Сад со масло

Сад со масло Lesson 23
Елисеј можел да го види очајот кај младата вдовица. Таа се фрлила пред нозете на стариот пророк и во плач му рекла: „Сега дојде заемодавачот за да ми ги земе двата сина и за да ги направи свои робови!“ Се случило нејзиниот маж да умре неочекувано и да ја остави со голем долг. Во библиско време, позајмувачот имал право да го земе имотот во свој посед па дури да ги земе и децата како отплата доколку семејството не било во состојба да го исплати долгот (Јов 24:9).

„Кажи ми што имаш во куќата?“ ја прашал Елисеј избезумената мајка.

„Твојата слугинка нема ништо во куќата освен врчва со масло”, одговорила таа. Малку по малку таа му ја дала целата покуќнина и сето она што било вредно во нејзиниот дом на бездушниот заемодавач се додека ништо не останало, освен нејзините два сина и оваа мала врчва со масло. Маслиновото масло се сметало за една од најосновните потреби. Се користело за осветлување, готвење и лечење.

Елисеј и рекол на вдовицата да ги испрати момчињата да позајмат што е можно повеќе празни садови од своите соседи. Треба да ги донесат дома, да ја затворат вратата зад себе и потоа да ги наполнат со маслото од незиниот мал сад. Тие направиле сè како што им заповедал Елисеј, и се случило големо чудо. Маслото од малата врчва продолжило да истекува сè додека сите садови во домот не биле целосно полни!

„А што ќе правиме сега?“ го прашала пророкот младата мајка.

„Оди, продај го маслото и исплати го својот долг, а од остатокот ќе живеете: ти и твоите синови” и одговорил тој. Голема била радоста во домот заради големото чудо со маслото и присуството на Елисеј.

Господ сака да ве ослободи од бездушниот заемодавач наречен сатана. Ова чудо ќе се случи кога Тој ќе ја преполни вашата чаша со Своето посебно масло!
1. Што симболизираат во Библијата садот и маслото?

1. Што симболизираат во Библијата садот и маслото?


Дела 9:15. А Господ му рече: „Оди, зашто тој човек е Мој избран ____.

1 Самуил 16:13 Самоил го зеде рогот со маслото, и го помаза среде неговите браќа. Господовиот Дух го опфати Давида од оној ден.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Библијата учи дека Господ е грнчарот а ние сме глинени садови (Еремија 18:1-6; Римјаните 9:20, 21). Секој е созададен со цел. Маслото во Библијата се користи како симбол за Божјиот Дух. Чистото маслиново масло се користело за да можат да горат светилките од светилникот во еврејскиот храм како илустрација на тоа како Светиот Дух ги осветлува нашите умови. Божја намера е Својот Дух да го излее врз целиот Свој народ (Јоил 2:28).

2. Дали Светиот Дух е безлична сила, или Бог?

2. Дали Светиот Дух е безлична сила, или Бог?


Дела 5:3, 4. А Петар му рече: „Ананија, зошто сатаната го исполни твоето срце да Го излажеш Светиот _____ ? .... Не ги излага луѓето, туку Бога!

Ефесјаните 4:30 И не жалостете Го Светиот Дух Божји, со Кој сте запечатени за денот на избавувањето!

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Апостол Петар изјавил дека да го лажеш Светиот Дух е исто како да го лажеш Бога. Исто така и Исус ни кажал да се крштеваме во името на Таткото, Синот и Светиот Дух (Матеј 28:19, 20), покажувајќи со тоа дека Светиот Дух е третата личност од Тројството, која е во целосна еднаквост со Таткото и Синот.

Библијата исто така тврди дека е можно да го жалостиме Духот, што покажува дека Тој поседува емоции. Тој не е само безлична сила. Во Библијата за Светиот Дух се вели дека е Утешител, Дух на Вистината, Божји Дух, седумте Божји Духови, и едноставно Дух. Сите овие називи означуваат личност.

3. Која е примарната работа на Светиот Дух?

3. Која е примарната работа на Светиот Дух?


Јован 16:13. А кога ќе дојде Тој, Духот на Вистината, ќе ве ______ во сета вистина, .... и ќе ви навести за нештата што ќе дојдат.

Јован 14:26 Ќе ве научи сè и ќе ве потсети на сè што ви реков.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Исус ветил дека ќе биде секогаш со нас, и токму преку личноста на Светиот Дух Тој е со нас и во нас (Јован 14:17).

4. Кој е гревот што не може да биде простен?

4. Кој е гревот што не може да биде простен?


Матеј 12:32. Но ако некој рече _______ Светиот Дух, нема да му се прости.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Хулата на Светиот Дух не претставува поединечен грев, туку прогресивно противење на вистината што резултира со конечно отфрлање на Божјата волја (Евреите 10:26, 27). Совеста е запечатена кога лицето често му се противи и го отфрла влијанието на Светиот Дух се додека конечно нема да биде во можност повеќе да го слушне Неговиот глас. Од овие причини, оној кој има опсесивен страв дека сторил „неопростив грев“ најверојатно го нема сторено таквиот грев.

5. Кои се некои од даровите на Духот што можат да се добијат?

5. Кои се некои од даровите на Духот што можат да се добијат?


1 Коринтјаните 12:8-10. На еден му се дава преку Духот слово на ________, на друг слово на знаење, .... на друг вера ....; а на друг пак дарови за лекување преку истиот Дух; на друг да прави чуда, на друг да пророкува, на друг да ги разликува духовите, на друг разни јазици, а на друг да ги толкува јазиците.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Кога Светиот Дух ќе дојде во нашите животи, Тој донесува различни дарови. Секој не добива исти дарови (1 Коринтјаните 12:29-31). Библијата често ја истакнува важноста да се биде исполнет со Духот. Исус во Јован 3:5 вели: „Вистина, вистина, ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, тој не може да влезе во Божјото Царство.“ Но за жал, Светиот Дух и неговата работа честопати се погрешно разбрани. Некои луѓе се учени дека Светиот Дух е безлична сила; други го негираат Неговото влијание во секојдневниот живот на луѓето; а пак трети се учени дека секој кој го има Светиот Дух мора да зборува на јазици.

6. Кој дар станал контраверзен предмет во коринтската црква?

6. Кој дар станал контраверзен предмет во коринтската црква?


1 Коринтјаните 14:1, 2. Ревнувајте за духовните дарови, а особено да пророкувате. Оти оној, кој зборува на ______ непознат, тој не им зборува на луѓе, туку на Бога.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Како и во деновите на раната христијанска црква, дарот на јазици повторно станува предмет на конфузија и контраверзи. Од таа причина голем дел од оваа лекција го посветуваме токму на објаснувањето што учи Библијата за духовните дарови.

7. Какво ветување им дал Исус на Своите ученици дека ќе им помогне во проповедањето на Евангелието низ целиот свет?

7. Какво ветување им дал Исус на Своите ученици дека ќе им помогне во проповедањето на Евангелието низ целиот свет?


Марко 16:17. Ќе зборуваат нови _______.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Во Библијата зборот „јазик“ едноставно значи тоа - „јазик“. Исусовите ученици биле разумни луѓе, но повеќето биле необразовани. Со цел да им помогне да го му го однесат Евангелието на светот, Исус им ветил дека ќе им даде натприроден дар да зборуваат странски јазици кои тие не ги познавале или имале учено.

8. Што се случило кога апостолите го примиле излевањето на Светиот Дух?

8. Што се случило кога апостолите го примиле излевањето на Светиот Дух?


Дела 2:1, 4. А кога дојде денот на ___________, .... тие сите се наполнија со Светиот Дух, и почнаа да зборуваат на други јазици, како што Духот им даваше да говорат.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Педесетницата била еврејски празник што бил празнуван на 50 дена по Пасхата. Посветени Евреи од сите страни на светот доаѓале на служба во Ерусалим. Преку Својот Дух, Господ го дал дарот на јазици токму во ова време за да ги овласти апостолите да го споделат Евангелието со сите тие луѓе на нивниот мајчин јазик. Оние кои поверувале потоа ја пренеле радосната вест во своите земји.

9. Што доживеале овие Евреи кои биле дојдени од други земји кога се излеал Светиот Дух?

9. Што доживеале овие Евреи кои биле дојдени од други земји кога се излеал Светиот Дух?


Дела 2:11. Ги _______ како зборуваат на нашите јазици, за големите Божјите дела.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Понекогаш за дарот на јазици се вели дека претставува „небесен јазик“ кој го разбира само Бог или оние кои имаат дар на толкување на јазици. Библијата јасно покажува дека и апостолите и оние што биле слушатели разбрале што се проповедало - „за големите Божји дела.“ Во целата Библија постојат само три примери каде што се зборува на јазици. Веќе го видовме првиот пример, а сега да ги разгледаме и другите два за да имаме појасна слика за овој дар.

10. Што се случило додека Петар му проповедал на Корнелиј и на неговите домашни?

10. Што се случило додека Петар му проповедал на Корнелиј и на неговите домашни?


Дела 10:44, 46. Додека Петар уште ги зборуваше тие зборови, Светиот Дух слезе на сите, кои го слушаа словото; ... зашто ги чуја како зборуваат јазици и Го ________ Бога.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Корнелиј имал италиско потекло (Дела 10:1), а Петар бил Евреин кој зборувал Арамејски. Историјата покажува дека слугите во еден римски дом можеле да бидат од било каде од светот. Според тоа, на оваа средба постоеле видни јазични бариери. Но и покрај тоа, кога Светиот Дух се излеал над Корнелиј и членовите на неговото домаќинство, луѓето што го придружувале Петар можеле да ги разберат како зборуваат на поинакви јазици од нивните. Ги слушнале како го „величаат Бога“ на тие јазици. Кога подоцна Петар им го кажувал овој случај на црковните лидери во Ерусалим, рекол: „Светиот Дух слезе на нив, како и на нас во почетокот.“ Дела 11:15. Корнелиј и неговите домашни го примиле истиот дар како и апостолите на денот на Педесетницата. Тие зборувале на разбирливи јазици.

11. Што се случило додека Павле им проповедал на дванаесетте ефески ученици?

11. Што се случило додека Павле им проповедал на дванаесетте ефески ученици?


Дела 19:6. И кога Павле ги положи рацете на нив, Светиот Дух слезе на нив. И зборуваа јазици и __________.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Павле, кој бил наједуцираниот и најшетаниот од апостолите, зборувал повеќе јазици (1 Коринтјаните 14:18). Кога Светиот Дух се излеал над овие дванаесет луѓе од Ефес, Павле и Лука можеле да ги разберат како пророкуваат на јазици што порано не ги знаеле.

12. Што вели Библијата за зборувањето на јазици што не е разбирливо?

12. Што вели Библијата за зборувањето на јазици што не е разбирливо?


1 Коринтјаните 14:9. Така и вие: ако со јазикот не изговарате _________ зборови, како ќе се разбере што зборувате?

1 Коринтјаните 14:19 Повеќе сакам да речам пет збора со мојот ум, за да ги поучувам и другите, отколку десет илјади зборови на непознат јазик.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Павле многу често објаснува дека причината за зборувањето јазик е потребата од комуникација или поучување на вистината. Грчкиот збор за “непознат“ не се наоѓа во ниеден од оригиналните Библиски ракописи, туку е додаден од преведувачите со цел да укаже дека јазикот им бил стран на повеќето од присутните. Црквата во Коринт претставувала мешавина од повеќе различни националности, па понекогаш богослуженијата се претварале во вистинска збрка кога членовите се молеле, сведочеле или проповедале на јазици што им биле непознати на повеќето присутни.

Од овие причини Павле им заповедал подобро да молчат, ако јазикот е неразбирлив за повеќето, освен ако не се најде некој што би можел да толкува ( 1 Коринтјаните 14:28). Поуката за нас е дека не треба да се молиме или да зборуваме на јазик кој останатите присутни не можат да го разберат.

13. Која била главната карактеристика на древниот Вавилон?

13. Која била главната карактеристика на древниот Вавилон?


Битие 11:7, 9. Да слеземе и да им го _________ јазикот, за да не се разбираат еден со друг што зборуваат. ... Затоа е наречен Вавилон.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Вавилонската кула било местото каде што за прв пат биле измешани светските јазици. Еврејскиот збор за Вавилон е „babel“, и значи „збрка“. Во Откровение 18, Господ го повикува Својот народ да излезе надвор од духовниот Вавилон. Една од главните карактеристики на духовниот Вавилон е јазичната збрка.

14. Дали Духот може да се излее врз оние што намерно ги кршат Божјите заповеди?

14. Дали Духот може да се излее врз оние што намерно ги кршат Божјите заповеди?


Јован 14:15-17. Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите ________. И Јас ќе Го молам Мојот Татко, и Тој ќе ви даде друг Утешител, ... Духот на Вистината.

Дела 5:32 Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние, кои Му се покоруваат.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Огромната сила на Светиот Дух не може да пребива во оние кои одбиваат да им бидат послушни на Божјите заповеди.

15. Кој духовен дар го истакнува Павле како оној кого треба да го посакуваме?

15. Кој духовен дар го истакнува Павле како оној кого треба да го посакуваме?


1 Коринтјаните 14:4, 5. Кој зборува на јазик се изградува себеси, а кој пророкува ја изградува црквата. ... Оној, кој _________ е поголем од оној, кој зборува јазици.

1 Коринтјаните 14:12 Така и вие, бидејќи покажувате ревност за духовните нешта, настојувајте да ги имате во изобилство за надградба на црквата!

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  И покрај фактот што Павле поголема важност му придава на дарот на пророкување, отколку на дарот на јазици, денес некои учат дека секој оној кој ќе биде исполнет со Дух Свети ќе зборува јазици.


Од повеќето од 25 библиски примери каде што Бог го излева Својот Дух врз Својот народ, само три пати дарот на јазици се поврзува со тоа. Од четиринаесетте книги во Новиот завет што ги напишал апостол Павле, тој ги спомнува јазиците само во една - 1 Коринтјаните. Од 27-те книги во Новиот завет, само три прават некаква врска со зборувањето јазици.

16. Која е основната причина заради која Бог го излева Својот Дух над луѓето?

16. Која е основната причина заради која Бог го излева Својот Дух над луѓето?


Дела 1:8. Туку ќе примите _____ кога Светиот Дух ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци.

Дела 4:31 И сите се исполнија со Светиот Дух и смело го проповедаа Божјото Слово.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Господ нè исполнува со Дух Свети за да ни даде сила за сведочење!

17. Дали е можно да се каже дека некој го има Светиот Дух?

17. Дали е можно да се каже дека некој го има Светиот Дух?


Матеј 7:20. И така: ќе ги препознаете по нивните ________.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Ние одредуваме дека некој го примил крштевањето со Светиот Дух не според духовните дарови, туку според плодовите на Духот, кои што се: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата (Галатјаните 5:22, 23).

18. Како можам да го примам крштевањето со Свети Дух?

18. Како можам да го примам крштевањето со Свети Дух?


Лука 11:13. И така, ако вие, кои сте зли, можете да им давате добри дарови на своите деца, колку повеќе небесниот Татко ќе им даде Свети Дух на оние, кои Го _____?

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Како што Исус го имал Духот во изобилие, и ние можеме да го молиме Бога да ги преполни нашите садови, но најпрво треба да бидеме спремни да се испразниме себеси со тоа што ќе Му ги предадеме своите срца.

19. Исус чека и копнее да го налее драгоценото масло на Светиот Дух во вашиот живот. Дали би сакале да Го замолите да ги превземе вашиот ум и срце?

19. Исус чека и копнее да го налее драгоценото масло на Светиот Дух во вашиот живот. Дали би сакале да Го замолите да ги превземе вашиот ум и срце?




Одговор:  ____________________