Lesson 15Кој е Антихристот? Зла алијанса или злотворна индивидуа? Некои велат дека неговото појавување ќе се случи во иднина. Други велат дека тој се појавил одамна во времето на стариот Рим. Меѓутоа, Библијата вели дека тој е жив денес! Библиските пророштва учат дека антихрист силата ќе одигра клучна улога во завршните настани на земната историја. Дали ти знаеш кој е тој? Дали си сигурен? Треба да бидеш, затоа што не можеш да ги разбереш настаните на последните денови доколку не знаеш која е оваа зла сила. Биди подготвен за една од најинтересните лекции до сега!
Оваа лекција, базирана на книгата на пророкот Даниел 7 глава, јасно и непогрешливо го индентификува Антихристот. Идните лекции ќе откријат детали за некои од неговите активности што имаат светски глас. Моли се за Божјо водство кога ќе го проучуваш овој важен предмет. Исто така прочитај ја и седмата глава од книгата на пророкот Даниел пред да ја проучуваш оваа лекција.
Во пророштвата, Бог користи ѕверови за да симболизира нации.
1. Како што почнува главата, Даниел гледа четири ѕверови како излегуваат од морето. Што претставува ѕвер во пророштвото? Што претставува пак морето?
“Четвртиот ѕвер го означува четвртото царство што ќе постои на земјата.” Даниел 7:23. “Водите што ги виде, каде што седи блудницата, тоа се луѓе, толпи, народи и јазици.” Откровение 17:15.
Одговор: Ѕверовите претставуваат царства или нации. Водите претставуваат луѓе или големи популации.
Лавот од Даниел 7 глава ја претставува Вавилонската империја.
2. Четирите ѕверови од Даниел 7 претставуваат четири светски царства (стихови 17,18). Вавилон, првото царство (Даниел 2:38,39), е претставено како лав во Даниел 7:4. (Види исто Еремија 4:7; 50:17,43,44) Што претставуваат “лавовските крилја”? Што претставуваат “четирите ветрови” во вториот стих?
“Ќе испрати Господ против тебе народ од далеку, од крајот на земјата; кој ќе долета брзо како орел.” Второзаконие 28:49. “ Така вели Господ Саваот,...голем виор ќе се подигне од краиштата земни. Во оној ден ќе има поразени од Господа од едниот крај на земјата до другиот.” Еремија 25:32, 33.
Одговор: Орелските крилја претставуваат брзина. (Види исто Еремија 4:13; Авакум 1:6-9.) Ветровите претставуваат судир, вознемиреност, збрка и уништување. (Види исто Откровение 7:1-3.)
Мечката со трите ребра во устата ја претставува Медо-Персија.
3. Кое царство е претставено со мечката (Даниел 7:5)? Што симболизираат трите ребра во неговата уста?
Одговор: Прочитај ја 8 глава од Даниел. Забележи дека ѕверовите од 8 глава парираат со оние во 7 глава. Даниел 8:20 специфично ја именува Медо-Персија како царство кое му претстои на косестиот овен или Грција, според 21 стих. Второто светско царство е истата сила како и мечката од Даниел 7 глава. Империјата била составена од две групи на луѓе. Медијците се појавија први (претставени во Даниел 7:5 како мечката која стоела на едната страна) меѓутоа Персијците станале посилни (претставени во Даниел 8:3 преку вторниот рог на овенот што стана “повисок”) Трите ребра ги претставуваат трите водечки сили покорени од Медо-Персија:
Лидија, Вавилон и Египет.
Леопардот од Даниел 7 глава го претставува светското царство на Грција.
4. Грција, третото царство (Даниел 8:21), е претставено како леопард со четири крилја и четири глави (Даниел 7:6). Што претставуваат главите? Што претставуваат четирите крилја?
Одговор: Четирите главите претставуваат четири царства во кои империјата на Алексадар Македонски била поделена кога тој починал. Четирите генерали што биле глави на тие региони беа: Касандар, Лисимах, Птолемеј и Селеук. Четирите крилја (наместо две како кај лавот) ја претставува супер брзината, што е вистина за освојувањата на Александар (Еремија 4:11-13).
Светската Римска империја е симболизирана од ужасниот ѕвер од Даниел 7 глава.
5. Римската империја, четвртото светско царство, е претставено од ужасен ѕвер со железни заби и десет рогови (Даниел 7:7). Што претставуваат роговите?
Одговор: Десетте рогови ги претставуваат десетте цареви или царства во кои паганскиот Рим своевремено се поделил (Даниел 7:24). (Овие 10 царства се исти со 10-те прсти на ногата од ликот опишан во Даниел 2:41-44). Варварските племиња пустошеле низ Римската империја и отсекувале делови од земјата за своите народи. Седум од тие десет племиња се развиле во земји од сегашната западна Европа, додека три биле искоренети и уништени. Следната секција ќе зборува за тие царства што биле искоренети..
Визиготи—Шпанија
Англо-СаксонциАнглија
ФранкиФранција
АлеманиГерманија
Бургунди—Швајцарија
ЛомбардиИталија
СуевиПортугалија
ХерулиИскоренети
ОстроготиИскоренети
ВандалиИскоренети
Малиот рог од Даниел 7:8 го претставува Антихристот.
6. Во пророштвото од Даниел 7 глава, што се случува следно?
“Ги гледав тие рогови, и ете, меѓу нив се појави уште еден мал рог, а три од првите рогови беа со корен, истргнати пред него, на тој рог имаше очи, како човечки очи, и уста што зборува надуено.” Даниел 7:8.
Одговор: “Малиот рог” се појавува потоа. Ние мораме да го идентификуваме внимателно затоа што Бог зема повеќе место да го опише отколку сите четири царства заедно. Зошто? Затоа што библиските карактеристики го индентификуваат како антихрист од пророштвото и историјата. Не смее да има грешка во неговото идентификување.
Библијата кажува дека Антихристот ќе го прогонува Божјиот народ.
7. Постојат ли некои јасни точки за препознавање?
Одговор: Да. Бог ни дава девет карактеристики на Антихристот од Даниел 7 глава како ние би биле извесни во неговиот идентитет. И покрај тоа што за некои луѓе овие вистини од Божјиот Збор се болни, ние мораме да бидеме доволно вистинољубиви да ги прифатиме како Негова откриена волја. Да откриеме сега кои се Исусовите девет точки:
A. “Малиот рог” или царство “се појави меѓу нив” – десетте рогови што ги претставуваат царствата на западна Европа (Даниел 7:8). Според ова би тоа требало да тоа биде малечко царство некаде во западна Европа.
Б. Тоа ќе има човек за свој водач кој ќе зборува во негово име (Даниел 7:8).
В. Ќе искорени или откорне три царства (Даниел 7:8).
Г. Ќе биде “поинакво” или различно од другите 10 царства (Даниел 7:24).
Д. Ќе направи војна и ќе ги “угнетува” или прогонува светиите (Даниел 7:21,25).
Ѓ. Ќе изникне од паганската Римска империја - четвртото светско царство (Даниел 7:7, 8).
Е. Божјиот народ (светиите) ќе бидат “дадени во неговата рака” за “време, времиња и половина време” (Даниел 7:25).
Ж. Ќе “зборува големи зборови против Бога” и ќе хули на Него (Даниел 7:25). Во Откровение 13:5, Библијата вели дека истата сила зборува “големи нешта и богохулства.”
З. Ќе “помисли да ги промени времињата и законите.” Даниел 7:25.
Не заборавај дека овие идентификациони точки доаѓаат директно од Библијата. Тие не се само мислење на некој човек или шпекулација. Историчарите брзо би ти кажале која сила е тука опишана. Овие точки можат да одговараат само на една сила – папството. Но со цел да бидеме сигурни, ајде внимателно да ги испитаме сите девет точки, една по една. Не смее да се остави простор за сомневање.
Папството јасно одговара на сите девет идентификациони точки.
8. Дали папството одговара на описот на тие точки?
Одговор: Да, одговара на секоја точка совршено. Погледнете ги следниве точки подолу.
A. Се “појави меѓу” десетте царсва на западна Европа.
Географската локација на папската сила била во Рим, Италија – срцето на територијата на западна Европа.
Б. Ќе има човек за свој водач кој ќе зборува во негово име.
Папството одговара на оваа идентификувачки знак, затоа што има за свој водач човек (папа) кој зборува во негово име.
В. Ќе искорени или откорне три царства.
Императорите на западна Европа главно биле католици и го поддржале папството во неговиот развиток и авторитет. Како и да е, три аријански царства не го поддржале папството – Вандалите, Херулите и Остроготите, така што католичките императори одлучиле дека тие мора да бидат покорени или уништени. Еве како Д-р. Марвин Максвел, теолог и историчар, ги опишал последователните настани во првата книга, 129 страна, на неговата книга God Cares: “Католичкиот император Зенон (474-491) договорил примирје со Остроготите во 487 што резултирал со истребување на Херулите во 493. Католичкиот императот Јустинијан (527-565) ги уништил Вандалите во 534 и значајно ја скршил силата на Остроготите во 538. Така трите рогови на Даниел – Херулите, Вандалите и Остроготите – “биле искорнати од корените.” Не е тешко да се препознае дека папството одговора на ова опишување.
Г. Ќе биде “поинакво” или различно од другите царства.
Папството јасно одговара на ова опишување исто така. Тоа се појавило на сцената како верска сила и било целосно поинакво од световната природа на другите 10 царства.
Д. Ќе направи војна и ќе ги прогонува светиите.
Добро е познат фактот дека црквата прогонувала. Папството јасно признава дека така чинело и во многу записи се потврдува тоа. Дури и конзервативните историчари тврдат дека црквата веројатно уништила најмалку 50 милиони луѓе заради верски причини. Ние ќе цитираме од два извора:
1. “Дека црквата од Рим има пролеано повеќе невина крв отколку било која друга институција која постоела меѓу човештвото, нема да биде порекнато од ниту еден протестант кој има доследно познавање на историјата.”1
2. Во Историјата на Шпанската инквизиција, Д. Иван Антонио Лоренте ги дава следните бројки само од Шпанската инквизиција:
- 31.912 личности биле осудени и погубени во оган.
- 241.450 личности биле осудени на тешки казни.
Ѓ. Ќе се појави од четвртото железно царство – паганската Римска империја.Ќе цитираме два авторитетни извори на оваа точка:
1. “Моќната католичка црква беше нешто повеќе отколку крстената Римска Империја...главниот град на старата Римска империја стана главен град на Христијанската империја. Канцеларијата на Понтифекс Максимус беше продолжена со таа на папата.”
22. “Сите римски елементи што варварите и Аријаните ги оставија...(дојде) под заштита на бископот од Рим, кој беше главната личност по исчезнувањето на императорот. Римската црква на својот пат се втурна себеси на местото на светската римска империја, на којашто тоа е продолжување.”
3 Така уште еднаш, оваа точка одговара на папството.
Ж. Божјиот народ (светиите) ќе бидат “дадени во неговата рака” за “време и времиња и половина време.” Даниел 7:25.Неколку нешта е потребно да се објаснат во врска со оваа точка:
1. Време е една година, времиња претставува две години и половина време е половина година. The Amplified Bible тоа го преведува: “Три и пол години.”.
The Amplified Bible го преведува како: "Three and one-half years."
42. Овој ист период е споменат седум пати (Даниел 7:25 12:7 Откровение 11:2,312:6,1413:5) во книгите на Даниел и Откровение: три пати како време, времиња и половина време два пати како 42 месеци и два пати како 1260 денови. Врз основа на календар со месец од 30 дена користен од Евреите, овие временски периоди се еднакви во износ на време:
3 ½ години = 42 месеци = 1260 дена.
3. Еден пророчки ден одговара на една буквална година (Езекиел 4:6 Броеви 14:34).
4. Така, малиот рог (Антихристот) требаше да има власт над светиите за 1260 пророчки денови или 1260 буквални години.
5. Владеењето на папството започнало во 538 година кога последното од трите Аријански царства кои се спротивставувале на папството било уништено. Неговото владеење продолжило сè до 1798 кога генералот на Наполеон, Бертие, го земал папата како пленик со надеж да го уништи папата Пио VI и политичката, световна сила на папството. Тоа било смртна казна за папството, но раната ќе започне да се исцелува и таа продожува да се исцелува и денес.
6. Овој ист период на прогонство е споменат во Матеј 24:21 како најлош период на прогонство кој Божјиот народ некогаш ќе го доживее. Дваесет и вториот стих ни кажува дека тоа било толку разорно што ниту една душа не би преживеала ако Бог не го скратил тоа време. Меѓутоа Бог го скратил. Прогонството завршило долго пред папата да биде земен како пленик во 1798 година. Јасно е да се види дека папството исто така одговора на оваа точка.
З. Ќе зборува “големи зборови” на богохулство “против Сèмоќниот.”Богохулството има две дефиниции во Библијата:
1. Тврдење за власт на простување на гревови (Лука 5:21).
2. Тврдење да се биде Бог (Јован 10:33).
Дали оваа точка одговара за папството? Да! Прво да ја погледнеме евиденцијата за тврдењето дека тоа простува гревови: “Дали свештеникот навистина простува гревови, или тој само објавува дека тие се простени? Свештеникот вистински и навистина простува гревови со силата што му е нему дадена од Христа.”
5 Папството понатаму го поткопува Христа поставувајќи систем на исповедање на земен свештеник, така одминувајќи го Христа, нашиот Првосвештеник (Евреите 3:18:1,2) и единствен Посредник (1. Тимотеј 2:5).
Да ја погледаме сега евиденцијата за тоа дека тие тврдат дека се Бог: “Ние (папите) го држиме на земјата местото на Семоќниот Бог.”
6 Еве уште едно: “Папата не е само претставник на Исуса Христа, туку и самиот Исус Христос, скриен под пердето на плотта.”
7Јасно е исто така дека оваа точка одговара на папството..
Ѕ. Ќе “помислува да ги менува времињата и законите.”
Во една идна лекција ќе се занимаваме со “времињата” од оваа точка. Тоа е важна точка за која е потребна посебно разгледување. Меѓутоа, што е со менување на “законите”?
The Amplified Bible зборот “законите” го преведува како “законот.” Ова посочува кон менување на Божјиот закон. Се разбира дека никој не може навистина да го промени, но дали папството се обидело да го направи тоа? Одговорот е “да.”
Во своите катехизми, папството ја изоставило втората заповед која забранува обожување на ликови и ја има скратено четвртата заповед од 94 збора на осум и ја има поделено десетата заповед на две заповеди. Нема сомнеж дека малиот рог од Даниел 7. глава (Антихристот) е папството. Ниту една друга организација не може да одговора на овие девет точки. И ова не е ново учење. Секој Реформатор од времето на Реформацијата, без исклучок, зборувал дека папството е Антихрист.
8Зборови од грижа и загриженостЗа некои да не мислат дека ние ги напаѓаме браќата христијани со тоа што го идентификуваме малиот рог, ве молиме имајте на ум дека пророштвото е насочено кон системот, а не кон поединци. Постојат искрени, посветени христијани во сите цркви, вклучувајќи ја и католичката вера. Седмата глава од Даниел едноставно е порака за суд и поправање на една голема верска институција која компромитира со паганството, како и многу други цркви кои се појавиле по неа.
Пророштвото открива недостатоци во сите вериДруги пророчки точки откриваат мани на протестантите и Евреите. Бог има Свој вистински народ во сите религии. Неговиот вистинки народ (без оглед на тоа од која вера) секогаш понизно ќе ги прифати корекциите од Господа и нема да ги затворат своите уши и срца против Него самобранејќи се. Ние треба да бидеме бладарни што Божјиот збор зборува така искрено за секој предмет.
1 W. E. H. Lecky,
History of the Rise and Influence of the Spirit of Rationalism in Europe, Volume 2, p. 40.
22 Alexander Clarence Flick,
The Rise of the Medieval Church, pp. 148, 149.
3 Adolf Harnack,
What is Christianity? (New York: Putnam, second edition, revised, 1901), pp. 269, 270.
4 The Amplified Bible, Zondervan Publishing House, Grand Rapids, Michigan 1962.
5 Joseph Deharbe, S.J.,
A Complete Catechism of the Catholic Religion (New York: Schwartz, Kirwin & Fauss, 1924), p. 279.
6 Pope Leo XIII, Encyclical Letter "The Reunion of Christendom" (dated June 20, 1894) trans. in the
Great Encyclical Letters of Pope Leo XIII (New York: Benziger, 1903), p. 304.
7 Catholic National, July 1895.
8 R. Allen Anderson,
Unfolding the Revelation, p. 137.
Ангелот му рекол на Даниел дека пророштвата на оваа книга ќе бидат запечатени сè до 1798, времето на крајот.
9. Не ли требаше Даниел да ја запечати книгата сè до “времето на крајот” (Даниел 12:4)? Кога пророштвата на Даниел ќе бидат отворени за нашето разбирање?
Одговор: Во Даниел 12:4, на пророкот му беше кажано да запечати делови од книгата сè до “времето на крајот.” Во 6. стих еден ангелски глас запрашал, “Кога ќе биде крајот на овие чудесни работи?” 7. стих вели: “Ќе се изврши на крајот на времето, времињата и половината време.” Ангелот го уверил Даниел дека делот од книгата која се занимава со пророштвата на последното време ќе биде отворено на крајот на периодот од 1260 години на папската власт која како што откривме во оваа лекција е во 1798 година. Така времето на крајот започнало во 1798 година. Очигледно, книгата на пророкот Даниел содржи клучни пораки од небото за нас денес. Ние мораме да ја разбереме неа.
Сите верски учења треба да бидат споредени со Библијата за да се утврди нивната веродостојност.
10. Многу христијани денес за жал погрешно се информирани во поглед на Антихристот. Да се верува невистина во врска со Антихристот може лесно да предизвика една личност да биде измамена и загубена. Што треба една личност да прави кога се среќава со нови библиски учења?
“Беријците беа поблагородни од оние во Солун, зашто го примија Словото сосема подготвено, и секој ден го проучуваа Писмото дали е така.” Дела 17:11.
Одговор: Кога некој се соочува со ново библиско учење, единствена сигурност е тоа да се спореди со Библијата за да се види дали е во хармонија со Божјиот Збор.
11. Јас имам желба да го следам Христа таму каде што Тој ќе ме води, и покрај тоа што некогаш тоа може да биде болно.
Завршни забелешки
Многу важни пророштва од библиските книги на Даниел и Откровение ќе бидат разгледани во следните лекции. Бог ги дал тие пророштва за да:
A. Ги открие завршните настани на земната историја.
Б. Ги идентификува учесниците во завршната фаза на битката помеѓу Христа и сатаната.
В. Јасно ги открие злите планови на сатаната со кои сака сите да нè фати во стапица и да нè уништи.
Г. Ја претставува сигурноста и љубовта на судот Божјите светии ќе бидат оправдани!
Д. Го воздига Христа – Неговото спасение, љубов, моќ, милост и правда.
Главните партиципанти ќе се појават повеќе пати
Главните партиципанти во завршната војна помеѓу Исус и сатаната ќе се појават повеќе пати во овие пророштва. Тие се: Исус, сатаната, Соединетите Држави, папството, протестантизмот и спиритизмот. Исус ја повторува и разјаснува својата пораката од пророците за Неговото предупредување поттикнато од љубовта да биде извесно и заштитата да дојде преку јасноста и извесноста.
Одговор:
Твоите Прашања Одговорени
1. Јас секогаш мислев дека Антихристот е личност попрво отколку организација. Дали сум во право?
Антихристот е организација – папството. Зборовите “очи како на човек” во Даниел 7:8, посочуваат на водач. Откровение 13:18 зборува за човек со број којшто е вовлечен. Во Даниел 8 глава, Грција е претставена како јарец а нејзниот водач, Александар Македонски е претставен како рог. Истото е вистина и за Антихристот. Организацијата е папството. Папата е негов репрезент. Пророштвото од Даниел 7 глава не вели дека католиците не се христијани. Постојат многу полни со љубов, христијани католици. Системот е наречен Антихрист затоа што ја има узурпирано Христовата власт и се обидел да го промени Неговиот закон.
2. Дали е мудро или христијански да се изгласуваат закони за да се наметне христијанството?
Не. Библијата е јасна дека сите треба да имаат слобода да одберат во која насока тие посакуваат да одат кога се работи за совеста (Исус Навин 24:15), дури и ако се одлучат да се одречат од Бога и бидат атеисти. Бог дозволил Адам и Ева да одберат да бидат непослушни и покрај тоа што тоа ги повреди и нив и Него. Присилно служење не е прифатливо за Бога. Присилено обожување е начин на кој работи ѓаволот. Божјиот начин е убедување по пат на љубов. Историјата покажува дека секогаш кога црквата изгласувала закони за да ги наметне своите верувања, следеле прогонство и убиство на другите. Ова е лекција која ние треба да ја научиме од средновековната историја на малиот рог.
3. Можеби јас имам погрешно разбрано, меѓутоа мојот концепт отсекогаш бил дека Антихристот ќе биде една зло битие што отворено ќе му се спротивставува на Бога. Дали е исправен овој концепт?
Ние обично сметаме дека зборот “анти” значи “против”. Но во зборот “Антихрист” тоа значи “на местото од” или “наместо”. Антихристот е виновен за тоа што на себеси ги презема екслузивните права што му припаѓаат на Бога. Тој тврди:
A. Неговите свештеници можат да простуваат гревови што е можно само за Бога (Лука 5:21).
Б. Дека го има променето Божјиот закон исфрлувајќи ја втората заповед (за поклонувањето на ликови) и поделувајќи ја десетата во два дела. Божјиот закон не може да се менува (Матеј 5:18).
В. Дека папата е Бог на земјата.
Сатанскиот првобитен план
Сатанскиот првобитен план (на небото) бил да ја превзеmе Божјата положба и власт. Неговата цел била да го истера Бога и да владее на Неговото место. (види Лекција 2) Кога сатаната бил исфрлен од небото, неговата цел не се променила туку засилила. Низ вековите тој настојувал (користејќи разни луѓе) да го обезвреди Бога и да ја превземе Неговата положба.
Антихристот изгледа како да е духовен
Сатаната натојува да го замени Бога во овие последни денови измамувајќи ги луѓето да го следат Антихристот, кој наизглед е духовен и свет. Главната цел на пророштвата на Даниел и Откровение е да се изложат стапиците на сатаната и неговите стратегии и да ги води луѓето да се усидрат во Христа и во Неговиот Збор за безбедност.
Антихристот ќе измами мнозина
Повеќето луѓе ќе го следат Антихристот (Откровение 13:3), мислејќи дека го следат Христа. Само избраните ќе бидат безбедни (Матеј 24:23, 24) Тие ќе бидат безбедни, затоа што тие го испитуваат секое духовно учење и учител со Библијата (Исаија 8:20). Верските измами денес се насекаде присутни. Ние не можеме да бидеме премногу внимателни
4. Нели Библијата вели во 1. Јованово 2:18-22 дека постојат многу антихристи?
Да, постоеле многу антихристи низ историјата кои работеле против царството Божје. Како и да е, постои само една организација која специфично ги исполнува сите карактеристики на Антихристот. Во Даниел 7 и 8 глава и во Откровение 13, ќе најдаш најмалку 10 идентификациони обележја на Антихристот. Овие 10 идентификациони обележја можат да бидат исполнети од само една институција, папството.
5. Во пророштвото, дали симболот “ѕвер” значи “ѕверски” карактеристики?
Не, воопшто. Бог се користи со симболот на ѕвер за да означи владетел, нација, влада или царство. Тоа е Негов начин на опишување на владите во пророштвото. Ние тоа го правиме на ист начин до некој степен. Ние ја имаме опишано Русија како мечка, а Соединетите Држави како орел итн. Симболот “ѕвер” не е понижувачки збор кажан без респект. Тоа е синоним со “животно” или “создание.” Дури и Христос е опишан како Јагне од Јован Крстителот (Јован 1:29) и апостолот Јован (Откровение 5:6,9,12,13). Поимот “ѕвер” е користен од Бог за нам да ни даде порака за нациите и водачите, добри и зли.
Квиз прашања
1. Кои четири светски царства се претставени преку ѕверови во Даниел 7 глава? (4)
_____ Шведска.
_____ Египет.
_____ Грција.
_____ Кина.
_____ Медо-Персија.
_____ Јапонија.
_____ Вавилон.
_____ Ирак.
_____ Рим.
2. Во Библиските пророшта, ѕверот претставува (1)
_____ Компјутер.
_____ Царство или нација.
_____ Создание или вонземјанин.
3. Десетте рога на ужасниот ѕвер претставуваат (1)
_____ Десет години.
_____ Десет посебни градови.
_____ Ангели.
_____ Блага.
_____ Десетте царства на кои Рим своевремено се поделил.
4. Колку племиња или нации биле “искорнати” од малиот рог? (1)
_____ Осум.
_____ Еден.
_____ Шест.
_____ Три.
5. Малиот рог или Антихристот претставува (1)
_____ Еден од генералите на Вавилон.
_____ Зол владетел од времето на стариот пагански Рим.
_____ Зла сила која ќе се подигне по второто Христово доаѓање.
_____ Атеизмот.
_____ Папството.
6. Штиклирај го она што е точно за малиот рог (Антихрист) од следната листа: (3)
_____ Дојде од Египет.
_____ Ќе го прогонува Божјиот народ.
_____ Се подигна веднаш откако Вавилот падна.
_____ Зборува големи нешта против Бога.
_____ Се обиде да го промени Божјиот закон.
7. Во пророштвото, “време, времиња и половина време” е симбол на (1)
_____ Три и пол буквални дена.
_____ 42 години.
_____ 1260 буквални години.
8. Кога започна “последното времето”? (1)
_____ 31 година.
_____ 1991 година.
_____ 588 година.
_____ 1798 година.
9. Антихрист силата е организација, а не личност (1)
_____ Да.
_____ Не.
10. Антихристот постои денес. (1)
_____ Да.
_____ Не.
11. Бог дозволува вистинското обожување да се присили со закон. (1)
_____ Да.
_____ Не.
12. Запленувањето на папата од страна на генералот Бертие само му задало рана на папството. Неговата смртоносна рана почнала да се исцелува и продолжува да се исцелува и до ден денес (1)
_____ Да.
_____ Не.
13. Кои од следните нешта се неопходни за духовна безбедност на Божјиот народ во овие последни денови? (1)
_____ Научи да проповедаш.
_____ Да се молиш многу во јавност.
_____ Да се проверува секое верско учење со Библијата.