молитвен дом на сите народи." Исаија 56:2, 6, 7.
Апостолите учеле:
"А кога Евреите излегуваа,незнабошците ги молеа да им ги проповедаат овие зборови и во идната сабота."." "А во идната сабота се собра скоро целиот град да го чуе Божјото слово." Дела 13:42, 44. "А секоја сабота расправаше во синагогата и ги убедуваше Јудејците и Грците." Дела 18:4.
Одговор: Апостолите од новозаветната црква не само што ја празнувале саботата, туку ги поучувале и обратените незнабошци да го прават тоа. Ниту во еден случај тие не укажуваат на неделата како на свет ден.
Саботата не била променета во недела при Христовото воскресение.
8. Но зар саботата не била променета во недела при Христовата смрт или воскресението?
Одговор: Не, не постои ниту најмала индикација дека саботата била променета при Христовата смрт или при воскресението. Библијата го учи токму спротивното. Ве молиме внимателно разгледајте ги следниве докази:
A. Бог ја благословил саботата.
"Господ го благослови седмиот ден и го освети." Излез 20:11. "И го благослови Бог седмиот ден, и го освети." Битие 2:3.
Б. Исус и во 70 год. н.е кога Ерусалим бил уништен и понатаму очекувал од Својот народ да ја празнува саботата.
Знаејќи со потполна сигурност дека Рим ќе го уништи Ерусалим во 70 год. Исус ги предупредил своите следбеници, велејќи: "Молете се вашето бегство да не биде во зима, или во сабота."." Maтеј 24:20. Исус јасно нагласил дека саботата требало да се празнува и цели 40 години после Неговото воскресение. Всушност, нема ниту најмала сугестија било каде во Библијата дека Исус, Неговиот Отец, или пак апостолите било кога (под било какви околности) го промениле светиот саботен ден со некој друг ден.
В. Жените кои дошле да го миросаат мртвото Христово тело ја празнувале саботата. Исус како што знаеме умре "ден спроти сабота" (Марко 15:37, 42), што денес се нарекува велипеток.
Жените подготвиле мириси и миро за да го миросаат Неговото тело, потоа "во саботата почиваа според заповедта". Лука 23:56. Дури откако "мина саботата" (Марко 16:1) жените дошле на гробот "во првиот ден на седмицата" (Марко 16:2) за да продолжат со својата работа. Тие го пронашле гробот празен, затоа што Тој "воскресна рано во првиот ден на седмицата" (9 стих), кој денес се вика Велигден. Забележете дека саботата "според заповедта" беше денот кој му претходеше на велигден (недела).
Г. Христовиот следбеник, Лука, напишал две книги од Библијата - Евангелието според Лука и Делата на апостолите. Тој вели дека во Евангелието според Лука напишал (спомнал) за "сите" Христови учења (Дела 1:1-3). Но никогаш не напишал било што за празнување на неделата или за тоа дека саботата била променета.
Во вечното Божјо царство сите ќе ја празнуваат саботата.
9. Некои луѓе велат дека саботата ќе се празнува и на новата земја. Дали ова е вистинито?
"Зашто, како што новото небо и новата земја, кои Јас ќе ги создадам, ќе бидат секогаш пред лицето Мое, вели Господ, така ќе постои и потомството ваше и името ваше.Тогаш од месец на месец, и од сабота во сабота ќе доаѓа секоја плот пред лицето Мое на поклонение, вели Господ." Исаија 66:22, 23.
Одговор: Да, Библијата вели дека спасените од сите векови ќе ја празнуваат саботата и на новата земја.
Господов ден е саботата, а не неделата.
10. Но зар неделата не е Господов ден?
"Ако ја нарекуваш саботата радост, свет ден Господов." Исаија 58:13. "Зашто Синот Човечки е Господар и на саботата." Матеј 12:8.
Одговор: Библијата го споменува Господовиот ден во Откровение 1:10; што значи дека Бог има Свој посебен ден. Но ниту еден стих од Библијата не укажува на тоа дека неделата е Господов ден. Напротив, Библијата јасно укажува на саботата како на Господов ден. Единствениот ден кој било кога бил благословен од Бога како Негов свет ден, а тоа е седмиот ден - саботата.
Исус го воспоставил кршевањето во спомен на Неговото воскресение а не празнувањето на неделата.
11. Дали треба да ја празнувам неделата во чест на Христовото воскресение?
"Или зар не знаете дека сите ние, кои сме крстени во Исуса Христа, крстени сме во Неговата смрт? И така, преку крштевањето во смртта, погребани сме заедно со Него, та како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Таткото, така и ние да одиме во нов живот. Зашто ако сме соединети со Него во смртта слична на Неговата, ќе бидеме и во воскресението слично на Неговото. Тоа го знаеме: нашиот стар човек е распнат заедно со Него, за да биде уништено телото на гревот, за да не му робуваме веќе на гревот." Римјаните 6:3-6.
Одговор: Не! Ништо повеќе и од тоа дека треба да празнуваме петок во спомен на Неговото распетие. Исус го воспоставил обредот на крштевање во чест на Неговата смрт, погребување и воскресение. Библијата во ниеден момент не го споменува празнувањето на неделата во чест на Неговото воскресение (ниту пак во било кој друг контекст). Ние го почитуваме Христос со тоа што сме му послушни (Јован 14:15), а не со замена на Неговите барања со некакви човечки.
Неупатени луѓе дрско се осмелиле да ја заменат саботата од Божјиот закон со недела.
12. Доколку празнувањето на неделата не може да се најде во Библијата, тогаш чија идеја е тоа?
"Тој ќе помислува да ги измени времињата и Законот." Даниел 7:25. "Така го укинувате Божјиот збор заради вашето предание." "Напразно Ми се поклонуваат, учејќи науки, што се човечки заповеди." Матеј 15:6, 9. "Свештениците нејзини го нарушуваат Мојот закон." "А пророците нејзини се замачкуваат со кал.... велејќи: "така вели Господ Бог", иако Господ не рекол така." Езекиел 22:26, 28.
Одговор: Погрешно упатени луѓе многу години наназад објавиле дека Божјиот свет ден бил променет од сабота во недела. Бог предвидел дека вакво нешто ќе се случи, и тоа се случило. Оваа невистина била пренесена и кај нашата денешна генерација како евангелски факт. Празнувањето на неделата е традиција која ја вовеле невдахновени луѓе и таа води кон директно кршење на Божјиот закон, кој заповеда празнување на саботата. Само Бог може да посвети ден и да го направи свет. Бог ја благословил саботата, а кога Бог нешто ќе благослови никој не може да го смени тоа. Второзаконие 23:20.
Менувањето на саботата во недела е вистинска навреда за Бога затоа што е насочено кон менување на Неговиот закон.
13. Но зар не е многу опасно да се чепка во Божјиот закон?
"Не додавајте ни збор повеќе на она што ви го заповедам, ниту да одземате од него; исполнувајте ги заповедите на Господа, вашиот Бог, кои јас денес ви ги предавам." Второзаконие 4:2. "Секој збор од Бога е чист.... Не додавај кон зборовите Негови, за да не те разобличи, и да не излезеш лажливец." Изреки 30:5, 6.
Одговор: Бог точно и одредено му забранил на човекот да го менува Неговиот закон така што ќе додава или одзема од него. Неовластеното чепкање во Божјиот закон на било каков начин е едно од најстрашните и најопасните нешта што некој може да ги направи.
Саботата е знак за Божјата сила на создавање и откупување.
14. Зошто воопшто Бог ја создал саботата?
A. Знак на создавањето.
"Помни го денот саботен, за да го празнуваш." "Оти за шест дена ги создаде Господ небото и земјата, морето и сè што е во нив а во седмиот ден си отпочина: заради тоа Господ го благослови седмиот ден и го освети." Излез 20:8, 11.
Б. Знак на откупувањето и посветувањето.
"Им ги дадов исто така и Моите саботи, за да бидат знак меѓу Мене и нив, па да знаат, дека Јас сум Господ што ги осветува." Езекиел 20:12.
Одговор: Бог ја даде саботата како двоен знак: (1) Таа е знак дека Тој ја создал земјата за шест буквални денови од по 24 часа и (2) исто така таа е знак за големата Божја сила што го откупува и посветува човекот. Секако дека секој вистински христијанин ќе ја сака саботата како Божји драгоцен знак на создавањето и откупувањето (Излез 31:13, 17; Езекиел 20:12, 20). Голема навреда за Бога е тоа што луѓето го газат светиот Господов ден - саботата. Во Исаија 58:13, 14, Бог вели дека сите оние кои ќе бидат благословени, најнапред треба да ги тргнат своите нозе од Неговата сабота.
Кршењето на било која Божја заповед претставува грев.
15. Од колкава важност е празнувањето на саботата?
"Гревот е кршење на законот." 1. Јован 3:4. "Плата за грев е смрт." Римјаните 6:23. "Зашто кој го пази целиот закон, а се сопне само во едно, станува виновен за сè." Јаков 2:10. "Христос страдаше за нас и ни остави пример, за да врвиме по Неговите стапки." 1. Петар 2:21. "Им стана на сите кои Му се послушни , Повод за вечно спасение." Евреите 5:9.
Одговор: Тоа е прашање на живот или смрт. Празнувањето на саботата е вклучено во четвртата Божја заповед. Намерното кршење на било која од Десетте заповеди е грев. Христијаните со задоволство ќе го следат Христовиот пример, кој исто така ја празнувал саботата. Нашата единствена сигурност е во искреното и ревносно проучување на Библијата, "која правилно го проповеда словото на вистината." 2. Тимотеј 2:15. За секоја доктрина и учење што го прифаќаме мораме да имаме потврда од Божјата Реч.
Бог ќе го истури Својот гнев врз религиозните лидери кои намерно ја игнорираат саботата.
16. Како се чувствува Бог кон религиозните лидери кои ја игнорираат саботата?
"Свештениците нејзини го нарушуваат Мојот закон и ги осквернуваат Моите светињи, не одвојуваат свето од несвето и не прават разлика меѓу чисто и нечисто; од саботите Мои ги покриваат очите свои, и Јас сум понизен меѓу нив. Па затоа, ќе го излеам врз нив Моето негодување, со огнот на Мојата јарост ќе ги истребам. Езекиел 22:26, 31.
Одговор: Криејќи ги своите очи од вистинската Божја сабота, религиозните лидери го навредуваат Бога. Бог ветува дека ќе ги казни таквите лажни пастири. Милиони луѓе се измамени во врска со ова. Бог не може да им прогледа низ прсти. Исус ги обвинил фарисеите затоа што се преправале дека го сакаат Бога, додека во исто време укинувале една од Десетте заповеди со своите традиции. (Марко 7:7-13).
Секој што ќе отиде на небесата и ќе јаде од дрвото на животот ќе ја празнува саботата.
17. Дали празнувањето на саботата има влијание и врз мене лично?
"Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди." Јован 14:15. "И така секој од нас ќе одговара пред Бога за себе." Римјаните 14:12. "И така, кој знае да прави добро, а не го прави, грев му е." Јаков 4:17. "Блажени се оние, кои ги пазат Неговите заповеди, за да имаат право на дрвото на животот, и за да можат да влезат во градот низ портите." Откровение 22:14. "Тука е трпението на светиите, тука се оние кои ги пазат Божјите заповеди." Откровение 14:12.
Одговор: Да, во секој поглед, саботата е и твоја сабота. Бог ја создал за тебе, и доколку Го љубиш ќе ја празнуваш, затоа што е една од Десетте заповеди. Љубовта без послушност на законот воопшто не е ни љубов (1. Јован 2:4). Мораш да донесеш одлука. Нема бегање и никој не може да најде изговор. Ти лично ќе мораш да дадеш одговор пред Бога за ова мошне важно прашање. Бог бара од тебе да Го сакаш и да му бидеш послушен токму сега!
18. Јас сакам да го следам Христовиот пример во празнување на саботата.
Одговор:
Твоите Прашања Одговорени
1. Но зар саботата не е само за Евреите?
Не. Исус рекол: Саботата е воспоставена заради човекот. Марко 2:27. Не е само за Евреите, туку за целото човештво - за сите што било кога живееле. Еврејската нација не постоела сè до 2500 години после воспоставувањето на саботата.
2. Дали стиховите во Дела 20:7-12 не докажуваат дека апостолите ја празнувале неделата?
Според Библијата, секој ден започнува со зајдисонце а завршува со следното зајдисонце (Битие 1:5, 8, 13, 19, 23, 31; Левит 23:32), што значи дека ноќта доаѓа прва. Според тоа саботата започнува со зајдисонце во петок навечер, а завршува со зајдисонце во сабота навечер. Овој состанок во Дела 20 глава бил одржан ноќта во неделата или она што нам ни е познато како сабота навечер. The New English Bible* го започнува седмиот стих од оваа глава вака: "А кога во сабота навечер се состанавме..."
Овој состанок се одржал во саботата вечерта, и траел се до полноќ. Павле бил на проштално патување и знаел дека нема да се види со тие луѓе повторно пред својата смрт (25 стих). Без сомнение неговата проповед била доста долга! (Вообичаените седмични средби не траеле цела ноќ). Павле се подготвувал да замине изутрина. Кршењето на леб нема никакво значење на светост на денот во којшто тоа било направено, затоа што тие кршеле леб секојдневно (Дела 2:46). Во Библијата нема ниту најмала индикација дека првиот ден е свет, ниту дека тогашните христијани имале такво мислење за него. Ниту пак може да се најде и најмал доказ дека саботата била променета. Случајно, овој собир можеби е споменат во Библијата заради воскреснувањето на Евтих откако паднал од прозорецот на третиот кат од куќата. Во Езекиел 46:1 Бог упатува на неделата како на еден од шесте работни дена.3. Дали во 1. Коринтјаните 16:1, 2 се зборува за собирање на дар за време на неделно богослужение?
Не, овде не станува збор за јавен собир. Парите требало да бидат собрани во приватен дом. Во Јудеја владеела сиромаштија (Римјаните 15:26; Дела 11:26-30), и Павле пишувал за да побара помош од црквите во Мала Азија. Овие христијани сите ја празнувале саботата, затоа Павле предложил во недела наутро (кога тие ги плаќале своите вообичаени давачки), откако саботата завршила, да соберат нешто за нивните браќа за парите да му бидат при рака кога тој ќе пристигне. Ова требало да биде направено насамо. Забележете дека овде нема никаква најава за неделата како за свет ден. Всушност, Библијата никаде не заповеда ниту пак спомнува такво нешто.
4. Но зар не се загубил текот на времето и не дошло до промена на деновите од Христово време па до ден денешен?
Не! Доверливи енциклопедии и други книги јасно покажуваат дека денешниот седми ден е оној истиот што Исус го празнувал во свое време. Ова е многу едноставно за докажување.
5. Но дали текстот во Јован 20:19 не претставува доказ дека апостолите го воспоставиле празнувањето на неделата во чест на Христовото воскресение?
Напротив, во тоа време апостолите не верувале дека се случило воскресението (Марко 16:14). Тие се собрале таму "поради страв од Јудејците", и вратата им била заклучена. Кога Исус се појавил во нивно присуство, Тој ги укорил "зашто не им поверуваа на оние, кои Го видоа воскреснат". Нема никаков доказ дека неделата ја сметале за света. Само осум текста во Новиот завет го спомнуваат првиот ден од седмицата; ниу еден од нив не вели дека првиот ден е свет.
6. Дали текстот во Колосјаните 2:14-17 ни вели дека саботата била укината?
Не, никако. Се однесува само на саботите кои биле "сенка на она што ќе дојде", но не и на седмиот ден - саботата. Постоеле седум годишни празници во стариот Израел кои исто така се викале саботи. Тие биле како додаток на седмичната сабота (Левит 23:38). Овие празници сите биле сенка те. укажувале на крстот и престанале со своето постоење на крстот. Божјата света сабота била воспоставена уште пред појавата на гревот, затоа не може да биде сенка на било што од планот за спасение. Токму затоа Колосјаните 2 глава ги разликува и ги спомнува како посебни саботите кои биле "само сенка". Овие годишни саботи кои биле укинати на крстот се наброени во Левит 23 глава.
7. Според Римјаните 14:5, денот што го празнуваме е прашање на личен избор, зарем не?
Забележете дека целата глава се однесува на меѓусебно осудување (стихови 4,10 и 13). Овде не се работи за седмиот ден - саботата, која е дел од моралниот закон, туку за годишните церемонијални празници кои биле дел од церемонијалниот закон. Евреите - христијани ги осудувале незнабошците - христијани заради тоа што овие не ги празнувале церемонијалните празници. Павле овде едноставно вели: "Не осудувајте се меѓусебно. Церемонијалниот закон и онака не важи повеќе".
Квиз прашања
1. Исус ја празнувал (1)
_____ Неделата како света.
_____ Саботата (седмиот ден) како света.
_____ Некој друг ден.
2. Господов ден е (1)
_____ Неделата, првиот ден во седмицата.
_____ Саботата, седмиот ден во седмицата.
_____ Било кој ден што ќе му го посветиме на Бога.
3. Саботата е воспоставена (1)
_____ Само за Евреите.
_____ Саботата ја воспоставил Бог при создавањето и ги опфаќа сите луѓе на секое место во сек�
_____ Само за луѓето што живееле во времето на Стариот завет.
4. Промената на саботата во недела ја направил (1)
_____ Исус.
_____ Апостолите.
_____ Заблудени луѓе.
5. Божјиот закон, кој ја вклучува и заповедта за саботата, (1)
_____ Не важи повеќе.
_____ Никогаш не може да се смени. Се уште е важечки.
_____ Прекратил со својата важност со смртта на Христос.
6. Во новозаветната црква обратените незнабошци и апостолите (1)
_____ Ја празнувале неделата како свет ден.
_____ Поучувале дека доколку сте искрени можете да го празнувате било кој ден.
_____ Ја празнувале саботата.
7. Саботата (1)
_____ Била укината на крстот.
_____ Ќе престане да постои со Христовото второ доаѓање.
_____ Ќе се празнува и во вечното Божје царство од светите од сите векови.
8. Бидејќи саботата е дел од Божјиот закон, кршењето на саботата е (1)
_____ Ништо посебно за коешто треба толку да се грижиме по Христовата смрт.
_____ Опасен грев затоа што се гази врз свети нешта.
_____ Од никаква важност за денешно време.
9. Сите кои вистински го сакаат и го следат Исуса ќе (1)
_____ Ја празнуваат саботата, исто како што тоа го правел Исус.
_____ Го празнуваат секој друг ден како свет.
_____ Ја празнуваат неделата како света.
10. Саботата (денот за одмор) е (1)
_____ Недела, првиот ден од седмицата.
_____ Седмиот ден од седмицата.
_____ Било кој ден што ќе му го посветиме на Бога.
11. Празнувањето на неделата (1)
_____ Е човечка измислица проречена во Библијата.
_____ Е Божји план за нас денес.
_____ Е основано при Христовото воскресение, а било потврдено на денот на Педесетницата.
12. Празнувањето на саботата е (1)
_____ Знак на легализам.
_____ Важно само за Евреите.
_____ Двоен Божји знак на создавањето и откупувањето.