Get the daily devotional to your inbox
Looks good!
Please enter a valid email address.
Looks good!
Please confirm your email address.

Решенија за среќен брак

Решенија за среќен бракLesson 5

Како што можеби имаш слушнато, скоро половина од денешните бракови завршуваат со развод, оставајќи позади себе горчливи сопружници и збунети деца. Нека тоа не ти се случи тебе! Без оглед на тоа дали минуваш низ тешки времиња во твојот брак или доживуваш брачна среќа, или можеби и ако не си во брак меѓутоа размислуваш за тоа, во оваа лекција има некои бесплатни но докажани совети за да ти помогнат твојот брак да трае. Тие доаѓаат директно од Бога, Оној што го создал и одредил бракот! Доколку имаш пробано сè друго, зошто да не му дадеш шанса и на Бог? Следи ги нештата од оваа лекција, со тоа зацврстувајќи го својот дом.




СЕДУМНАЕСЕТ ПРАВИЛА ЗА СРЕЌЕН БРАК ОД БОЖЈАТА КНИГА
Воспоставете свој дом, дури и ако тоа мора да биде еднособен апартман.
Воспоставете свој дом, дури и ако тоа мора да биде еднособен апартман.

1. Воспоставете свој сопствен дом.

"Затоа ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело." Битие 2:24

Одговор:   Ова Божјо правило е специфично. Венчаната двојка мора да го напушти таткото и мајката и да воспостави свој сопствен дом, дури и ако финансиите наложуваат тоа да биде апартман од една соба. Мажот и жената треба да одлучат заедно за овие прашања. Потоа таа треба да ги извести своите, а тој неговите роднини. Тие мора да останат цврсти без оглед на тоа кој ќе се спротивставува. Илјадници разводи би се спречиле доколку ова правило внимателно би се спроведувало.

Никогаш не заборавајте дека Бог ве поврзал во брак.
Никогаш не заборавајте дека Бог ве поврзал во брак.

2. Продолжете да се додворувате еден на друг.

"Пред сè, имајте сесрдна љубов меѓу себе, зашто љубовта покрива многу гревови. 1. Петрово 4:8. "Нејзиниот сопруг...ја пофалува неа." Изреки 31:28. "Мажената се грижи...како да му угоди на својот маж." 1. Коринтјаните 7:34. "Љубете се еден друг срдечно со братска љубов; натпреварувајте се во почит еден спрема друг." Римјаните 12:10.

Одговор:   Продолжете (или можеби заживејте ги) учтивостите на додворувањето во вашиот брачен живот. Успешните бракови не се случуваат случајно тие се развиваат. Бидете благодарни за вашиот сопружник затоа што монотонијата ќе го уништи вашиот брак. Нека љубовта продолжи да расте изразувајќи љубов еден за друг затоа што во спротивно таа ќе умре или ќе биде однесена. Љубовта и среќата не се наоѓаат кога се бараат за себеси, туку попрво се даваат на други. Така, поминете колку што е можно повеќе време правејќи нешта заедно, ако би сакале да се согласите. Научете да се поздравувате еден со друг со ентузијазам. Релаксирајте се, посетувајте, купувајте, разгледувајте природа или споменици, јадете заедно. Не ги пропуштајте малечките учтивости, охрабрувања и дела на приврзаност. Изненадете се еден со друг со мали подароци или услуги. Обидете се да го надсакате другиот. Не земајте од бракот повеќе отколку што ќе вложите во него. Разводот сам по себе не е најголем уништувач на бракот, туку попрво, недостигот на љубов. Кога ќе и се даде шанса, љубовта секогаш победува.

Изненадете се еден со друг со мали подароци.
Изненадете се еден со друг со мали подароци.

3. Запаметете дека Бог ве поврзал заедно во брак.

"Затоа мажот ќе ги остави таткото и мајката и ќе се прилепи до својата жена...Така тие повеќе не се двајца, туку едно тело. И така, тоа што Бог го соединил, човек да не го раздвојува" Матеј 19:5, 6.

Одговор:   Дали љубовта скоро е исчезната од вашиот дом? Ѓаволот е одговорен за тоа. Не заборавајте дека Бог Самиот ве има поврзано во брак и Тој сака вие да бидете заедно и да бидете среќни. Тој ќе донесе среќа и љубов во вашиот дом доколку вие ги почитувате Неговите божествени заповеди. "Со Бога сите нешта се можни." Матеј 19:26. Не очајувајте, оној кој поставува љубов во срцето на мисионерот за лепрозниот дивјак, може лесно да ви даде љубов еден за друг, доколку тоа вие Му го дозволите.

Погрешен начин на размислување може да го уништи вашиот брак.
Погрешен начин на размислување може да го уништи вашиот брак.

4. Пазете ги своите мисли - нека вашите чувства не ве фатат во стапица.

"Затоа што како што мисли во своето срце, таков е тој." Изреки 23:7. “Немој да ја посакуваш жената на својот ближен." Излез 20:17. "Чувај го своето срце внимателно; затоа што од него излегуваат сите нешта на животот." Изреки 4:23. "Кои нешта се вистинити...чесни...праведни...чисти...прекрасни...од добар глас;...мислете на овие нешта." Филипјаните 4:8.

Одговор:   Погрешен начин на размислување ќе го уништи вашиот брак. Ѓаволот ќе сака да ве фати во стапица со мисли како следните: "Вашиот брак е грешка." "Таа не ме разбира мене." "Не можам повеќе да го поднесам ова." "Ние можеме секогаш да се разведеме доколку тоа е неопходно." "Ќе одам дома кај мајка ми." "Тој и се насмевна на таа жена." Престани да мислиш на такви мисли или твојот брак ќе го снема, затоа што твоите мисли и чувства управуваат со твоите дела. Одбегнувај да гледаш, зборуваш, читаш или слушаш сето она (или се дружиш со секој оној кој) што сугерира на нечистотија или неверност. Неконтролираните мисли се како автомобил во лер на рид. Сешто може да се случи, и последиците се секогаш катастрофални.


5. Никогаш не заминувајте на спиење гневни еден на друг.

"Нека сонцето не зајде во вашиот гнев." Ефесјаните 4:26. "Исповедајте си ги грешките еден на друг." Јаков 5:16. "Заборавајќи ги оние нешта што се поминати." Филипјаните 3:13. "Бидете љубезни еден кон друг, чувствителни, простувајќи си еден на друг, како што и Бог заради Христа ви прости вам." Ефесјаните 4:32.

Одговор:   Да се остане гневен и вознемирен околу раните и повредите (големи или малечки) е премногу опасно. Во случај да брзо не се решат, дури и малите проблеми можат да го насочат твојот ум кон убедување и држење негативни мисли погодувајќи ја целата твоја филозофија на живот. Затоа Бог вели гневот да згасне пред ноќната почивка. Бидете доволно големи да си простите и да речете искрено: "Жалам." На крај, вие двајцата сте во ист тим, така бидете доволно спортски расположени да ја признаете грешката кога ќе ја направите. Покрај сè, тоа е многу убаво искуство, со невообичаена сила да ги привлече брачните партнери поблиску еден кон друг. Бог го сугерира тоа и успешно е!

Со Христа во вашите срца и дом, бракот ќе биде успешен.
Со Христа во вашите срца и дом, бракот ќе биде успешен.

6. Нека Христос биде во центарот на вашиот дом.

"Ако Господ не ја гради куќата, напразно работат оние што ја градат." Псалм 127:1. "На сите твои патишта Него признавај го, и Тој ќе ги управува твоите патишта." Изреки 127:1. "А Божјиот мир, што го надминува секое разбирање, ќе ги штити вашите срца и вашите мисли во Христа Исуса." Филипјаните 4:7.

Одговор:   Ова е најголемото и најважно правило. Тоа навистина е основа на сите други. Нека Христос биде прв во вашиот живот. Вистинската тајна на вистинската среќа во домот не е дипломатија, стратегија и постојани напори да се надминат проблемите, туку попрво, заедница со Христа. Срцата што се исполнети со Христовата љубов, никогаш не можат да бидат многу далеку одвоени. Со Христа во домот, бракот ќе биде успешен. Евангелието е лекот за сите бракови што се исполнети со омраза, горчина и разочарување. Тоа спречува илјадници разводи, преку чудесно обновување на љубовта и среќата. Тоа ќе го спаси твојот брак исто така доколку сакаш.

Молете се на глас еден за друг.
Молете се на глас еден за друг.

7. Молете се заедно.

"Молете се, за да не паднете во искушение! Духот е бодар, но телото е слабо." Матеј 26:41. "Молете се еден за друг." Јаков 5:16. "Доколку на некој му недостига мудрост, нека ја бара од Бога, кој на сите им дава изобилно." Јаков 1:5.

Одговор:   Молете се на глас еден за друг! Ова е прекрасно правило кое има успех над најбујните соништа. Клекнете пред Бога и од Него замолете вистинска љубов еден за друг, простување, сила и мудрост како решение за проблемите. Бог лично има ветено дека ќе одговори на таквата молитва. Личноста што се моли, автоматски не е излечена од сите дефекти, меѓутоа тој ќе има срце што ќе сака да чини она што е право. Никогаш ниту едно семејство не се распаѓа додека искрено се молат заедно за Божја помош.

Простувањето е секогаш подобро од разводот.
Простувањето е секогаш подобро од разводот.

8. Согласете се дека разводот не е решение.

"Она што Бог го соединил, човек нека не го раздвојува." Матеј 19:6. "Оној што ќе ја остави својата жена, освен заради прељуба, и се ожени со друга, извршува прељуба и оној што ќе се ожени со онаа којашто е така оставена, извршува прељуба." Матеј 19:9. "Жената што има сопруг, е обврзана преку законот со нејзиниот сопруг, сè додека тој е жив." Римјаните 7:2.

Одговор:   Библијата е јасна. Врските на бракот треба да бидат нестопливи и неуништливи. Разводот се дозволува само во случај на прељуба. Меѓутоа дури и тогаш не е неопходно, туку само дозволено. Простувањето е секогаш подобро отколку разведувањето, дури и во случај на морален пад. Бракот треба да трае за цел живот. Бог така го определи кога го изврши првиот брак во Едем. Мислите за развод како солуција ќе го уништат секој брак. Тоа е една од причините зашто Христос така го определи тоа. Разводот е секогаш со разорни последици и скоро никогаш не е солуција. Наместо тоа, тој создава многу поголеми проблеми, така што тој никогаш не треба да биде земен во предвид. Раскинати, осуетени, несреќни, искривени животи, скоро неизбежно следат по разводот, а дури и одржувањето на самиот живот некогаш е доведено во прашање. Бог го воспоставил бракот за да ја заштити чистотата и среќата на луѓето, за да се погрижи за нивните општествени потреби, за да ја воздигне нивната физичка, ментална и морална природа. Заветите на бракот се едни од најсвечените и најобврзувачки чекори што човечките битија можат да ги преземат.


9. Држете го семејниот круг затворен.

"Не извршувај прељуба." Излез 20:14. "Срцето на нејзиниот сопруг безбедно верува во неа...Таа ќе му чини нему добро, а не зло преку сите денови на нејзиниот живот." Изреки 31:11,12. "Господ беше сведок помеѓу тебе и жената на твојата младост, против којашто се однесуваше предавнички." Малахија 2:14. "Ќе те чува тебе од зла жена...Не похотствувај заради нејзината убавина во своето срце; ниту дозволувај да таа многу те загледа...Може ли човек да земе оган при своите гради, а неговата облека да не биде изгорена?...Таков е и оној што оди кај жената на својот сосед; оној што ќе се допре до неа нема да биде невин." Изреки 6:24-29.

Одговор:   Семејната интимност никогаш не треба да биде споделена со други, дури ни со родителите. Претставува голем грев и трагедија да се прекрши ова од Бога дадено правило. Трета личност да симпатизира или да слуша поплаки, претставува орудие на ѓаволот за да ги оддалечи срцата на мажот и жената едно од друго. Решете ги своите домашни проблеми насамо. Никој друг (освен можеби твојот пастор или брачен советник) не треба да биде вовлечен во тоа. Секогаш бидете искрени еден со друг, и никогаш немајте тајни еден од друг. Не кажувајте шеги на сметка на чувствата на вашиот сопружник. Енергично бранете се еден со друг и строго исклучете ги сите наметнувачи. Како и во случај на прељуба (во спротивно на тоа што многу брачни советници ќе речат) секогаш тоа те повредува тебе и сите други вклучени. Бог кој го знае нашиот ум, тело и емоционална структура (и знае што ти помага, а што те повредува) вели: "Не извршувај." И кога Тој вели: "Немој," ние подобро да не го правиме тоа. Оние што го игнорираат ова Негово правило ќе платат најголема можна казна. Така, доколку флертувањата започнале, прекинете со нив веднаш затоа што над вашиот живот може да застане сенка која нема да може да се подигне.

Имајќи вистинска љубов, вашиот брак не може да биде промашена работа
Имајќи вистинска љубов, вашиот брак не може да биде промашена работа

10. Бог ја опишува љубовта нека твоја секојдневна обврска биде да се споредиш со тоа опишување.

"Љубовта долго трпи, љубовта е љубезна,не љубомори,љубовта не се фали,не се вообразува не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува, не памети зло не и се радува на неправдата, туку се радува со вистината премолчува сè, на сè верува, на сè се надева, сè поднесува." 1. Коринтјаните 13:4-7.

Одговор:   Прочитај го повеќе пати горниот библиски извадок. Ова е Божјиот вистински опис на љубовта. Каде сме ние во споредба со тоа? Љубовта не е сентиментален импулс, туку свет принцип што влегува во секоја фраза и постапка од животот. Имајќи вистинска љубов твојот брак не може да пропадне. Без неа, не може ни да успее.

Обиди се да го направиш твојот партнер попрво среќен, отколку добар.
Обиди се да го направиш твојот партнер попрво среќен, отколку добар.

11. Секогаш имај на ум дека критикувањето и непрестаното додевање ја уништува љубовта.

"Мажи, сакајте ги своите жени, и не бидете огорчени кон нив." Колосјаните 3:19. "Подобро е да се живее во пустина, отколку со пркосна и гневна жена." Изреки 27:15. "Зошто ја гледаш раската во окото на твојот брат, а не ја гледаш гредата што се наоѓа во твоето око? Матеј 7:3. "Љубовта ... бара начини да биде конструктивна." 1. Коринтјаните 13:4.

Одговор:   Престанете со критикување, додевање и наоѓање на мани. На твојот сопружник можат многу нешта да му недостасуваат, меѓутоа додевањето нема да помогне. Не очекувај совршенство, затоа што може да резултира огорченост од тоа. Прогледај ги низ прсти слабостите, и гледај на убавите нешта. Не се обидувај да го реформираш, управуваш или убедуваш твојот партнер, ќе ја уништиш љубовта. Само Бог може да ги менува луѓето. Чувство на хумор, радосно срце, љубезност, трпение и приврзаност ќе истераат две третини од вашите брачни проблеми. Обидете се вашиот сопружник да го направите попрво среќен отколку добар, и доброто ќе се погрижи за себеси. Тајната на успешниот брак не лежи во тоа да се има вистинскиот партнер, туку попрво во тоа да се биде вистински партнер.

Научете да се смеете и да уживате заедно во здрава активност.
Научете да се смеете и да уживате заедно во здрава активност.

12. Не претерувајте во ништо бидете умерени.

"Секој човек што се стреми за надмоќ е умерен во сите нешта." 1. Коринтјаните 9:25. "Љубовта...не тежнее кон себична предност." 1. Коринтјаните 13:5. "Дали јадете или пиете или што и да правите, правете го сето тоа за слава Божја." 1. Коринтјаните 10:31. "Јас го потчинувам своето тело и го држам во потчинетост." 1. Коринтјаните 9:27. "Доколку некој не работи, не треба ни да јаде." 2. Солунјаните 3:10. "го почитуваат бракот и брачното легло неосквернето." Евреите 13:4. "Затоа не дозволувајте гревот да царува во вашето смртно тело, за да не им се покорувате на неговите похоти! И не давајте му ги органите на вашето тело на гревот како оружје на неправедноста, туку предавајте Му се себеси на Бог, како оживеани од мртвите, а вашите органи на Бог како оружје на праведноста." Римјаните 6:12,13.

Одговор:   Претерувањето ќе го уништи вашиот брак; како и неактивноста. Работата, љубовта, одморот, активноста, играњето, обожувањето, оброците и состаноците мора внимателно да бидат балансирани во вашиот брак, или во спротивно нешто ќе пукне. Премногу работење или недостакот на спиење, правилна храна или вежбањето може една личност да ја направи критизерска, нетолерантна и негативна. Постојаното прејадување е големо зло што ја засилува пониската природа и ја отапува совеста. Сексуалните злоставувања ја уништуваат љубовта за свети нешта и ја ослабнуваат виталноста. Бракот не дава дозвола за претерување во сексуалната активност. Деградирачки, искривен и неумерен секс ја уништува љубовта и почитта еден кон друг. Умерениот сексуален живот е препорачан во Библијата како најдобар (1. Коринтјаните 7:3-7). Друштвените контакти со другите се апсолутно неопходни. Вистинската среќа не може да се најде во изолираност. Ние мора да научиме да се смееме и да уживаме во здраво, добро време поминато заедно. Да се биде премногу сериозен е опасно. Претерувањето или пак недоволното работење го ослабува умот, телото, совеста и можноста да се љубите и почитувате еден со друг. Не дозволувајте неумереноста да го упропасти вашиот брак.

Не си играјте со паричникот на еден со друг или други лични работи без дозвола.
Не си играјте со паричникот на еден со друг или други лични работи без дозвола.

13. Имајте почит кон личните права и приватноста на другиот.

"Љубовта долго трпи...не љубомори,...не се однесува непристојно, не е себична...не и се радува на неправдата, туку се радува со вистината." 1. Коринтјаните 13:4-7. "Љубете се еден друг срдечно со братска љубов; натпреварувајте се во почит еден спрема друг." Римјаните 12:10.

Одговор:   Секој сопружник има од Бога дадено одредени лични приватности. Немајте обичај да чепкате по паричникот или ташничката на другиот, личната пошта или друга приватна сопственост без претходна дозвола. Правото на приватност и тишина кога постои преокупураност треба да биде почитувано. Дозволи и на твојата сопруга или сопруг да некогаш не бидат во право; дозволете им да имаат слободен ден без да бидете гневни за тоа. Брачните партнери не се поседуваат еден со друг и никогаш не треба да присилуваат промена на личноста. Само Бог може да направи такви промени, и ние сите лично ќе треба да одговараме пред Него за ова прашање (Римјаните 14;12). Совршена доверба и верба еден во друг без да се проверувате еден со друг е апсолутно неопходна за среќа. Потрошете помалку време да го проверите својот сопружник, а повеќе време обидувајќи се да му угодите нему или неа. Ова чини чуда.

Чист, уреден дом, решава многу домашни проблеми.
Чист, уреден дом, решава многу домашни проблеми.

14. Бидете чисти, прикладни, уредни и верни на должноста.

"Исто така, жените да се украсуваат себеси во прикладна облека." 1. Тимотеј 2:9. "Таа...работи со радосни раце." "Таа станува додека сè уште е ноќ и обезбедува храна за нејзиното семејство." 'Таа се грижи добро за нејзиното семејство, и не го јаде лебот со мрзеливост." Изреки 31:13, 15, 27. "Бидете чисти." Исаија 52:11. "Нека сите нешта бидат извршено во пристојност и во ред." 1. Коринтјаните 14:40. "Доколку некој не обезбеди за оние од неговиот дом, тој се има откажано од верата, и е полош од неверник." 1. Тимотеј 5:8. "Не бидете мрзеливи." Евреите 6:12.

Одговор:   Мрзеливост, нечистотија и неуредност се оружја на ѓаволот за да ја уништи твојата почит и наклонетост еден кон друг, и така го урне твојот брак. Уредена, скромна облека и чисти, добро одржувани тела се неопходни за мажот и жената. Оброците треба да бидат здрави, привлечни и служени на време. Домот треба да биде чист и уреден, затоа што тоа донесува мир и задоволство за сите. Мрзелив сопруг што не ги подмирува потребите на домаќинството, е проклетство за семејството и навреда за Бога. Негрижата во некои од овие навидум малечки нешта е причина за уништување на илјадници домови.

Остри, гневни зборови можат да ја срушат желбата на твојот сопружник да ти угоди.
Остри, гневни зборови можат да ја срушат желбата на твојот сопружник да ти угоди.

15. Одлучете да зборувате тивко и љубезно.

"Тивок одговор го одвратува гневот; а грубите зборови го возбудуваат гневот." Изреки 15:1. "Живеј радосно со жената што ја љубиш." Проповедник 9:9. "Кога станав човек, ги оставив настрана детските нешта." 1. Коринтјаните 13:11.

Одговор:   Форсирај се себеси да зборуваш тивко и љубезно со својот сопружник. Молкот, кога едниот е нападен, најчесто е најдобар метод да се олади гневот. На направените одлуки кога некој е гневен, уморен или обесхрабрен не можеме да се потпреме, така што најдобро е човек да се релаксира, дозволувајќи гневот да се олади. И кога ќе зборуваш, нека секогаш тоа биде тивко и со љубов. Острите, гневни зборови ја рушат желбата на твојот сопружник да ти угоди.

Дискутирајте и согласувајте се околу прашањата во врска со пари.
Дискутирајте и согласувајте се околу прашањата во врска со пари.

16. Бидете разумни во прашањето со парите.

"Љубовта не се однесува присвојно...љубовта се однесува пристојно ..."1. Коринтјаните 13:4, 5. "Господ го сака оној кој радосно дава." 2. Коринтјаните 9:7.

Одговор:   Сиот имот и сиот приход треба да биде "наш," а не "твој" или "мој." Жените што не работат надвор од домот, треба да примаат редовни средства за прехранбени артикли, облека и други нешта од буџетот. Тие средства треба радосно да бидат дадени, наместо со тешко срце и протест. Жената и мажот, двајцата треба да имаат малечки, еднакви суми (каде што тоа е можно) да ги потрошат како што сакаат без за тоа да бидат прашувани. Скржавиот сопруг вообичаено се гневи на својата жена за тоа дека е потрошувач како што и сопругот расипнички ја прави својата жена скржава. Покажувајќи доверба во способноста на твојот партнер за управување со средствата најчесто од него или од неа ќе направиш личност која ќе биде повеќе способна да ракува со финансиите.

Дискутирајќи ги нештата заедно ќе одбегнете многу грешки што можат да го уништат вашиот брак.
Дискутирајќи ги нештата заедно ќе одбегнете многу грешки што можат да го уништат вашиот брак.

17. Зборувајте за нештата заедно и слободно советувајте се еден со друг.

"Љубовта не се превознесува ниту се гордее..не се раздразнува." 1. Коринтјаните 13:4 "Оној што одбива поучување, ја презира својата душа." Изреки 15:32. "Гледаш ли човек што е мудар во своите очи? Има повеќе надеж за неразумен отколку за него." Изреки 26:12.

Одговор:   Малку нешта ќе го зацврстат вашиот брак повеќе од тоа да се советувате заедно за сите големи одлуки. Промена на работа или купување на куќа, автомобил, мебел, облека (барем за големите нешта), и сите други нешта за кои се потребни пари ги вклучува и сопругот и сопругата, и мислењета на двајцата треба да бидат земени во предвид. Зборувањето за нештата, заедно, ќе одмине многу грешки што можат да го упропастат вашиот брак. Доколку, по многу дискусија и сесрдна молитва, мислењата се уште се разликуваат, сопругата треба да се покори на одлуката на својот сопруг. Библијата е јасна за ова прашање. (Види Ефесјаните 5:22-24).


18. Јас сакам мојот дом да биде место кое небесните ангели ќе уживаат посетувајќи го.

Одговор:   


Твоите Прашања Одговорени


1. Кој сопружник треба да биде прв што ќе признае дека направил грешка по една расправија?


Оној што бил во право!

2. Дали би можел да сугерираш правило за свекрва која истапува во средина?


Да. Да молчи и да си ја гледа својата работа! (Види 1. Солунјаните 4:11.) Инаку ова правило важи за сите роднини на брачната двојка. Многу бракови кои можеле да бидат еден минијатурен рај на земјата станале пекол заради роднините. Обврска на сите роднини е строго да го остават нововоспоставениот дом на мир.

3. Мојот сопруг не е побожен човек, а јас се обидувам да бидам христијанка. Неговото влијание е ужасно. Дали треба да се разведам од него?


Не! Прочитај во 1. Коринтјаните 7:12-14 и 1. Петрово 3:1, 2. Бог дава карактеристичен одговор.

4. Кога мојот сопруг ќе ме налути со нешто, јас не спијам со него. Тој вели дека јас не сум во право. Дали е тоа така?


Да! Бог дава дефинитивен одговор на ова прашање во 1. Коринтјаните 7:4,5.

5. Мојата жена избега со друг маж. Сега се кае и сака да се врати дома. Мојот пастор вели дека треба да ја примам повторно, меѓутоа Бог го забранува тоа, нели?


Не, не е вистина тоа! Бог дозволува развод заради прељуба, меѓутоа Тој не го заповеда тоа. Простувањето е секогаш подобро и доследно. (Види Матеј 6:14,15) Разводот сериозно ќе го наруши вашиот живот и животот на вашите деца. Дај и повторно можност! Златното правило (Матеј 7:12) тука важи. Доколку ти и твојата сопруга ги насочите своите животи кон Христа, Тој ќе го направи вашиот брак крајно среќен. Не е премногу доцна.

6. Што да правам? Мажите секогаш се обидуваат да бидат блиски со мене.


Биди многу внимателна во твоето однесување. Бог вели: "Одбегнувај ја секоја појава на зло." 1. Солунјаните 5:22. можеби твоето однесување, сугестивна насмевка, нескромна облека, непристојни шеги, или премногу "опуштено" и комфорно однесување ги поттикнува нивните блискости. Постои нешто во христијанската повлеченост и достоинство која ги држи мажите на свое место. Христос вели: "Нека вашата светлина така светли пред луѓето, за тие да ги видат вашите добри дела, и го прослават вашиот Отец кој е на небесата." Матеј 5:16. Кога Христос навистина сјае од твојот живот, ти ќе имаш малку неволји со злите луѓе и нивните настапувања.

7. Можеш ли да ми кажеш едноставен и јасен Божји совет за еден кој има паднато меѓутоа кој навистина се има покајано?


Многу одамна Христос даде одреден и утешен одговор на една личност што паднала во неморалност меѓутоа, се има покајано. Тој рече: "Оди и не греши повеќе." Јован 8:11. Неговиот совет сè уште важи во денешно време.

8. Дали некогаш и "невината страна" во еден развод е делумно виновна исто така?


Секако. Понекогаш "невината страна," преку непокажување љубов, непосветување внимание, самоправедност, нељубезност, себичност, додевање и ладнокрвност, може да поттикне зли мисли и дела во неговиот или нејзиниот партнер. Понекогаш"невината страна" може да биде еднакво виновна пред Бога како и "виновната" страна. Бог гледа во мотивите и суди според нив. "Затоа што Господ не гледа како што гледа човек; затоа што човекот гледа на надворешноста, меѓутоа Бог гледа на срцето." 1. Самоилова 16:7.

9. Дали Бог очекува јас да живеам со сопруг кој физички ме злоставува?


Физичкото злоставување може да биде заканувачки по животот и тоа претставува сериозен проблем што треба веднаш да се земе во предвид. Сопружникот и членовите на семејството кои биле физички злоставувани мора да најдат безбедна средина во која ќе живеат. Двајцата, мажот и жената треба да побараат професионална помош од квалификуван христијански брачен советник.

Квиз прашања



1. Бракот е (1)

_____   Соединување на маж и жена заедно за цел живот од Бога.
_____   Е привремено, експериментално соединување за да се види дали некои две лица си одговара
_____   Не е дури ни неопходен. Мажот и жената можат да живеат слободно и без него.

2. Бог признава само една причина за развод. Таа е (1)

_____   Инкомпатибилност.
_____   Раздразлив сопружник.
_____   Прељуба.
_____   Безбожноста на брачниот партнер.

3. Учтивостите на додворувањето (1)

_____   Треба да продолжат во брачниот живот.
_____   Треба да престанат за кратко време по венчавката.
_____   Не се толку потребни во бракот.

4. Најдобар гарант за успех на семејниот живот е (1)

_____   Исус Христос во центарот на твојот дом.
_____   Мажот да ја присилува жената да не застрани.
_____   Жената да си добие што бара под закана за развод.

5. Во случај на расправии, сторете го следното: (3)

_____   Зборувајте нежно и љубезно еден на друг.
_____   Присилете го вашиот сопружник да ја признае грешката.
_____   Повикајте некој сосед за да се средат нештата.
_____   Присилете го вашиот сопружник да молчи.
_____   Излезете од домот и вратете се по неколку дена.
_____   Молете се заедно.
_____   Ослободете се од својот гнев пред да заминете на спиење.

6. Штиклирајте ги следните нешта кои се солуции за успешен брак: (2)

_____   Затворете го домашниот круг за кое било трето лице.
_____   Живејте во домот на вашите родители.
_____   Избегај кај својата мајка кога ќе бидеш гневна.
_____   Кажи им ги на своите пријатели маните на твојот сопружник.
_____   Основајте свој сопствен дом.
_____   Пиши му на своето поранешно момче за совет.
_____   Никогаш не признавај прв по една расправија.

7. Најдобар начин да го поправиш својот брачен партнер е (2)

_____   Да се закануваш дека ќе си заминеш за да го добиеш она што сакаш.
_____   Додевај и критикувај.
_____   Подобри ја својата заедница со Исуса Христа.
_____   Остави го својот партнер да спие насамо.
_____   Покажувајте љубов, ценење и простување.
_____   Присилувај го својот партнер да се менува.

8. Кои од следните нешта можат да загрозат еден брак: (6)

_____   Критикување.
_____   Скржав сопружник.
_____   Жена која растура пари.
_____   Мрзливост.
_____   Христијански дом.
_____   Молитва заедно.
_____   Неред и нечистотија.
_____   Дух што знае да простува.
_____   Љубомора.

9. За успех во донесување на поголеми одлуки, (2)

_____   Мажот и жената треба заедно да се советуваат.
_____   Мажот треба да ја наметнува со сила својата волја врз жената.
_____   Барајте го Бога заедно во молитва.
_____   Инсистирајте да биде секогаш како што вие мислите.

10. Златно правило за роднините е (1)

_____   Биди наклонет кон својата работа и остави ги нововенчаните на мир.
_____   Инсистирај младата брачна двојка да живее со вас.
_____   Биди одлучен да ги советуваш без оглед на тоа дали тие сакаат или не.

11. Во случај на неверност од страна на твојот сопружник најдобро е да (1)

_____   Заминеш веднаш и никогаш да не се вратиш.
_____   Кажи му веднаш на секого колку е ужасен твојот сопружник.
_____   Биди подготвен да простиш и го запазиш својот дом, доколку е тоа можно.

12. Мислите треба да бидат внимателно пазени затоа што (2)

_____   Нечисти мисли водат кон нечисти дела.
_____   Твојот сопружник може да ги чита твоите мисли.
_____   Погрешното размислување може да го уништи вашиот брак.