Царскиот Закон

Царскиот Закон Lesson 6
Откако Медо-Персискиот цар Дариј, го освоил Вавилон, тој ги егзекутирал сите вавилонски владини функционери, освен еден. Тој среќник бил Даниел, слуга на вистинскиот Бог. Седумдесет години порано, тој како заробеник бил однесен од Јуда во Вавилон каде што успеал да дојде до самата царска палата и да служи како советник на вавилонските цареви. Низ целото царство Даниел станал познат како оној кој има „вонреден дух“. Даниел 5:12 6:3.

Царот Дариј не само што му го поштедил животот на Даниел, туку „ мислеше да го постави над целото царство“. Даниел 6:3. Кога медо-персиските функционери дознале дека царот има намера да постави стар Евреин, па уште и заробеник како нивен раководител, кај нив се јавила љубомора и омраза. Така тие подготвиле заговор за да го наговорат Дариј да потпише закон според кој секој кој што во наредните 30 дена би се молел на било каков бог или човек освен на царот да биде фрлен во лавовска јама (Даниел 6:7). Очигледно овие луѓе знаеле дека Даниел бил непоколеблив во својот молитвен живот и цврсто посветен да му биде послушен на законот на својот Бог, кој пак забранува служење на други богови (Излез 20:3).

Како што и очекувале, тие го фатиле Даниел како му се моли на Господа покрај својот отворен прозорец. Кога царот Дариј открил дека бил измамен и дека неговиот стар пријател треба да заврши во лавовската јама, се обидел на секој можен начин да го избави Даниел од глупавиот закон што самиот го потпишал. Но законот не можел да биде сменет. Даниел се нашол во лавовската јама, а Господ ја наградил неговата вера испраќајќи му ангел за да им ги затвори устите на лавовите (Даниел 6:22).

Пророштвото ни кажува дека во последните денови, Божјите луѓе ќе мора да донесат слични одлуки, на кој цар ќе му служат и чиј закон ќе почитуваат.
1. Дали Божјиот морален Закон би можел да се корегира или укине?

1. Дали Божјиот морален Закон би можел да се корегира или укине?


Лука 16:17. Полесно е небото и земјата да ________, отколку да пропадне една цртичка од Законот.

Псалм 89:34 Мојот завет Јас нема да го нарушам, ниту ќе го променам она што е излезено од Моите усни.

Псалм 111:7, 8 Сите Негови заповеди се постојани. утврдени се за сите времиња и засекогаш.

Maлахија 3:6 Зашто Јас сум Господ, Јас не се менувам.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Божјиот морален Закон не може да се корегира или укине во никаков случај. Тој е вечен исто како и самиот Бог. Три пати во Библијата, земски цареви (Ирод, Асвир и Дариј) поставиле закони кои подоцна сакале да ги променат, но без успех. Ако законите на слабите, колебливи цареви биле непроменливи, како тогаш некој може да помисли дека вечниот Божји Закон - запишан на камен со Негов прст - може да се промени? Погледнете ја следнава споредба помеѓу Бога и Неговиот Закон.

Карактеристики:Бог е:Законот е:
ДОБАРЛука 18:19Римјаните 7:12
СВЕТИсаија 5:16Римјаните 7:12
ПРАВЕДЕНВторозаконие32:4Римјаните 7:12
СОВРШЕНMaтеј 5:48Псалм 19:7
ЉУБОВ1 Joваново 4:8Римјаните 13:10
ПРАВЕДЕНИзлез 9:27Псалм 19:9
ВИСТИНИТВторозаконие 32:4Псалм 119:142,151
ЧИСТ1 Joваново 3:3Псалм 19:8
ДУХОВЕНJoван 4:24Римјаните 7:14
НЕПРОМЕНЛИВMaлахија 3:6Maтеј 5:18
ВЕЧЕНБитие 21:33Псалм 111:7,8


Божјиот Закон не може да се менува, бидејќи е препис на Неговиот карактер. Славните зборови во Библијата што го опишуваат Бога исто така го опишуваат и Неговиот Закон. Божјиот Закон е Неговиот карактер - описно претставен. Ништо повеќе не е можно да се промени Божјиот Закон колку што е можно да се промени сам Господ.

2. Што е гревот според Библијата?

2. Што е гревот според Библијата?


1 Joваново 3:4. Гревот е __________________________ на Законот.

Римјаните 3:20 Преку Законот доаѓа спознавањето на гревот.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Ѓаволот го мрази Законот затоа што нè осведочува дека ни е потребен Спасител што ќе нè спаси од гревот. Во Римјаните 4:15 стои запишано: „ Каде нема Закон нема ни престапување!“ Законот никого не може да спаси, но ни го покажува Божјото совршенство наспроти нашето несовршенство.

3. На кој закон се мисли во 1 Јованово 3:4?

3. На кој закон се мисли во 1 Јованово 3:4?


Римјаните 7:7. Сепак, јас го запознав гревот само преку Законот, зашто не би ја __________ страсната желба, ако Законот не рече: „Не пожелувај!”.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Божјиот морален Закон (Десетте заповеди) е тој кој вели: „Не пожелувај!“ Значи кршењето на Божјиот морален Закон, што Господ го напиша со Својот прст (Излез 31:18; 32:16), е грев. Секој грев што ќе биде направен од било кого е осуден барем од една од Десетте заповеди. Затоа Божјиот Закон е „широк“ (Псалм 119:96) и „совршен“ (Псалм 19:7). Опфаќа бувално „сè што е за човекот“ Проповедник 12:13. Кога сме свесни за нашиот грев, тогаш бараме Спасител. Затоа ѓаволот посебно го мрази Законот, бидејќи тој не води кај Исуса Кој може да ни прости и да нè спаси.

4. Дали Исус ги држел Десетте заповеди?

4. Дали Исус ги држел Десетте заповеди?


Јован 15:10. Јас ги ________ заповедите на Мојот Татко.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Исус навистина ги држел Десетте заповеди како пример за нас (1 Петрово 2:21).

5. Колкумина погрешиле?

5. Колкумина погрешиле?


Римјаните 3:23. Зашто ______ згрешија и ја загубија Божјата слава.

Одговор:  ____________________

6. Што е казната за грев?

6. Што е казната за грев?


Римјаните 6:23. Зашто плата за гревот е _________.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Доколку Божјиот Закон би можел да се промени, тогаш не би било неопходно Исус да умре на крстот. Фактот дека Исус ја плати казната за гревот и умре е доказ дека Законот е непроменлив.

7. Некои велат дека Десетте заповеди не се обврзувачки за христијаните во Новиот завет. Што вели Исус за ова?

7. Некои велат дека Десетте заповеди не се обврзувачки за христијаните во Новиот завет. Што вели Исус за ова?


Матеј 19:17. Ако сакаш да влезеш во животот, ________ ги заповедите.

Joван 14:15 Ако Ме љубите, држете ги Моите заповеди.

Откровение 22:14 Блажени се оние, што ги исполнуваат Неговите заповеди.

Откровение 14:12 Тука е трпението на светите, кои ги пазат Божјите заповеди.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Новиот завет јасно учи дека Божјиот народ ќе ги пази Неговите заповеди. Секој од нас знае дека светот денес се наоѓа во голема неволја затоа што толку многу луѓе сметаат дека не е повеќе важно да се држи Божјиот Закон. Библијата кога зборува за нашето време вели: „О Господи, време е да дејствуваш: зашто го нарушија Твојот Закон.“ Псалм 119:126.

8. Како е можно да се држат заповедите?

8. Како е можно да се држат заповедите?


Филипјаните 4:13. Сè можам преку __________ Кој ми дава сила.

Римјаните 8:3, 4 Бог, испраќајќи Го Синот Свој ... го осуди гревот во телото, па, праведноста, што Законот ја бара, да се исполни во нас.



Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Кога личноста се раѓа наново, Исус Христос, преку Својот Свети Дух, се вселува во нејзиниот живот и на чуден начин ја оспособува да може да биде послушна.

9. Што е Стариот завет и зошто не успеал?

9. Што е Стариот завет и зошто не успеал?


Второзаконие 4:13. Ви го објави Својот завет и ви наложи да ги вршите Десетте заповеди; што ги напиша на две камени плочи.

Евреите 8:8-9 Зашто наоѓајќи мана кај _______, Тој рече, ... ќе склучам Нов Завет со Израелевиот дом и со Јудиниот дом; не онаков каков што склучив со нивните татковци, во оној ден кога ги зедов за рака, за да ги изведам од Египетската Земја, зашто тие не му останаа верни на Мојот завет, и Јас не се погрижив повеќе за нив, вели Господ.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Недостатокот на Стариот Завет бил всушност во луѓето, а не кај Бога или во Неговиот Закон.

Псалм 19:7 Господовиот Закон е совршен - ја крепи душата; Господовото сведоштво е верно - му дава мудрост на неукиот.

10. Врз кој закон е заснован Новиот завет?

10. Врз кој закон е заснован Новиот завет?


Евреите 8:10. Зашто ова е Заветот со кој ќе го заветувам Израелевиот дом ... вели Господ: ќе ги вложам Моите закони во нивниот ум, и ќе ги напишам во нивните ____________.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Двата завета биле спогодби помеѓу Бога и Неговиот народ. Стариот завет не успеал бидејќи се засновал на слабите и грешни човечки ветувања и дела.

Излез 24:7 Ќе вршиме и ќе послушаме сè што рече Господ.

Новиот завет е успешен затоа што Божјиот Закон се врежува во срцата на луѓето и се заснова на Исусовите ветувања и Неговата чудотворна сила.

Евреите 8:10 Ќе ги вложам Своите закони во нивниот ум, и ќе ги напишам во нивните срца.

Се менува целокупната природа на личноста, така што таа наоѓа задоволство во творењето на Божјата волја. Забележете дека Новиот завет се заснова на истиот закон, само што тој е запишан на друго место (во срцето) и е заснован на подобри ветувања (Божји).

11. Дали живеењето под благодатта (милоста), со вера, го прави Божјиот Закон неважен?

11. Дали живеењето под благодатта (милоста), со вера, го прави Божјиот Закон неважен?


Римјаните 6:15. Па што? Да грешиме ли (да го кршиме Законот), зашто не сме под Законот, а под благодатта? ___ _______. (одговор со два збора)

Римјаните 3:31 Според тоа, дали го укинуваме Законот преку верата? Далеку од тоа! Туку, со тоа го утврдуваме Законот.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Оние на кои Исус им простил за кршење на Неговиот Закон имаат двојно поголема одговорност да го почитуваат Законот. Откако ќе ја почувствуваат Неговата блажена прошка, имаат и уште поголема желба од другите радосно да го следат Христа.

12. Дали луѓето се спасуваат со држење на Законот?

12. Дали луѓето се спасуваат со држење на Законот?


Ефесјаните 2:8, 9. Зашто по __________ сте спасени, преку вера; и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Никој не се спасува со држење на Законот. Сите се спасуваат според чудотворната Божја благодат. Но оние кои се спасени, или обновени, со Христовата милост ќе сакаат да го почитуваат Неговиот Закон како израз на нивната љубов и благодарност кон Него.

Joван 14:15 Ако Ме љубите, држете ги Моите заповеди.

13. Што ја мотивира личноста да го држи Божјиот Закон?

13. Што ја мотивира личноста да го држи Божјиот Закон?


Римјаните 13:10. Така ________ е исполнување на Законот.

Maтеј 22:37-39 Љуби Го Господа твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа и со сета твоја мисла! Тоа е најголемата и прва заповед; а втората е како и оваа: Љуби го твојот ближен како себеси.

1 Joваново 5:3 Зашто ова е љубовта Божја, да ги исполнуваме Неговите заповеди.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Љубовта е прекрасна мотивирачка сила. Првите четири заповеди се однесуваат на мојата обврска кон Бога. Ако Го сакам Бога, држењето на тие заповеди е вистинско задоволство. Последните шест заповеди ја опфаќаат мојата обврска кон ближните. Ако вистински ги сакам луѓето, јас нема да сакам да сторам било што, што би ги повредило.

14. Можам ли да бидам вистински христијанин без држење на Неговите заповеди?

14. Можам ли да бидам вистински христијанин без држење на Неговите заповеди?


1 Joваново 2:3, 4. И по тоа знаеме дека сме Го познале, ако ги ________ Неговите заповеди. Кој вели: „Го познав”, а не ги пази Неговите заповеди, е лажец, и вистината не е во него.

Одговор:  ____________________

15. Дали некои од старозаветните закони не се повеќе обврзувачки за христијаните?

15. Дали некои од старозаветните закони не се повеќе обврзувачки за христијаните?


Ефесјаните 2:15. Го поништи ... законот на заповедите содржан во _______________.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Да, одредбите кои го регулирале свештенството и жртвениот систем биле укинати затоа што биле претслика за Исуса (Колосјаните 2:13-17). Тој ги исполнил како вистинско Јагне Божјо.

16. Кого ѓаволот посебно мрази?

16. Кого ѓаволот посебно мрази?


Откровение 12:17. И змевот (ѓаволот) се разгневи на жената (црквата) и отиде да војува против другите од нејзиното семе (верните во времето на последокот), против оние, кои ги пазат Божјите ________________ , и го имаат Исусовото сведоштво.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Сатаната ја мрази и е гневен на Божјата црква на последокот, која ги пази Божјите заповеди и ги учи луѓето дека постои божествена сила која може грешникот да го трансформира во светец.

17. Кои се некои од славните награди кои се добиваат како резултат на држење на Законот?

17. Кои се некои од славните награди кои се добиваат како резултат на држење на Законот?


Јован 15:11. Ова ви го реков за да биде Мојата радост во вас, и вашата ______ да биде полна.

Изреки 29:18 Кој го пази Законот е среќен.

Псалм 119:165 голем мир
уживаат Оние кои го љубат Твојот Закон: не се сопнуваат на ништо.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Среќа, радост, мир, и преизобилен живот добиваат оние кои го држат Божјиот Закон. Не случајно Давид вели дека Божјите заповеди се попосакувани и од златото (Псалм 19:10).

18. Дали сакаш да имаш тесна заедница со Исуса која ќе допринесе и ти да бидеш едно од Неговите радосни и послушни деца?

18. Дали сакаш да имаш тесна заедница со Исуса која ќе допринесе и ти да бидеш едно од Неговите радосни и послушни деца?




Одговор:  ____________________


Дополнителен материјал за проучување

Споредба помеѓу библиските карактери и Исус
Многу од библиските херои се типови и модели на Христа. Мојсеј, Јосиф, Давид и Соломон беа луѓе кои во одредена точка во својот живот, го наговестија Христовиот живот и служба. Сличноста помеѓу нивните искуства беа наменети да му помогнат на светот да го препознае Исуса како Божји Син.

Искуството на Даниел со законот и лавовите е еден пример на таква духовна споредба. Погледни ги следните сличности:

-Водачите на Медо-Персија сакале да го отстранат Даниел од неговата висока положба заради тоа што биле љубоморни на неговата блиска поврзаност со царот. Даниел 6:3 вели, "Царот се мислеше да го постави над целото царство." Исто така, водачите во Ерусалим сакале да се ослободат од Исуса заради тоа што биле љубоморни за Неговата блиска поврзаност со Царот на вселената (Joван 5:18-20).

-Медо-Персиските државници го следеле Даниел во обид да го фатат него како прави или кажува нешто погрешно (Даниел 6:4). Верските водачи од времето на Исус испратиле шпиони за да го фатат Него како прави или кажува нешто (Лука 20:19, 20).

-Непријателите на Даниел не можеле да му најдат мана, така да замислиле стапица за да ја постигнат својата цел (Даниел 6:5-9). Исто така, водечките свештеници и книжници направиле завера со Јуда Искариот да направат стапица за Христа (Лука 22:2-6). Како и да е, Пилат изјавил дека не наоѓа вина во Исуса (Joван 19:4).

-Откако Даниел бил фрлен во лавовската јама, бил поставен камен над влезот и истиот бил запечатен со владиниот печат (Даниел 6:16, 17). Исус бил поставен во гроб кој имал голем камен на влезот и бил запечатен во владин печат (Maтеј 27:58-60, 65, 66).

-И Даниел и Исус беа невини и излегоа живи од нивните земски затвори (Даниел 6:23 Maрко 16:5, 6).

Види дали можеш да најдеш други споредби (паралели) помеѓу животите на другите библиски карактери и животот на Исус!